Над 300 млади од Струмичко не се во образовниот процес

Над 300 млади од струмичкиот микро регион не се во образовниот процес, а најголем процент од нив се од Струмица, потоа Босилово, Василево и Ново Село.

Ова го објави Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ од Струмица во рамки на проектот „Иницијатива за социо-економско зајакнување на младите од Струмичкиот регион“.

Според нив, податоците за најголем број необразовани во Струмица се такви заради тоа што во Струмица на возраст од 18 до 30 години според пописот има најголем број на млади-7.356, додека пак во Ново Село има најмал број на млади-785.

Додаваат дека спровеле мапиирање на „НЕЕТ“ категории (млади кои не се вработени, не се во образование ниту во обука, млади луѓе кои не се во работен однос, невработени млади луѓе и млади кои се економски неактивни, односно млади луѓе кои не работат и не се во можност да работат или не бараат работа и не се во образование или не посетуваат некакви обуки), а истото се базира на податоците од спроведениот попис минатата година, податоци кои се јавно достапни и ги има обработено Државниот завод за статистика.

-Според истражувањето и податоците од последниот попис и јавно достапните информации од Државниот завод за статистика, од вкупно 11.446 млади во овој регион во образовниот процес се 97,25 отсто, додека 2,75 отсто не се. Иако процентот за млади кои не се во образовен процес е мал, како причина за ваквата состојба е што во овој микро регион има три средни училишта, кои се лоцирани во Струмица. Според фокус групи и директни одговори на млади од НЕЕТ категорија спроведени во минатото, како една од главните причини кои претставуваат потешкотија за млади со помалку можности да го продолжат своето образование е потешкотиите кои им се јавуваат во однос со можности за транспорт од руралните средини, велат од „НОВУС“.

Според истражувањето, во струмичкиот микро регион балансот помеѓу население кое живее во рурални и урбани средини е речиси 50/50 отсто и затоа се јавува потребата да се утврди колку од младата популацијата во овој регион се млади со помалку можности и млади од „НЕЕТ“ категории.

Покрај испитувањето на причините кои доведуваат до тоа младите да не се во образовниот процес, од „НОВУС“ најавуваат дека во истражувањето ќе бидат опфатени и други категории млади, како и причините кои доведуваат тие да бидат надвор од процесот на пазарот на трудот

Стапката на младите „НЕЕТ“ лица во Македонија изнесувала 31,2 отсто во 2016 година, во споредба со просечната стапка од 13,9 проценти во земјите на ОЕСD1 . Од нив, околу 83.000 биле невработени и 53.000 биле неактивни.

Долгорочно невработените лица имаат најголем удел во „НЕЕТ“ (43,4 проценти), следени од 26,2 отсто млади лица со семејни обврски или обврски за грижа. Тие се пред сè млади жени на возраст од 25-29 години што завршиле само основно образование и живеат во руралните подрачја.

„НЕЕТ“ се позастапени во старосната категорија од 25-29 години меѓу жените и лицата со завршено средно образование. Обесхрабрените и долгорочните „НЕЕТ“ се претежно мажи, додека, пак, семејните обврски речиси исклучиво се поднесуваат од младите жени.Невработените и обесхрабрените „НЕЕТ“ со помала веројатност припаѓаат на сиромашни домаќинства.

Стапката на младите „НЕЕТ“ е највисока во североисточниот регион (40,7 отсто), следен од полошкиот регион (37,6 отсто) и југозападниот регион (34,7 отсто).

Проектот го спроведува Центар за истражување и анализи НОВУС, поддржан од мрежата и програмата „Youth Bank Hub Western Balkan and Turkey“, имплементиран од Фонадацијата „Ане и Владе Дивац“ во партнерство со „Youth Alliance“ со финансиска поддршка на ЕУ. /МИА

Украина тврди дека соборила руски бомбардер Ту-22М3

Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека собориле руски бомбардер Ту-22М3.

Во соопштението се наведува дека руската армија во текот на ноќта ја нападнала територијата на Украина со 22 типа проектили и 14 беспилотни летала од типот „Шахед“.

Наведено е дека украинските сили уништиле две крстосувачки ракети Х-101/Х-555, 14 беспилотни летала, 11 наведувани ракети Х-59/Х-69 и две крстосувачки ракети Х-22.

„Ракетните единици за противвоздушна одбрана на Военото воздухопловство, во соработка со Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина, по првпат соборија стратешки бомбардер со долг дострел од типот Ту-22М3, носач на крстосувачки ракети Kh-22, кои руските терористи ги користеа за да ги нападнат мирните украински градови“, пишува во соопштението.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воениот бомбардер од типот „Ту-22М3“ се урнал во Ставрополската област поради техничка неисправност, а пилотите се катапултирале. Тројца од четворицата пилоти се пронајдени, додека по четвртиот се трага, наведува руското Министерство. /МИА

Строл над сите во единствениот тренинг во Кина

Ленс Строл се најде на врвот на табелата на крајот на единствениот слободен тренинг пред Големата награда на Кина, која се враќа во календарот на Формула 1 по петгодишно отсуство.

Канадскиот возач на Астон Мартин извозе 1:36.302 во својот последен летечки круг за време на единствениот тренинг час во Шангај. Така тој го победи Оскар Пјастри од Мекларен за 0,327 секунди, а првата тројка ја заокружи светскиот шампион Макс Верстапен, кој заостануваше 0,358 зад Строл. Сите тројца ги постигнаа своите најдобри кругови во нивните квалификациски симулации со меките гуми.

Серхио Перез остана четврти, само 0,030 зад својот тимски колега од Ред Бул. Мексиканецот го постигна својот најдобар резултат во вториот брз круг на меките пневматици, откако направи грешка при застанувањето за свиокот 6 во неговиот прв.

Возачите на Хаас, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен ја завршија сесијата на петтото и шестото место, а Естебан Окон, Алекс Албон, Даниел Рикиардо и Валтери Ботас ги заокружуваат првите 10.

Локалниот миленик Гуанју Џоу, кој се натпреваруваше пред својата публика за прв пат овој викенд, заврши на 11-тото место на единствениот тренинг. /МИА

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа помеѓу Германците и екипата на Вест Хем.

Натпреварот заврши нерешено 1:1, што значи дека „аспирините“ одат напред кон фајналфор.

-Се подготвувавме за опција во која Вест Хем ќе не притисне многу силно. Не ни беше многу удобно да играме во нашата формација. Да бидам искрен, во првото полувреме противниците беа подобри и се чувствувавме надвор од место. Многу е важно што не примивме втор гол бидејќи тие дефинитивно одиграа подобро од нас. За среќа, по паузата ги свртевме работите. И мило ми е што продолживме понатаму. Секогаш има тешки моменти во Лига Европа, изјави Алонсо.

Во полуфиналето, фудбалерите на Баер ќе се соочат со Рома во повторување на минатогодишната битка во оваа фаза од турнирот. Тогаш „Римјаните“ излегоа како победници. Натпреварите сега се на 2 и 9 мај - првиот се игра во Рим, а реваншот во Леверкузен. /МИА

притисни ентер