На владина седница треба да се разгледува предлогот на ЕСМ за новата тарифа на струјата

Енергетската криза и високата цена на струјата на светските берзи неизбежно ќе донесат ново поскапување на струјата во Македонија. 

Според неофицијални информации, Владата на денешната седницаго разгледува предлогот на ЕСМ за новата тарифа на струјата, а според првичните информации ЕСМ ќе побара зголемување на цената за повеќе од 10 проценти. Извори од компанијата за Канал 5 велат дека наместо сегашните 36 евра за мегават час, ќе бараат 44 евра..

Професорот Константин Димитров вели дека секое поскапување е дополнителен трошок за домаќинствата, но во овој случај истото е неизбежно бидејќи во последните години цената на струјата се држи под нејзиното реално ниво, а трошоците за производство константно се зголемуваат како резултат на купувањето јаглен од страство кој е значително поскап од оној кој се произведува во Македонија.

-Нема да не прашаат нас, ама ние имаме ниски примања ама цената расте. Ова е роба која има меѓународна или европска цена, регионална цена која зависи од пазарот и берзата. Таму ја купуваме, таму ја плаќаме поскапата електрична енергија, онаа која што не можеме да ја произведеме.-Константин Димитров.

Димитров вели дека активирањето на домашните капацитети во ТЕЦ Неготино и Осломеј нема да бидат доволни за да се амортизира ценовниот шок бидејќи дури и во полн капацитет, истите можат да задоволат само околу 60% од вкупната потрошувачка на електрична енергија.

-Цената поскапена за 10 или 15% ќе биде за да го покрие трошокот за производство но ние и во Осломеј и во РЕК Битола ќе трошиме увозна суровина јаглен која што е во значајно зголемена вредност од она што го имаме. Треба да се знае дека постројките се фрагилни, лесно расипливи.. Тоа го гледаме со РЕК Битола, еднаш работи, утре вториот блок не работи, па се расипал првиот а тројката и онака нема да работи.-Константин Димитров.

Првичните проценки се дека цената на струјата на светските берзи и понатаму ќе расте, а стабилизирање се очекува најрано во вториот квартал на 2022. Во моментов, цената на струјата на светските берзи се продава за нешто над 200 евра од мегават час.

Фото: „BMW“ се простува од „V12“ моторот во голем стил

Последните 12 примероци ќе бидат произведени ова лето.

„BMW“ уште претходно најави крај за моќниот „V12“ мотор, по 35 успешни години. Крајот на едната еда ќе биде обележан со специјална ограничена серија од моделот „BMW M760i xDrive“ со ознака „Final V12“.

Во рамките на оваа серија ќе бидат направени само 12 примероци од најмоќниот модел во серија 7 а сите автомобили се резервирани за американскиот пазар.

Засновата на стандардниот „BMW-u M760i xDrive“, верзијата „Final V12“, ќе има единствени ознаки на надворешноста и во ентериерот, потоа ексклузивни тркала и широк спектар за опции за персонализација на возилото по желба на купувачот.

Под хаубата се разбира се наоѓа 6.6 литарскиот „V12“ мотор со 609 КС. СИлата на сите четири тркала се пренесува преку 8-степен автоматски менувач.

Сите возина ќе бидат нумерирани со броеви од 1 до 12 а производството започнува во јуни 2022 година додека автомоблите кај своите сопственици ќе пристигна во јули.

Цената стартува од 200.000 долари.

Санкционирани 95 возачи кои возеле побрзо од дозволеното на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Во акциска контрола на полицијата денеска на автопатот Куманово – Скопје – Велес санкционирани се 95 возачи кои возеле побрзо од дозволената брзина.

Од нив, 16 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четворица се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР, апелирајќи до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Акцијата за апсење во Ница тргна наопаку, убиено е едно лица, уапсен е полицаец

Едно лице е убиено во Ница, Франција, кога полициската операција за апсење поради убиство тргнала наопаку.

Лицето било застрелано од полицаец во центарот на Ница. Пренесено е во болница, но набрзо им подлегнало на повредите. Полициска акција беше спроведена за убиството на 24 декември во населбата Лас Планас.

„Операцијата беше спроведена утрово. Беа извршени неколку апсења и апсењето тргна наопаку кога полицаец употреби оружје и застрела едно лице“, изјави Ксавиер Боном, обвинител во Ница, за телевизијата БФМ.

Полицаецот кој пукаше и уби едно лице е уапсен и осомничен за убиство со умисла.

притисни ентер