Надеж од Јужна Кореја: Оздравеле двајцата заразени по третманот со плазма

Двајца Јужнокорејци на постара возраст,болни од  коронавирус се опоравиле од тешката пневмонија откако биле третирани со плазма од пациенти кои оздравеле од вирусот, велат научниците.

Научниците откриле дека пациентите со Ковид-19 можат да се лекуваат со плазма од пациенти кои ја совладале болеста, која содржи потенцијално корисни антитела.

Плазма-терапијата може да биде „алтернативен третман за критично болните пациенти кои не реагираат добро на антивирусни лекови“, рече Чои Јун-Јонг, доктор во болницата Северанс во Сеул, каде се лекувале двајцата пациенти.

Но, потребно е посеопфатно клиничко тестирање за да се докаже нејзината ефикасност, додаде тој.

Едниот пациент е 71-годишен маж, чија состојба се подобрила по приемот на антитела од излечен пациент на возраст од дваесет години.

Здравствениот статус на другиот пациент, 67-годишна жена, првично не се подобрувала со употреба на лекови, поточно лекови за маларија и терапија со кислород.

Квон Јун-Вок, од Центарот за контрола на болести во Сеул, рече дека плазматскиот третман е „важен“, со оглед дека засега нема лекови или вакцини за „Ковид-19“.

Плазма-терапијата веќе ја покажа својата ефикасност, за време на испитувањето на мал третман на други заразни болести како што се ебола и САРС.

Во болниците во Париз, во моментов се спроведуваат истражувања на 60 пациенти. Експерименти се спроведуваат и во САД и Кина.

притисни ентер