Над 5 милиони заразени во Индија, во болниците недостига кислород

Бројот на лица заразени со коронавирус во Индија денеска надмина пет милиони, што претставува зголемен притисок врз здравствениот систем ,а некои болници се борат со недостаток на кислород.

Во најголемите држави Махараштра, Гуџарат и Утар Прадеш, кои се меѓу најтешко погодените од коронавирусот, потребата за кислород е зголемена повеќе од трипати, велат лекарите и владините претставници.

„Очајни пациенти ми се јавуваа цела ноќ, но не знам кога ќе добијам залихи“, изјави за Ројтерс Ришихеш Патил, снабдувач со кислород во западниот град Нашику.

Министерството за здравство објави дека денеска коронавирусот е потврден кај 90.123 лица, а досега се заразени вкупно 5,02 милиони луѓе во Индија.

Од почетокот на пандемијата на коронавирус, во Индија починале 82.066 лица, соопшти Министерството, додека потврдено е дека во последните 24 часа починале 1.290 лица.

Во Индија, бројот на заразени расте најбрзо во светот, така што во последните 12 дена се регистрирани еден милион нови случаи на инфекција.

Индија, заедно со Соединетите држави, е единствената земја во светот со повеќе од пет милиони заразени.

Најмалку шест проценти од вкупно скоро милион активни случаи имаат потреба од кислород за пациентите, изјави пред новинарите официјален претставник на Министерството за здравство Рајеш Бушан.

Засега, набавките се соодветни, но федералните влади треба да ги следат недостатоците, рече тој.

"Проблемот се случува на институционално ниво ако нема управување со залихите. Секоја држава треба да го осигури тоа", рече Бушан.

Главниот град на најнаселената држава Утар Прадеш има петкратно зголемување на побарувачката на кислород отколку во нормално време, изјави владин претставник.

Најтешко погодената држава Махараштра одлучи да ги намали пратките во соседните држави за да ги задоволи нивните растечки потреби.

Вежбај на отворено: Карпош дел од националниот фитнес ден

Општина Карпош, се приклучува на иницијативата за одбележување на Националниот фитнес ден – 24.09.2020 година. 

Во соработка со граѓанското здружението „ТАКТ“ во изминатиот период организираа серија активности за промоција на спортот и физичкото здравје на локално ниво.

Националниот фитнес ден има цел да ја подигне јавната свест кај младите, повозрасните, и воопшто кај сите граѓани за зголемена и континуирана физичка активност.

Денеска се потсетуваме и на потребата од квалитетна и сеопфатна инфраструктура за вежбање и спортски активности. Во период на светска пандемија од Ковид – 19, кога затворените спортски сали и објекти се користат под ригидни протоколи, потребно е да излеземе надвор!

Во оваа насока, Општина Карпош минатата недела го отвори и Спортско – рекреативниот центар во Карпош 3, во рамки на училишниот двор на „Лазо Трповски“.

На овој јавен простор беше организиран и фитнес час, од страна на фитнес инструкторот на „ТАКТ“, Надица Јовановиќ и извршната директорка на оваа организација, Магдалена Спасовска.

Локалната самоуправа, изминатиот период работеше на креирање на повеќе вакви зони. Достапна за сите граѓани е фитнес зоната во Карпош 4, која се направи во соработка со Агенцијата за млади и спорт. Една од попосетените зони е и Баланс + фитнес зоната долж Кејот на Вардар. Веќе повеќе години, граѓаните се рекреираат и во фитнес делот во Козле (долж булеварот „М.Т.Гологанов“).

Независно од ковид кризата, фитнесот, вежбањето е добро за нашето здравје, психичка подготвеност и полесно совладување на различните животни предизвици.

Каракачанов: Бугарија не е против, но смета дека не е време за меѓувладина конференција

Бугарија нема што да менува во својата политика. 

Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Тој за за бугарската ТВ Европа истакнува дека никој не сака да се воведат нови критериуми за Македонија, но оти постои многу јасен услов на ЕУ: секоја земја кандидат за членство мора да ги расчисти проблемите со соседите пред да започне преговори, пренесува БГНЕС.

– Бугарија нема што да менува во својата политика. Во октомври минатата година многу јасно кажавме дека ако не се почитува Договорот за пријателство меѓу Република Бугарија и Република Македонија од 2 август 2017 година, ќе се спротивставиме на закажувањето на првата меѓувладина конференција, вели Каракачанов.

Тој упатува и критики кон поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, дека три години не е направено ништо за подобрување на билатералните односи, како и кон Драги Ѓоргиев, копретседавач на заедничката Комисија за историски и образовни прашања.

– Тие мислат дека можат да ги прикријат работите. Тие замислуваат дека некој во Брисел или низ целиот свет ќе ја притисне Бугарија и ние ќе клекнеме. Очигледно, не разбраа што е ЕУ и како работи. Имаа три години да се превоспитаат. Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција. Кога некој не е подготвен да се појави во прво одделение, има предучилишна подготовка. Во моментов зборувам во име на владата, изјави Каракачанов. /МИА.

Фото: Џенифер Лопез како вистинска тинејџерка

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез се откажува од гламурот, во секоја прилика се појавува во тренерки?!

Мегапопуларната пејачка и актерка во последно време во последно време најчесто може да се види во издание на тинејџерка.

51 годишната Џенифер според дел од медиумите се почесто во последно време греши со изборот на модните комбинации, што секако е нешто невообичаено за неа. Имено, Џеј Ло која беше позната по својата елеганција и гламур сега ,поже да се види во изданија во кои многу повеќе наликува на тинејџерка отколку на дама.

Но, Џенифер сепак останува доследна на скапите парчиња, мегапопуларната пејачка носи скапи дизајнерски парчиња на тренерки маички...

притисни ентер