Најавено продолжение на три собраниски седници

Во Собранието на Република Македонија денеска треба да се одржат продолженија на три собраниски седници – 30-та, 34-та и 39-та. 

За дел од точките на дневниот ред на седниците е завршена расправата така што се очекува денеска пратениците да гласаат за околу четириресетина закони.

На дневен ред на 30-та седница се предлог на закон за изменување на Законот за употреба на знаковниот јазик, измените и дополнувањат на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување,на Законот за заштита од вознемирување на работно место, измени на Законот за практиканство, измени и дополнувања на Законот за волонтерството, на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, измени на Законот за вработување на инвалидни лица, измени и дополнувања на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, сите по скратена постапка, како и Предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија и Предлог на закон за дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка. Исто така на оваа седница се и измени и дополнувања на Законот за аудиовизуелните добра, на Законот за музеите, на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата и на Законот за издавачката дејност, сите по скратена постапка.

На дневен ред на 34. седница се измените и дополнувањата на Законот за прекршоците, на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, сите во прво читање, финансиските планови на МРТ, автентични толкувања и други.

Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу страните на Северноатлантскиот Договор за безбедност на информации, како и повеќе други точки се на дневен ред на 39. седница.

На оваа седница на дневен ред се и одлуки за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, за распишување јавен оглас за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството, за објавување јавен конкурс за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, за јавен оглас за именување на член на Државната комисија за жалби по јавни набавки, јавен оглас за именување член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, јавен оглас за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и за објавување јавен оглас за назначување на претседател и членови на Советот за граѓански надзор.

Пратениците на оваа седница треба да се изјаснат и за Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, по скратена постапка, како и за Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Финансискиот договор КОВИД-19 одговор на Македонија – Развојната банка на Македонија АД Скопје, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Македонија АД Скопје и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID -19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија, двата по скратена постапка. На дневен ред се и други закони.

Де Соуза: Португалија одговорна за злосторствата за време на трансатлантското ропство

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза рече дека Португалија е одговорна за злосторствата извршени за време на трансатлантското ропство и колонијалната ера и посочи дека има потреба од репарации.

Говорејќи на настанот на кој доцна синоќа беа поканети странски дописници, Ребело де Соуза рече дека Португалија „ја презема целосната одговорност“ за неправдите од минатото и дека тие злосторства, вклучително и колонијалните масакри, имаат „цена“.

Тој посочи дека Португалија мора да ја плати цената.

„Дали има злосторства што не се казнети, а одговорните не се уапсени? Дали има стока што е ограбена и не е вратена? Да видиме како можеме да го поправиме тоа“, рече Ребело де Соза.

Во текот на повеќе од четири века, најмалку 12,5 милиони Африканци беа киднапирани, насилно транспортирани на долги растојанија главно со европски бродови и продадени во ропство.

Оние кои го преживеале патувањето завршиле со работа на плантажи претежно во Бразил и Карибите, додека други профитирале од нивниот труд.

Португалија продаде речиси шест милиони Африканци, повеќе од која било друга европска нација, но досега не успеа да се соочи со своето минато, а во училиштата малку се учи за нејзината улога во трансатлантското ропство. /МИА

Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај

Подводниот визуелен спектакл „Мермејд опен“ (Mermaid Open), познат и како Меѓународен натпревар за сирени во Шангај, Кина се одржа минатиот викенд. На него учествуваа стотина спортисти од Кина, Јужна Кореја и Казахстан.

Беа прикажани уметнички нуркачки вештини во неколку дисциплини, а натпреварувачките и натпреварувачите се оценувани во неколку категории.

Натпреварот се одржа во базен со 7.500 кубни метри вода и околу 50.000 риби во него, a двајца од јужна Кина се прогласени за шампиони - во женска и машка конкуренција, пишува „Шангај дејли“. Натпреварите со сирени станаа многу популарни во Кина последниве години, а за да го поттикне овој спорт, Океанскиот парк „Хајчанг“ во Шангај планира да организира серија настани и за претстојните празници во мај.

Видео: Атина „проголтана“ од сахарска прашина, градот обоен во портокалово

Атина и јужните делови на земјата вчера беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.

Облаците од прашина, пренесени преку Средоземното море од северна Африка, го обвија акропол и другите знаменитости на Атина.. Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews. Метеоролозите најавуваа дека небото ќе се расчисти денеска поради промената на правецот на ветерот, поради што ќе паднат и температурите.

притисни ентер