Над 8.800 граѓани гласаат денеска

Топлиот јулски ден освен за секојдневни активности поинаков од другите зошто оние кои живеат зад решетки со можност да го искористат гласачкото право.

Во најголемиот затвор во земјава Идризово затворениците во редица чекаа за да гласаат. Таму право на глас имаат 854 лица. Повеќето од нив со маски на лицата чекаат да влезат во големата затворска сала каде ги чекаше избирачкиот одбор. Првин им се мери температура по што застануваа на соодветно растојание. за идентификација ги користат своите домски карти по што го добиваа гласачкото ливче.

Но не сите затвореници кои сакаа да гласаат можеа да го створат тоа.

Од избирачкиот одбор велат дека најголем дел од нив биле со истечени лични карти па не биле во Избирачкиот список.

Денеска се гласа во 13 казнено-поправни установи а право на глас имаат вкупно 1.657 гласачи, како и пријавени лица во домашен притвор. Меѓу нив се и притворениците во затворот во Шутка. Оттаму велат дека гласањето се одвива без проблеми.

Гласаат и 357 лица во 17 старски домови но и речиси 9 илјади болни и немоќни. Според првиот човек на ДИК гласањето се спроведува без проблеми.

Најмногу болни и немоќни за гласање се пријавени во Прилеп и во Кичево, потоа во Струмица –Ново Село, Крива Паланка.

Фото: Холивудски ѕвезди фатени на дело!

 Холивудските ѕвезди актерките Џенифер Анистон (55) и Сандра Булок (59) продолжуваат да ја освојуваат публиката со својот физички изглед, а долго време се шпекулира дали направиле пластична операција

Јавноста се уште се прашува дали овие убавици и во шестата деценија се навистина природни и едноставно прекрасно стареат.

Двете холивудски убавици пред два дена се забележани како ја напуштаат познатата клиника за пластична хирургија во Гринич, а друштво им правеше Аманда Анка.

Инаку оваа ординација е специјализирана за кревање на горниот и долниот дел на лицето, а цените за таков зафат во зависност од третманот се движат од 50.000 до 100.000 долари по третман.

Подигнувањето на веѓите и очните капаци е нешто поевтино, а цената на овој третман е околу 30.000 долари.

Познатите дами посетија ординација на познат хирург чија специјалност е „подмладување на лице и ринопластика“, како што е наведено на веб-страницата на клиниката.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

притисни ентер