Најавата за менување на учебниците триумфално пречекана во бугарските медиуми

Историските прашања и дилемите требаше да ги расчисти мешовитата македонско-бугарска комисија, но таа по неколку неуспешни обиди да го мрдне процесот од мртва точка, во мај соопшти дека нивната рабоата е во ќорсокак.

„Победа! За Македонија веќе не сме „окупатори“. Ова се само дел од насловите во бугарските медиуми кои молскавично ја пренесоа вчерашната изјава на премиерот Заев дека ќе се менуваат учебниците кои ги содржат термините „бугарски фашистички окупатор“, во знак на пријателскиот дух со Бугарија. Дел од бугарските медиуми со триумфалистички оценки пренесоа дека пораката се совпаднала со Денот на независноста кој вчера го одбележаа.

Поранешниот македонски амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев, сепак предупредува дека треба процесот да се води многу внимателно, за да не се ризкува да се сокријат историските факти.

-Да се менуваат историски факти, особено што се многу битни за време на Втората светска војна, оти тогаш е настаната македонската држава, тоа претставува бегање или затскривање од историската вистина што ќе создаде проблеми во колективната меморија на македонскиот народ воопшто и особено на младите поколенија. Како тогаш со новиот „вординг“ ќе биде подготвувана новата формулација за присуството на тогашната царска Бугарија сојузници на Третиот Рајх на територијата на Македонија, вели Ѓорчев.

Ѓорчев прашува дали по принципот на реципроцитет и Бугарите ќе ги сменат содржините во учебниците каде се вели дека Македонците се со бугарски корени, а територијата на Македонија е дел од царска Бугарија.

-Тие се држат на тие историски клишеа и тие се вметнати во нивните образовни програми. И тука е проблемот во нашите меѓусебни односи. Доколку тие и натаму сметаат дека не треба ништо да менуваат во нивната историја, и само Македонија којашто е повикана, заради нашите обиди да отпочнеме преговори со ЕУ да правиме компромиси.. Треба да кажеме и пред европските челници дека тоа е неприфатливо и не може само една страна да прави компромиси, а другата да си остане на својот тврд став дека историската вистина е на нивна страна, смета Ѓорчев.

Историските прашања и дилемите требаше да ги расчисти мешовитата македонско-бугарска комисија, но таа по неколку неуспешни обиди да го мрдне процесот од мртва точка, во мај соопшти дека нивната рабоата е во ќорсокак.Следната средба е најавна за средината на октомври, а дотогаш треба да се најде и решение за истечените договори на членовите на комисијата од македонска страна со МНР.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Ванковска за посетата на Левица на гробот на Енвер Хоџа

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 на прашањето за посетата на раководството на Левица на гробот на Енвер Хоџа, рече дека го очекувала ова прашање.

Ванковска децидно рече дека не е е член на Левица, а повика и зошто лидерот на Левица, Апасиев да не го каже тоа лично во емисија.

Водителот и главен уредник на Канал 5, Гоце Михајловски ѝ одговори дека Апасиев 11 пати бил гостин во Само интервју и Само Вистина, се додека не напиша најлоши зборови за Канал 5, што не доликуваат на професор. Додаде и дека од Хоџа не се гордеат ниту Албанците по извршените илјадници егзекуции на свои граѓани , но и на Македонци.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

притисни ентер