На ТикТок се појави ново скандалозно видео:,,Лета" низ Скопје со 140км/час

На ТикТок се појави видео од возач кој лета по скопските улици со 140км/час , иако е дозволено да се вози со 50км/час во градска средина.

На автопат ,пак каде што смее да вози до 100 км/час , овој возач се пофали со брзина од 255 км/час.

Не е познато дали по лудото возење , полицијата го запрела овој возач или ќе има санкции за ваквото дивеење.

Џоди Фостер ја бакна сопругата, кога дозна дека го освоила Златниот глобус (ВИДЕО)

Џоди Фостер ја бакна својата сопруга Александра Хедисон кога дозна дека го освоила Златниот глобус.

58-годишната Џоди и 51-годишната фотографка Александра на кауч, облечени во пижами, го следеле доделувањето на Златните глобуси. Тие не ја криеја радоста кога Џоди беше прогласена за добитничка на наградата за споредна улога во драмата Мавританец.

„Ја сакам мојата сопруга, ти благодарам, Алекс“, рече Џоди, која на светот му објави дека е хомосексуалка уште на Златните глобуси во 2013 година.

Меѓу нив на каучот било и нивното куче Зиги, а објавата на наградата Џоди ја добила од нејзината пријателка, актерката Џејми Ли Кертис.

Џоди и Александра се венчале во април 2014 година, откако биле една година во врска.

Досега 329 пријавени за Нобеловата награда за мир

Досега 329 кандидати се пријавиле за Нобеловата награда за мир за 2021 година, што е најголем број и има повеќе од рекордната 2016 година, кога на крајот се пријавиле вкупно 376 кандидати.

Досега се пријавиле 234 физички лица и 95 организации и иако не се објавени имињата на кандидатите, оние што номинираат кандидати можат јавно да го објават името на нивниот кандидат, па затоа е познато дека меѓу кандидатите повторно е Светската здравствена организација, Сојузот за вакцини (Гави9), Коалиција за иновации за време на епидемијата (Цепи), пренесува Фигаро.

Меѓу кандидатите се повторно Доналд Трамп, неговиот зет Џеред Кушнер, престолонаследникот на ОАЕ, Мухабед бин Зајед ел Нахајан, Грета Тунберг, Алексеј Навални, белорускиот опозициски лидер Светлана Тихановскаја и многу други.

Кандидатите за Нобеловата награда се чуваат во тајност, и можат да бидат номинирани од членови на парламентот и министри од сите земји, поранешни лауреати, универзитетски професори.

Нобеловиот комитет ќе го објави својот избор на 8 октомври.

СЗО: По 7 недели, повторно пораст на бројот на заболени од ковид-19

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејезус, денеска изјави дека минатата недела се зголемил бројот на нови случаи на корона вирусот, првпат по седум недели.

Тедрос го нарече ваквото зголемување „разочарувачко, но не изненадувачко“ и ги повика земјите да не ги ублажуваат мерките за борба против ширењето на инфекцијата, пренесува Ројтерс.

Досега се регистрирани скоро 15 милиони случаи на коронавирус во светот, покажуваат податоците на веб-страницата на „Worldometers“.

Според веб-страницата, 14.816.302 лица се разболеле од последиците на пандемијата, повеќе од 2,5 милиони починале, а повеќе од 90,4 милиони се опоравиле од корона вирусот.

притисни ентер