Над 40 милиони Американци останале без работа

Минатата недела повеќе од два милиони американски граѓани поднесоа барање за бенефиции за невработеност, објави денеска американската влада.

Минатата недела биле поднесени 2.123 милиони апликации, според сезонски прилагодените податоци од Министерството за труд.

Континуираниот прилив на нови барања е резултат на отпуштања на вработените во државната, регионалната и локалната самоуправа, чии буџети се уништени од расходите поврзани со ублажување на ефектите од пандемијата на коронавирус, а забележан е и нов бран отпуштања во приватниот сектор.

Податоците се во согласност со очекувањата на економистите, пренесува Ројтерс.

Иако се намалува од недела во недела, бројот сеуште надминува два милиони, веќе 10-та недела по ред. Една недела порано биле предадени 2,466 милиони, според ревидираната бројка на министерството.

Досега најголем број на барања се забележани во последната недела од март, дури 6,86 милиони, потсетува Ројтерс. Вкупниот број на побарувања деновиве надмина 40 милиони.

Посебно министерството за трговија во својата најнова проценка соопшти дека економијата паднала за пет проценти во првиот квартал, што е за 0,2 процентни поени повисоко од претходната проценка.

Ова е најсилниот пад на најголемата светска економија од светската криза од 2007 до 2009 година, потсетува Ројтерс.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер