Повеќе од 30 верници вчера стоеле на карпите во реката кога почнал поројот, изјавил очевидец, пренесе Би-би-си.
Свештеникот бил спасен откако се закачил за гранка, додаде тој.
Спасувачките екипи денеска ја продолжија потрагата по исчезнатите.
Полицијата и противпожарните служби, како и специјализираните тимови за спасување на вода се вклучени во потрагата, изјави портпаролот на службата за итни случаи на Јоханесбург, Роберт Мулауџи.
Виктор Нкубе, кој учествувал во црковната служба, изјавил за локалната станица eNCA дека успеал да извлече пет лица од реката, која ги однела 100 метри низводно.
Од 33 лица кои учествувале на црковната церемонија, 15 се уште се водат како исчезнати, соопштија официјални лица.