Во 17 часот биле измерени 26 степени на Попова Шапка, 29 Лазарополе, 31 Маврово, 32 Крушево, 34 Охрид, 36 Претор, Берово, Кр.Паланка, 38 Прилеп, 39 Битола, Тетово, Виница, Струмица, 40 Скопје - Петровец, 41 Скопје – Зајчев Рид, Штип, 42 Д.Капија, Гевгелија.
Времето денес
Сончево и особен топло со слаб до умерен ветер претпладне претежно од променлив правец, а попладнево ветерот во западните делови е од западен правец. Попладнево има и појава на мала локална облачност.
Времето до крајот на денот
Сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Во текот на ноќта ведро и претежно тивко.
Времето утре
Сончево и особено топло. Од пладне ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната од 36 до 43 степени. УВ=9.
Во Скопје, сончево и многу топло со умерен до засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на стабилно и особено топло време. Максималните температури особено во појужните делови од Повардарието ќе бидат за 2 до 3 степени повисоки од 40 степени. Насекаде ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Од средината на следната недела за некој степен температурите ќе бидат пониски.