Националниот ден на Холандија одбележан со подарок за здравствените работници и пациентите

Подарокот симболично го примија министерот за надворешни работи Никола Димитров и заменик-министерот за здравство Арменд Арслани.

По повод Денот на кралот – Националниот ден на Кралството Холандија, холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп денеска симболично подари 1.100 лалиња и стотина книги од холандски автори преведени на македонски и албански јазик, за здравствените работници, како и за пациентите заболени од коронавирус. Подарокот симболично го примија министерот за надворешни работи Никола Димитров и заменик-министерот за здравство Арменд Арслани.

– Во нормални околности би го прославувале Денот на кралот со голема забава, но очигледно оваа година не можеме да го направиме тоа. Затоа одлучивме да направиме еден симболичен гест по тој повод и го купивме буквално секое лале што го најдовме во оваа држава. Успеавме да најдеме 1.100 лалиња и исто така успеавме да најдеме книги од холандски автори преведени на македонски и албански јазик околу стотина, кои сакаме да ги подариме на вработените во клиниките и во Институтот за јавно здравје, како и на пациентите заболени од коронавирус, рече Коп.

Овој гест, како што истакна амбасадорот, е во знак на нашата почит за напорната работа и несебичното залагање на здравствените работници во Македонија.

Димитров, од своја страна, го честиташе Националниот ден на Кралството Холандија. – Чест ми е што денеска по овој повод заедно со нашите креативни холандски пријатели оддаваме почит и благодарност за пожртвуваниот и несебичен ангажман на здравствените работници, истакна Димитров.

Заменик министерот за здравство Арслани се заблагодари на Кралството Холандија за севкупната поддршка на здравствениот систем.

– Она што не обединува сите е истата мисла и истата цел – што поуспешно справување со коронавирусот, па оттука и денешните лалиња и книги се само една симболика и за благодарноста но и за бескрајната почит кон здравствените работници кои овој период го даваат својот максимум за лекување и третман на пациентите од Ковид-19, изјави Арслани, упатувајќи честитки до амбасадорот Коп по повод Националниот ден на Холандија.

Денот на Кралот во Холандија вообичаено се прославува со многу улични забави, детски игри и пазари на отворено додека Кралот и неговото семејство патуваат секоја година на различно место во Холандија за да го прослават денот со локалното население. Оваа година сите манифестации на Денот на Кралот беа откажани поради коронавирусот и Кралот и се обрати на нацијата по онлјан изведбата на химната „Вилхелмус" во која сите членови на светски познатиот Royal Concertgebouworkest свиреа од своите домови. /МИА

Строл над сите во единствениот тренинг во Кина

Ленс Строл се најде на врвот на табелата на крајот на единствениот слободен тренинг пред Големата награда на Кина, која се враќа во календарот на Формула 1 по петгодишно отсуство.

Канадскиот возач на Астон Мартин извозе 1:36.302 во својот последен летечки круг за време на единствениот тренинг час во Шангај. Така тој го победи Оскар Пјастри од Мекларен за 0,327 секунди, а првата тројка ја заокружи светскиот шампион Макс Верстапен, кој заостануваше 0,358 зад Строл. Сите тројца ги постигнаа своите најдобри кругови во нивните квалификациски симулации со меките гуми.

Серхио Перез остана четврти, само 0,030 зад својот тимски колега од Ред Бул. Мексиканецот го постигна својот најдобар резултат во вториот брз круг на меките пневматици, откако направи грешка при застанувањето за свиокот 6 во неговиот прв.

Возачите на Хаас, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен ја завршија сесијата на петтото и шестото место, а Естебан Окон, Алекс Албон, Даниел Рикиардо и Валтери Ботас ги заокружуваат првите 10.

Локалниот миленик Гуанју Џоу, кој се натпреваруваше пред својата публика за прв пат овој викенд, заврши на 11-тото место на единствениот тренинг. /МИА

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа помеѓу Германците и екипата на Вест Хем.

Натпреварот заврши нерешено 1:1, што значи дека „аспирините“ одат напред кон фајналфор.

-Се подготвувавме за опција во која Вест Хем ќе не притисне многу силно. Не ни беше многу удобно да играме во нашата формација. Да бидам искрен, во првото полувреме противниците беа подобри и се чувствувавме надвор од место. Многу е важно што не примивме втор гол бидејќи тие дефинитивно одиграа подобро од нас. За среќа, по паузата ги свртевме работите. И мило ми е што продолживме понатаму. Секогаш има тешки моменти во Лига Европа, изјави Алонсо.

Во полуфиналето, фудбалерите на Баер ќе се соочат со Рома во повторување на минатогодишната битка во оваа фаза од турнирот. Тогаш „Римјаните“ излегоа како победници. Натпреварите сега се на 2 и 9 мај - првиот се игра во Рим, а реваншот во Леверкузен. /МИА

Де Роси за дуелот со Алонсо во ЛЕ: Го почитувам уште од кога беше играч

Тренерот на Рома, Даниеле де Роси, ја прокоментира големата победа на тимот со 2:1 против екипата на Милан, со која и официјално „римските волци“ се пласираа во полуфиналето на Лига Европа.

Менаџерот, кој неодамна го презеде првиот тим, продолжува да прави чуда, а синоќа ги пофали своите играчи за нивниот напредок.

-За да го победиме овој Милан ни требаа вештини. Кога останавме со 10 фудбалери, моравме да играме со интензитет, но со интелигенција и тактичко знаење. Само трчање не е доволно. Многу сум горд што тренирам таков тим. Не беше лесно бидејќи Милан е многу силен тим кој игра добар фудбал. Завчера видовме дека дури ни Реал Мадрид не беше активен и се бранеше, ние истото го направивме, кога беше вистинскиот момент за тоа, изјави Де Роси.

Римјаните во полуфиналната фаза ќе играат против екипата на Баер Леверкузен во реприза на пресметката од истата фаза на турнирот од минатата кампања, кога „волците“ стигнаа до успехот.

-Можеби сакаат да се одмаздат за минатата година кога ги победивме. Ќе видиме што ќе се случи, но очигледно не не сметаат за фаворити. Можеби некој го чекаше Милан во полуфиналето од Лига Европа. Имам голема почит кон Чаби Алонсо уште од кога беше играч, додаде Де Роси.

Првиот натпревар е на 2 мај (четврток), а реваншот е точно една недела подоцна на 9 мај (четврток). /МИА

притисни ентер