Над 100.000 евакуирани во Мумбај пред циклонот ,,Нисарга” (ВИДЕО)

Крајбрежните области на западна Индија, вклучително и финансискиот центар Мумбаи, се под  аларм, додека 100.000 луѓе се евакуирани додека се приближува силен циклон што се очекува денеска да го погоди брегот.

Се очекува циклонот Нисарга да го погоди брегот крај Алибага, на околу 100 километри јужно од Мумбаи. Циклонот ќе предизвика големи дождови и екстремно силен ветер, според прогнозата на Индискиот метеоролошки институт.

Ќе удри во брегот попладне и постепено ќе стигне до Мумбаи во наредните три часа.

Државата Махараштра, чиј главен град е Мумбаи, евакуира 50.000 луѓе од крајбрежните области во пет окрузи, изјави шефот на регионалната спасувачка служба, Кишоре Нимбалкар.

Соседната држава Гуџарат евакуира 50.000 луѓе од погодените области.

Циклонот е нов предизвик за Мумбаи , град со 40.000 потврдени случаи, кој што е најтешко погодениот од коронавирус во Индија.

Живо: Пресконференција на ДИК за излезноста до 13 часот

Пресконференција на Државната изборна комисија  за излезноста до 13 часот. 

Прес-конференција на Државната изборна комисија во 13:30 часот за гласањето на Парламентарните избори во 2020.

Излезноста во Македонија до 13 часот според ДИК е 24,42 проценти.

Владимир Панчевски денеска сам се пријавил во затворот во Шутка

Екс претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски денеска самиот се пријавил во затворот во шутка, откако по него вчера од страна на МВР беше распишана национална потерница, по наредба на Основниот суд во Велес.

Претходно во три наврати полицијата не успеа да го пронајде Панчевски на посочената адреса по наредбата за негово приведување. Потерницата беше објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи

Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Панчевски му одреди 30 дена притвор поради како што посочија отсуство на рочиштето за судскиот предмет „Акмис", во кој е обвинет.

Поплави во Индонезија, стотици раселени, има загинати и исчезнати

Најмалку 16 лица загинале, а неколку стотици се раселени од своите домови заради лизгање на земјиштето и поплавите кои го погодија островот Сулавеси во Индонезија.

Спасувачите се уште трагаат по 23 исчезнати после поплавите кои ја погодија областа Северен Лубу, во Јужен Сулавеси.

На снимките од терен се гледаат оштетени куќи преплавени со густа кал, додека пистата на локалниот аеродром е исто така прекриена со кал и остатоци од отпад, пренесе „АП“.

Во изминатите неколку денови, заради обилните дождови се прелеале три околни реки, предизвикувајќи евакуација на преку 650 луѓе, наведуваат локалните власти.

притисни ентер