На владина седница ќе се бара повлекување на предлог законот за централата во Железара

По низата реакции во јавноста, министерството за економија денеска со барање до Владата да се повлече предлог законот за новата когенератвина централа во Железара која треба да ја гради грчки Митилинеос.

Дополнително, иако денеска нема официјално обрзаложение од ресорното министерство, пред неколку дена оттаму излегоа со предлог со грчката компанија да се преговара одново. Предлог законот заедно со останатите 3 закони за стратешки инвестиции се во собраниска процедура, а официјален предлагач на сите 4 ри е токму министерството за економија. Од ресорното министерство сметаат дека е потребно предлог законот да се врати на доработка во Владата, главната причина за ваквото барање според нив е одлуката за давање на државна помош во повеќе варијанти. Според предлог законот државата на Митилинеос треба да и даде 50 милиони евра како директна финансиска поддршка, без да добие удел во централата, дополнително се ослободува од одредени давачки, а ЕСМ е обврзана да ја купува електричната и топлинска енергија.

„Мислиме дека таквите инвестиции веќе ја користат државната помош од страна на Владата во вид на фидинг тарифи и договори за откуп на електрична енергија од ЕСМ, и дополнителна државна помош би било спорно и не знаеме дали има ваков пример во регионот и пошироко, за една инвестиција да има една или три видови државна помош и многу внимателно треба да се разгледаат тие барања и предлози за стратешките инвеститори.“ , посочија од министерство за економија пред неколку дена.

Токму вака предложеното законско решение ја крена на нозе и стручната фела. Од здружението на инженери сметаат дека со вака скроен закон во ќар ќе бидат само грците. Ќе им се дадат милионски суми, а за возврат ќе плаќаме три пати поскапа струја од таа што ја произведува ЕСМ. Дополнително според пресметките на инженерите бидејќи земјава според сегашниот предлог закон се обврзува и да купува загарантирани количини на топлинска на компанијата ќе и овозможи и годишна маржа од 4,4 милиони евра.

Предлог законите минатата недела го поминаа првиот собраниски филтер и треба да се носат по скратена постапка, без поддршка од опозицијата.

Средба Божиновска-Пјат на маргините на конференцијата за чиста и безбедна енергија во Истанбул

На маргините на Конференцијата за чиста и безбедна енергија, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, оствари средба со Џефри Пјат, помошник државен секретар за енергетски ресурси во Стејт Департментот.

На маргините на Конференцијата за чиста и безбедна енергија, организирана од америкаснкиот Атлантски совет, денес, во Истанбул, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на Македонија, Сања Божиновска, оствари средба со Џефри Пјат, помошник државен секретар за енергетски ресурси во Стејт Департментот.

На средбата, министерката Божиновска и помошник државниот секретар Пјат разговараа за гасните интерконектори со Грција и Србија како клучни стратешки проекти за обезбедување стабилна енергетска иднина за нашата држава и регионот.

Овие проекти се од суштинско значење за диверзификација на изворите на енергија и зголемување на енергетската независност на земјата.

"Гасните конектори со соседите се од огромно значење за нашата енергетска стратегија. Тие не само што ќе ја зголемат нашата сигурност во снабдувањето, туку и ќе ја подобрат нашата конкурентност на пазарот", истакна министерката Божиновска.

Исто така, на средбата беше дискутирано и за стратешката соработка со САД во областа на енергетиката, при што министерката ја акцентираше важноста на американската поддршка во развојот на проекти за обновливи извори на енергија и технологија за енергетска ефикасност, но и важноста од споделување искуства со САД во делот на борбата со корупцијата во доментот на енергетиката.

"Нашата соработка со САД е од клучно значење за имплементацијата на иновациите во енергетскиот сектор. Заедно можеме да создадеме одржливи решенија кои ќе придонесат за развојот на регионот", додаде таа.

На крајот, министерката Божиновска и помошник државниот секретар Пјат разговараа за идната соработка и регионалните иницијативи, нагласувајќи ја потребата за продолжување на дијалогот и партнерството меѓу државите во областа на енергетиката, соопштуваат од Министерството.

„Милтон“ пустоши: Кран се сруши врз зграда, властите со итен апел (ВИДЕО)

Масивен кран удри во зграда во Санкт Питерсбург откако ураганот Милтон опустоши делови на Флорида.

Кранот паднал врз зграда која била во изградба во близина на центарот на градот.

По падот, дел од зградата се урнал врз друга зграда.

По падот на кранот почнаа да кружат видеа на социјалните мрежи, на кои се гледаат делови од зградата расфрлани на улица.

Властите на Флорида соопштија дека нема жртви во уривањето на зградата.

Официјалните лица ги повикаа луѓето да останат во засолништа и да ги следат упатствата.

По смирување на ситуацијата, надлежните органи ќе излезат на лице место и ќе ја проценат штетата.

Возачите користат бројни трикови за да ги „надмудрат“ камерите за мерење брзина (ВИДЕО)

Сè повеќе возачи прибегнуваат кон трикови за да избегнат казни за брзо возење, иако таквото однесување е сериозен прекршок што може да доведе до високи казни.

Еден од најчестите трикови е употребата на специјални налепници кои се лепат над постоечките бројки и букви на регистарската табличка.

Овие налепници ги збунуваат камерите, бидејќи ја рефлектираат светлината и не дозволуваат камерата јасно да ги снима табличките, па властите не можат да го идентификуваат возачот и да издадат казна.

Овие налепници се направени така што табличката изгледа целосно легално додека не дојде во контакт со радарски блиц, кога броевите и буквите привремено исчезнуваат.

Иако овие трикови се популарни кај возачите во Европа и САД, модерните радари и камери користат инфрацрвена светлина, така што трикот со рефлектирачки налепници не секогаш функционира. Покрај налепниците, некои возачи користат магнетни лажни таблички кои можат да ги отстранат од далечина, што им овозможува привремено да ја сокријат вистинската табличка кога поминуваат покрај камерите за брзина.

Казните за овие прекршоци можат да достигнат и до 2.000 евра, а доколку ве фатат, последиците може да бидат сериозни. Затоа е најбезбедно да ги следите сообраќајните прописи, за да избегнете високи казни и да заштедите пари.

притисни ентер