Над 20% е зголемен бројот на туристи, годинава се очекуваат 1,5 милиони гости - Канал 5

Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули

Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови низ државава за академската 2025/2026 година за студентите од втора и повисоките години на додипломски студии и за апсолвенти. 

Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули

Рокот за пријавување за прием во студентските домови за студентите од прва година ќе почне по завршувањето на уписниот рок на факултетите во август, и ќе трае од 10 до 17 септември 2025.

Студентите кои ќе аплицираат за легло во некој од студентските домови треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови ќе останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи сè до нивното пополнување, но најдоцна до 30 ноември 2025.

Според Конкурсот што го објави Министерството за образование и наука, слободни се вкупно 4264 места во студентски домови во Скопје, Штип, Битола, Тетово, Охрид и Прилеп. Од нив, 851 место се наменети за бруцоши, а 3413 места се за студенти од втора и повисоките години на студии.

Поради реновирање, затворени се домовите „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје кои, според најавите од МОН, повторно ќе примаат студенти од вториот семестар на претстојната академска година.

Најмногу места во главниот град има во студентскиот дом „Гоце Делчев“ (1212), во ДСД „Пелагонија“ на располагање се 997 места и 335 во ДСД „Томе Стефановски Сениќ“.

Во ДСД „Кочо Рацин“ во Битола има вкупно 385 слободни места за сместување студенти, 242 се слободни во ДСД „Никола Карев“ во Охрид, 330 во ДСД „Орде Чопела“ во Прилеп.

Во Штип студентите може да изберат сместување во три дома: ДСД „Браќа Миладиновци“ (236) и во приватните ПСД „Хилјадников“ (60) и ПСД „Логос“ (52).

Два дома се на располагање во Тетово: државниот студентски дом „Тетово“ располага со вкупно 295 легла и приватниот ПСД УЈИЕ - со вкупно 120 места.

Во Конкурсот на МОН се појаснети условите за прием на студенти во домовите, начинот на електронското пријавување, начинот на кој се врши распределбата на расположивите места, документите потребни за аплицирање, конкурсните рокови и постапката за прием во студентските домови.

Конечниот список за прием на студентите од втора и повисоките години ќе биде објавен најдоцна до 6 септември 2025 на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот и на веб-страницата на Министерството. Приговорите по резултатите ќе се доставуваат во самиот дом каде што имаат аплицирано во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Конечниот список за прием на студентите од прва година, пак, ќе биде објавен најдоцна до 30 септември 2025, а приговор ќе може да поднесат во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Како што е наведено во објавениот Конкурс, студентите кои ќе бидат примени треба да се вселат почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство

Во британскиот Парламент, министерот Муцунски ќе оствари средба со членовите на Парламентарната група за соработка со Република Македонија.

Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од утре, на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами, ќе престојува во тридневна работна посета на Обединетото Кралство.

Како што соопшти МНРиНТ, во рамки на посетата, покрај средбата со својот домаќин, секретарот Лами, предвидено е Муцунски да се сретне и со парламентарниот државен потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија, Гарет Томас. Исто така, на бизнис-форум организиран од Амбасадата на Република Македонија во Лондон, министерот ќе ги презентира економските потенцијали и можностите за инвестирање во земјата пред повеќе британски компании.

Во британскиот Парламент, министерот Муцунски ќе оствари средба со членовите на Парламентарната група за соработка со Република Македонија, а во реномираниот тинк-тенк „British Foreign Policy Group“ ќе има обраќање и дискусија на тема улогата на Македонија во евро-атлантската безбедност и регионалната стабилност, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека во рамки на престојот во Обединетото Кралство, Муцунски ќе оствари средби и со наши иселеници во градот Литлхамптон, каде ќе ја посети црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“, како и македонска фолклорна група и дечињата од македонската заедница кои посетуваат настава по македонски јазик.

Целта на посетата, како што наведуваат од МНРиНТ, е интензивирање на севкупните билатерални односи преку зајакнување на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, особено по потпишувањето на договорот за инвестициско партнерство. Во фокус на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања.

Гутереш ја оцени ситуацијата во Газа како „ужасна“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја оцени ситуацијата во Појасот Газа како „ужасна“, нагласувајќи дека нивото на смртност и уништување во таа област „нема паралела во модерната историја“.

Гутереш ја оцени ситуацијата во Газа како „ужасна“

На прес-конференција во седиштето на ОН, Гутереш изрази длабока загриженост поради најновиот напад, во кој, според извештаите, загинаа голем број цивилни жртви, вклучувајќи деца, додека се обидуваа да побараат помош.

-Насилството го поткопува основното човечко достоинство на луѓето од Газа, без оглед на огромното страдање што веќе го трпат, рече Гутереш, повторувајќи го својот повик за траен прекин на огнот.

Тој нагласи дека примирјето мора да доведе до политичко решение што го вклучува правото и на Палестинците и на Израелците на сопствена држава.

Според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните работи (OCHA), во текот на викендот седум деца загинаа во Нусејрат додека чекаа вода, додека жени и деца беа убиени за време на дистрибуција на храна во четвртокот.

УНИЦЕФ ги окарактеризира ваквите напади како „злосторство што мора да престане“, нагласувајќи дека цивилите, особено децата, не смеат да ги ризикуваат своите животи за основни потреби.

Ограничените конвои со помош не се доволни за еден работен ден, а продолжувањето на ваквите услови може да доведе до целосно прекинување на хуманитарните операции, вклучително и здравствената заштита, снабдувањето со вода и дистрибуцијата на помош.

На повеќе од 5.800 деца во Газа им е дијагностицирана неухранетост, а повеќе од 1.000 од нив имаат тешка акутна неухранетост, објавува Ксинхуа.

ОН и нејзините партнери ги повикуваат израелските власти веднаш да дозволат непречен и континуиран проток на помош во Газа преку сите достапни коридори.

притисни ентер