Нацевска: Со Единствениот регистар на сметки ќе изградиме поефикасен платен систем во земјава - Канал 5

Нацевска: Со Единствениот регистар на сметки ќе изградиме поефикасен платен систем во земјава

Единствениот регистар на сметки ја овозможува правовременоста и достапноста на информациите до сите релевантни институции и засегнати страни. 

Нацевска: Со Единствениот регистар на сметки ќе изградиме поефикасен платен систем во земјава

- Со очекуваното воспоставување на Единствениот регистар на сметки, пропишан со Законот за платежни услуги и платни системи, покрај тоа што ќе се исполни едно од главните барања од Петтата директива на Европската Унија за борба против перење пари и финансирање на тероризмот, се преземаат и важни чекори за натамошниот развој на платниот систем на земјата и негова интеграција во платежната инфраструктура на Европската Унија.

Воспоставувањето на овој регистар е значајно за приклучувањето во Единствената област за плаќања во евра ‒ СЕПА и за обезбедувањето на потребната регулативна и функционална еквивалентност, есенцијална за нашата позиција во европскиот економски простор“. Ова го порача вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацевска во своето обраќање по повод одбележувањето на деновите на Централниот регистар, на кое присуствуваа и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорката на Централниот регистар, Анита Стамнова.

Вицегувернерката истакна дека Народната банка, преку користење на податоците од овој регистар, ќе може да го подобри извршувањето на супервизорските задачи, како и да ги зголеми сигурноста, стабилноста и ефикасноста на платниот систем на земјата, а сето тоа во прилог на стабилноста на финансискиот систем на државата.

„Единствениот регистар на сметки ја овозможува правовременоста и достапноста на информациите до сите релевантни институции и засегнати страни. Овој регистар претставува важна основа за ефикасноста на плаќањата, за подобра финансиска контрола и спречување нелегални активности, но и за поголема ефикасност на процесите за присилната наплата, според најдобрите европски практики. Сето тоа, исто така, ќе овозможи и подобра заштита на правата на граѓаните и на деловните субјекти, овозможувајќи директен и транспарентен пристап до информациите за сметките“, нагласи Нацевска, при што додаде дека со оваа платформа, којашто е компатибилна со европските стандарди, не само што се зајакнува финансискиот систем, туку се создава и цврста основа за идната интеграција на нашата економија во европските пазари.

Вицегувернерката Емилија Нацевска рече дека регулаторните реформи направени во изминатиот период преку донесување нови закони и подзаконски акти во платежната сфера и во сферата на спречувањето перење пари и финансирањето тероризам, не само што ја приближуваат нашата земја кон стандардите на ЕУ, туку и создаваат услови за унапредување на конкуренцијата, поттикнување иновации и забрзана дигитализација.

Народна банка

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Британската актерка и модел Елизабет Харли на специфичен начин одлучи да го прослави својот 60 роденден и влегувањето во седмата деценија од животот.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Популарната Лиз сподели фотографија на својот Инстаграм профил на која позира целосно гола, славејќи го не само својот роденден, туку и бројни животни достигнувања и нова љубов со музичарот Били Реј Сајрус.

Познатата британска актерка Елизабет Харли одлучи да го прослави својот 60-ти роденден со стил, објавувајќи провокативна фотографија која ги остави нејзините обожаватели без здив.

Таа сподели уметничка фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола на ливада, носејќи само дискретен ѓердан. Со рацете стратешки завиткани околу колената и широка насмевка на лицето, Харли ја покажа својата завидна фигура, а со објавата хумористично напиша:

- Фотографијата е направена денес попладне... во мојата роденденска облека - се пошегува таа.

Атрактивната актерка и модел инаку никогаш немала проблем да објави свои фотографии во бикини. Најверојатно бидејќи знае дека има става на која и завидуваат и тројно помладите девојки.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, е победник на трката за Големата награда на Канада,од Формула 1 првенството која вечерва се одржа во Монтреал.За Британецот од тимот на Мерцедес ова е прв триумф сезонава во Ф1.

Видео:Доминација на Мерцедес во Монтреал

На подиумот по Гран прито во Монтреал се искачија и актуелниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и големото изнадување, клупскиот колега на победникот Расел, вториот пилот на Мерцедес, Кими Антонели.Ова е пвиот подиум во кариерата за Антонели.

Лидерот во Генералниот пласман, возачот на Мекларен , Оскар Пјастри стигна до четвртатата позиција со што ја зголеми својата предност на врвот на листата на возачи.

Трагичар на трката во Канада е возачот на Мекларен,Ландо Норис. При крајот на трката, тој во директен дуел со клупскиот другар Оскар Пјастри, погреши и се удри во ѕидот и заврши без поени.

Лидер во светскиот шампионат во Формила 1 е Оскар Пјастри со 198 бода, 22 повеќе од клупскиот другар Норис. Верстапен од Ред Бул е трет со 155 бода, а зад него е победникот на Голмата награда на Канада,, Расел, со 136 бода.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Провокативната инфлуенсерка и старлета Деми Роуз со провокативни фотки по подолг период се појави на социјалните мрежи.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Познатата ѕвезда на социјалните медиуми Деми Роуз со месеци не објавуваше ништо на Инстаграм и „отстранила“ од следење бројни контакти.

Обожавателите на Инстаграм на секој начин сакала да ја контактираат, дури ѝ оставале загржувачки пораки но Деми останала недостапна.

Сега британските медиуми пишуваат дека бујната Роуз сепак била активна но на друга социјална платформа, на уште еден популарен канал само за претплатници и на Снепчет.

Провокативната Деми сега ги изненадила фановите со неколку секси Инста строиња. На кои како и секогаш на радост на фановите во преден план се нејзините природни бујни облини во секси минијатурни бикини.

притисни ентер