Над 9 илјади новозаразени во Русија,тренираат кучиња за откривање на корона(ВИДЕО)

Руската вицепремиерка за здравство Татјана Голикова призна „сериозно зголемување“ на случаите на коронавирус во Русија, но гарантира дека нејзината земја е подготвена да се соочи со тоа.

"Следевме зголемување на бројот на нови случаи со коронавирус во последните две недели. Ова е сериозно зголемување", изјави Голикова на прес-конференцијата, објави државната телевизија Русија 24.

Денеска во Русија официјално се регистрирани 9.412 нови случаи на коронавирус и 186 смртни случаи за 24 часа, најмногу од 23 мај.

Голикова рече дека зголемувањето е поврзано со враќање на работа на голем број вработени, како и раната есен, традиционална сезона на заразни болести.

"Но, ситуацијата е сосема поинаква од онаа на почетокот на пандемијата во март и април. Лекарите се подготвени, болничките кревети се подготвени, имаме доволно заштитна опрема и лекови", рече Голикова, повикувајќи ги Русите да го почитуваат растојанието и да носат заштитни маски.

"Немаме избор. Или ќе ги следиме безбедносните мерки пропишани од лекарите или ќе воведеме мерки за ограничување на движењето, што не сакаме и немаме намера да го преземеме", нагласи таа.

Денеска Голикова присуствуваше на презентацијата на проектот на државната авиокомпанија Аерофлот, која започна обука за кучиња што можат да детектираат коронавирус.

Петнаесет кучиња шалајка (хибрид од чакали и лајки, раса на ловџиски кучиња од Сибир, создадена пред две години) кои имаат особено развиено чувство за мирис се обучени од јуни за откривање лица заразени со коронавирус.

„Овие примероци содржат мал број ДНК на ковид-19 што има специфичен мирис“, објасни извршниот директор на Аерофлот, Виталиј Савељев.

Кучињата ќе можат да ги детектираат заразените од ковид-19 со душкање на заштитната маска на патникот или примерокот од нивната плунка. Тој прецизира дека првите резултати од проектот ќе бидат познати во декември.

Во Русија, во август починале 157.181 лице, што е за 9,6 проценти повеќе или за 13.787 повеќе од претходната година, објави денеска рускиот државен завод за статистика.

Од нив, 7.463 смртни случаи биле поврзани со ковид-19, а вирусот е најголема причина за смртта во 3.863 случаи, соопшти Росстат.

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА и постави нов рекорд. 

Играчот на Денвер стана првиот играч во историјата на најсилната лига на светот кој постигнал повеќе од 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции во период од пет години во ова натпреварување.

Јокиќ рано утрово постигна 22 поени, десет асистенции и девет скока во поразот на неговиот тим од Феникс со резултат 104:97.

Денвер е бранител на шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Со биланс од 51 победа и 22 порази е лидер на табелата во Западната конференција.

Уште два смртни случаи во Јапонија по земање додатоци во исхраната

Уште два смртни случаи, а повеќе од 100 хоспитализирани во Јапонија по земање додатоци во исхраната.

Уште два смртни случаи се поврзани со конзумирање на додатоци во исхраната направени од црвен квасец, соопшти денеска компанијата „Кобајаши“.

Јапонското Министерство за здравство вчера соопшти дека смртта на две лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија се поврзани со конзумирање на диететски додатоци во исхраната од црвен квасен ориз од фармацевтската компанија „Кобајаши“, пренесува Кјодо.

Производител на лекови од Осака вчера соопшти дека едно лице починало од бубрежна болест откако очигледно земало додатоци „бени-коџи“ околу три години.

Вториот смртен случај е пријавен во Министерството за здравство, труд и социјала по отворена истрага во компанијата.

Министерството се сомнева дека производите содржат токсична супстанција, но компанијата засега не може да ја утврди конкретната причина.

„Кобајаши“ минатиот петок рече дека добил извештаи за болести поврзани со неговите производи и дека повлекол од пазарот пет од нив, вклучително и околу 300.000 пакувања од неговите додатоци „бени-коџи“.

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ „Македонија, достоинствено исправена пред светот“

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје синоќа организираше отворена трибина за учеството на Македонија во меѓународните односи, враќањето на дигнитетот на дипломатијата и заштита на македонските национални интереси .

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје синоќа организираше отворена трибина за учеството на Македонија во меѓународните односи, враќањето на дигнитетот на дипломатијата и заштита на македонските национални интереси на меѓународната политичка арена, под наслов „МАКЕДОНИЈА, ДОСТОИНСТВЕНО ИСПРАВЕНА ПРЕД СВЕТОТ“.

Професор д-р Гордана Силјановска Давкова ја критикуваше нефункционалноста на постоечката дипломатија поради дискомуникација меѓу претседателот, министерот за надворешни работи и Собранието. Таа укажа дека мора да се врати фокусот на мултилатералната дипломатија и борбата за национални интереси преку меѓународните организации и институции со почитување на европското право и сите релевантни документи во врска со малцински и човекови права. Исто така, таа навести користење на институтот реципроцитет во иднина, како базичен национален приоритет во односите со други држави.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска Давкова како нужно укажа на неопходноста на враќање на функционалноста на македонската дипломатија, пред се преку зацврстување на системот за вреднување на работата на дипломатите, нивното кариерно унапредување и упатување на служба во странство според заслуги и искажани способности и дипломатски вештини

Поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов врз основа на своето искуство ја потенцираше важноста од повторно воспоставување на нарушениот баланс помеѓу законодавната, извршната и судската власт. Извршната власт ги има киднапирано ингеренциите на Собранието, претседателот и правосудството сведувајќи ги на улога на своевиден сервис на Владата. Тоа резултира со редица нестручни, погрешни и неквалитетни одлуки, кои многу ја чинат државата. Враќањето на балансот на ингеренциите помеѓу нив ќе биде клучен елемент за координирано настапување на државните чинители и успех на домашен и на надворешен план.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски се осврна на актуелните слабости во Министерството за надворешни работи кои со геометриска прогресија се зголемуваат последните седум години. Покрај бројните прекршувања на законот од страна на министерот Османи, тој ги потенцираше прекршувањата на процедурите за упатување на амбасадори во странство, масовното партиско впумпување кадри и отстранувањето на најспособните дипломатски кадри од тековните процеси, нарекувајќи го Кабинетот на Османи „чајна кујна“ со само неколку луѓе, каде што одлуките се носат независно од структурата на МНР. Тој најави ревизија, односно враќање на незаконски испратените амбасадори од странство.

Трибината предизвика интерес во стручната јавност и присуство на голем број сегашни и поранешни дипломати и пратеници.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер