Најдено е телото на американски планинар во близина на вториот највисок врв на светот

Американски планинар кој исчезна во близина на К2, втората највисока планина во светот, е пронајден во планинскиот венец Каракорум во северен Пакистан од екипаж на воен хеликоптер, пренесуваат агенциите.

Пакистански воен тим го забележал телото на Алекс Голдфарб Румјанцев од хеликоптер, откако започнала интензивна операција за пребарување и спасување ден претходно, соопшти Пакистанското планинарско друштво (АЦП).

Тоа е втора смрт на странски алпинист на таа планина за помалку од една недела.

„Телото на руско-американскиот алпинист Алекс Голдфарб беше пронајдено од пакистански воен тим на планината Пасторе Пик висока 6209 метри“, рече Карар Хаидри, портпарол на АЦП.

Се претпоставува дека алпинистот паднал, додава Хаидри.

Голдфарб и унгарскиот планинар Золтан Сланко планирале да се аклиматизираат на врвот Пасторе, лесен врв за пешачење лоциран помеѓу базните логори за К2 (8611 м) и Брод Пик висок 8047 м.

Тие биле дел од унгарскиот тим на Magyar Expedicios чија цел била да го освојат Брод Пик во зима и без помош на боци и носачи на кислород.

На Брод Пик сè уште не е забележано зимско искачување.

Планинарското дуо се соочило со екстремни временски услови при искачувањето до Пасторе Пик и Сланко решил да се врати, додека Голдфарб самостојно го продолжил искачувањето.

Откако не се вратил до неделата, Сланко ја предупредил АЦП и се вклучил во потрагата.

Голдфарб е лекар и предавач на Харвард, Бостон и е доброволец во лекување на пациенти со ковид-19 од почетокот на пандемијата, изјавил неговиот син Леви Голдфарб.

„Тој го имаше прекрасното искачување. За него, тоа беше ослободувачко искуство, бидејќи на висорамнините не е важно дали сте лекар, адвокат, па дури и крадец. Сите тие етикети веќе не се важни и вие сте целосно голи затоа што тогаш играте според сосема нови правила. Тој оствари прекрасни пријателства во планините, спаси животи и себе си и го стори тоа патувајќи по светот“, го опиша Леви својот татко.

Неколку дена претходно, светски познатиот шпански алпинист Серхио Монготе загина на Каракорум откако паднал во леден процеп кога се спуштал кон базниот логор на К2.

Умрел истиот ден кога непалски тим алпинисти напишаа нова страница на планинарењето со прво зимско искачување на оваа крајно тешка планина. Стотици врвни алпинисти од Европа и САД се обиделе да го сторат тоа, но К2 се покажал немилосрден.

Или како што рече американскиот планинар Џорџ Бел: „Тоа е дива планина која се обидува да те убие“.

Во 2008 година, 11 алпинисти загинале на К2.

Непалскиот тим од 10 алпинисти го предводел Нимсдаи Пурја и сите заедно се искачиле на врвот во исто време. Непалските водичи, најчесто од народот Шерпа, се неопходни и незаменливи членови на странските експедиции.

„Со децении, Непалците им помагаат на странските алпинисти да се искачат на врвовите на Хималаите, но никогаш не сме го добиле признанието што го заслужуваме“, рече Ками Рита, кој се искачил на Монт Еверест дури 24 пати.

Поради технички проблем граѓаните плаќаат по неколку пати за едно возење со ЈСП

За едно возење со автобус, преку мобилен телефон им било наплатено повеќе од 100 денари. Проблемот со валидаторите за наплата во автобусите на ЈСП, ги збуни граѓаните во Скопје.

-Дел од граѓаните се жалат дека не можат да платат карта во автобус со мобилен телефон. На некои од нив, ни по еден ден не им стигнала смс-пораката

До редакцијата на Канал 5 пристигнаа фотографии на граѓани, кои покажуваат како им стигнале неколку пораки за платен билет, едноподруго, иако одамна ги искористиле услугите на јавниот превоз.

Некои од луѓето кои ги анкетиравме велат дека немале никаков проблем при наплата на билет, додека пак останатите со соочиле со ваква ситуација. Од страв да не бидат фатени од контрола на ЈСП, морале да слезат неколку постојки порано.

Од ЈСП во текот на вчерашниот ден најавија дека можни се технички проблеми поради надградба на системот. Апелираа до корисниците на јавниот превоз – да го пријават случајот на мејлот аскопска@јсп.ком.мк. Ги запрашавме: колку лица досега пријавиле дека имале проблем со плаќањето.

Од Јавното сообраќајно претпријатие уверуваат дека во иднина нема да има никакво проблеми со валидаторите, и граѓаните без проблем ќе можат да ги користат.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

притисни ентер