Над три милијарди луѓе во светот се во принудна изолација

Властите ширум светот повикаа повеќе од три милијарди луѓе да не ги напуштат своите домови за да се борат против ширењето на „Ковид-19“, од што починаа повеќе од 20 000 луѓе ширум светот.

Повеќе од 20.000 луѓе ширум светот загинаа во пандемијата на коронавирус, пренесува АФП.

Пријавени се вкупно 20.334 смртни случаи, повеќето од нив во Европа (13.581). Со вкупно 7503 смртни случаи, Италија е најтешко погодена пред Шпанија (3434) и Кина (3281), почетниот извор на пандемијата.

Веќе во вторник, повеќе од една третина од светското население, проценето од ООН со 7,8 милијарди во 2020 година, беше повикано да остане дома.

Повеќето од овие земји и територии, околу 40 од нив со население од најмалку 2,3 милијарди, воведоа задолжителна забрана за движење.

Се издвојува Индија, земја со 1,3 милијарди луѓе, како и неколку земји, меѓу кои и Калифорнија, Колумбија, Аргентина, Непал, Ирак, Мадагаскар и многу европски земји (Велика Британија, Франција, Италија, Шпанија и др.).

Панама последна им се придружи заедно со Јужна Африка.

Во повеќето од овие земји и територии постои можност за одење на работа, купување на неопходна храна и лекови и лекување.

Најмалку седум други земји и територии (со вкупно население од над 416 милиони), вклучувајќи ги Иран, Германија и Канада, ги повикаа своите жители да останат дома, но не презедоа присилни мерки. Русија е последната земја што денеска ги објави мерките.

Најмалку 18 земји и територии (со повеќе од 300 милиони луѓе) воведоа полициски час и забранија движења ноќе до наутро, како што се Египет, Брегот на Слоновата Коска, Чиле и Филипините.

Најстрогата полициска акција е во Еквадор, каде што е дозволено движење само помеѓу 5 и 14 часот.

притисни ентер