Наезда од гасеници во градски парк Кавадарци, комуналци работат на проблемот

Наезда од гасеници има во градски парк Кавадарци, велат  кавадарчани, кои во време на пандемија од коронавирус, индивидуално го посетиле, како што велат, еден од најубавите паркови во државата.

Од Јавното претпријатие „Комуналец" од Кавадарци потврдија за МИА дека знаат за проблемот и дека работат на негово надминување.

– Период е кога има зголемено присуство на гасеници. Немањето јака зима, исто така си го направи своето, точно е дека ги има како цела војска. Одат по борјата од паркот. Засега механички ги отстрануваме, чистиме, во план ни е и евентуално третирање со инсектицид, за да го намалиме нивниот број и да се справиме со проблемот, ни рече Ратка Мукаетова, раководител на работната единица за паркови и зеленило при комуналното претпријатие. /МИА

притисни ентер