Најмалку 13 загинати во сообраќајна несреќа во Мексико (ВИДЕО)

Најмалку 13 лица денеска загинаа кога автобус се преврте на автопат недалеку од Мексико Сити, соопштија властите.

Федералниот координатор за цивилна заштита Луис Фелипе Пуенте на својот профил на Твитер напиша дека 27 лица биле однесени во околните болници, пренесе Ројтерс.

Несреќата се случила на пат кон местото Толука , а автобусот превезувал патници од туристичкото место Акапулко кон главниот град Мексико Сити.

Истрагата за несреќата е во тек.

Франција и Британија бележат рекорди,се воведуваат строги мерки

Франција објави дека има околу 13.500 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, најмногу од почетокот на епидемијата во земјата, додека Велика Британија соопшти дека има најмногу случаи во текот на 24 часа од 8 мај.

Француските здравствени власти пријавија 13.498 нови случаи на ковид-19, што е нов рекорд за 24 часа откако болеста започна да се шири во земјата.

Бројот на луѓе во Франција кои починале од коронавирус се зголеми за 26 на 31.274, а кумулативниот број на случаи со коронавирус изнесува 442.194.

Во Велика Британија, во последните 24 часа се пријавени нови 4422 случаи на коронавирус, најмногу од 8 мај.

Таа земја во петокот потврди 4.322 случаи на коронавирус, што е за речиси илјада повеќе од претходниот ден.

Досега се регистрирани вкупно 390.358 инфекции со коронавирус во Велика Британија, додека починале 41.759 лица.

Најновиот пораст на бројот на новозаразени доаѓа откако британските власти денеска објавија дека дополнителни ограничувања ќе стапат на сила во вторник во централните и северните делови на Англија, со цел да се намали зголемувањето на бројот на луѓе со ковид-19.

Контактот помеѓу различни домаќинства ќе биде забранет, додека работното време на угостителските објекти што работат до доцна навечер,ќе биде ограничено.

Селена Гомез со лична порака до Марк Закерберг: Имаме сериозен проблем

Селена Гомез му испрати приватна порака на Марк Закерберг обидувајќи се да го сврти вниманието на расистичката содржина и лажните информации на Фејсбук. Пораката ја објави на својот Инстаграм во петокот вечерта.

Покрај Закерберг, таа исто така и напиша и на извршниот директор на Фејсбук Шерил Сандберг, барајќи од нив да обратат внимание на „омразата, лажните информации, расизмот и нетолеранцијата“ на нивните платформи.

"Помина веќе некое време откако седевме на иста маса. Имаме сериозен проблем. Фејсбук и Инстаграм се користат за ширење омраза, лажни информации, расизам и нетолеранција. Ве повикувам двајцата да ни помогнете да го запреме ова", напиша таа.

Таа ги повика да ги затворат групите и да ги блокираат корисниците кои шират говор на омраза и лажни информации и промовираат насилство. Таа е особено загрижена за лажните информации за изборите.

"Нашата иднина зависи од тоа, ова е изборна година. Не можеме да дозволиме лажни информации за гласањето. Мора да има проверка на фактите и одговорност. Се надевам дека ќе излезете што побрзо", додаде таа.

Таа ја сподели пораката со своите 193,000 следбеници на Инстаграм откако голем број на познати личности како Ким Кардашијан и Наоми Кембел го бојкотираа објавувањето на Инстаграм во средата.

„Неточните информации споделени на социјалните мрежи сериозно влијаат на претстојните избори и ја поткопуваат нашата демократија и имаат сериозно влијание врз општеството“, објави Ким Кардашијан, која се приклучи на движењето како дел од кампањата # СтопЗа Зборот за профит, што ја започнаа активисти за човекови права во САД.

„Не можам да стојам и да молчам додека различни платформи дозволуваат говор на омраза и дезинформации се шират на нив“, напиша sвездата на реалното шоу.

Со 188 милиони следбеници на Инстаграм, Кардашијан има еден од 10-те најследени профили во светот и одлучи да го „замрзне“ 24 часа во средата.

Заедно со неа, Леонардо ди Каприо, Саша Барон Коен, Кери Вашингтон, Џенифер Лоренс, Кети Пери и Наоми Кембел одлучија да ги бојкотираат активностите на социјалните мрежи.

Актерот Ештон Качер, кој има милиони следбеници на социјалните мрежи, се приклучи на бојкотот и рече: „Овие платформи не се создадени за ширење омраза и насилство“.

Организаторите на кампањата, започната во јуни, ги обвинуваат Фејсбук и Инстаграм дека не прават доволно за да спречат говор на омраза и да шират лажни информации. Групата е особено фокусирана на Фејсбук, кој е сопственик на Инстаграм и WhatsApp, а минатата година компанијата оствари профит од скоро 70 милијарди долари.

„Ние сме се поблизу до изборите, кои би можеле да бидат едни од најважните во американската историја“, се вели во соопштението на групата, додавајќи дека „козметичките промени што ги направи Фејсбук се опасно далеку од она што треба да се направи за да се заштити демократијата“.

Руски суперсонични бомбардери поставија светски рекорд во должина на летот(ВИДЕО)

Руските суперсонични бомбардери ТУ-160 го соборија светскиот рекорд за најдолг нон стоп лет за овој вид авиони, пренесува агенцијата ТАСС.

Пилотите на руското воено воздухопловство биле во воздух повеќе од 25 часа и поминале растојание од повеќе од 20 000 километри.

Руското Министерство за одбрана објави дека два суперсонични бомбардери ТУ-160 прелетале над неутралните води на Арктикот и Тихиот океан, како и на морињата Кара, Лаптев, Источносибирско, Чукотка и Баренцово.

Гориво се ставало во бомбардерите во воздух, во три наврати, од шест танкери ИЛ-78.

Претходниот рекорд е поставен во 2010 година, кога суперсоничните бомбардери ТУ-160 летале без престан 24 часа и 24 минути.

притисни ентер