На Табановце и Блаце за влез и за излез се чека по половина час

На граничните премини Табановце и Блаце, за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Се пепорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

МААЕ: Техеарн не дозволува снимање на иранските нуклеарни постројки

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека Техеран не ги исполнил во целост условите од двонеделниот договор што ќе им овозможи на инспекторите на МААЕ да снимаат и да ги следат иранските нуклеарни постројки.

– Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси истакна дека одлуката на Техеран да не и дозволи на Агенцијата пристап до центрифугата TEСA Kaрaџ е спротивна на договорените услови објавени во заедничкото соопштение на 12 септември, соопшти МААЕ. Со Договорот од 12 септември, Иран се согласи да и дозволи на МААЕ да ги сервисира камерите што ги користат инспекторите на Агенцијата за снимање на иранските нуклеарни постројки. Беше предвидено инспекторите на МААЕ да ги заменат мемориските картички на камерите, но и тие да се чуваат во Иран.

– Иран им дозволи на инспекторите да сервисираат камери на сите локации во Иран помеѓу 20 и 22 септември, со исклучок на комплексот ТЕСА Караџ", додаваат од МААЕ. Во тој комплекс, во јуни имало „очигледна саботажа во која беа уништени четири камери на МААЕ".

МЗ:Од денеска трета доза вакцина, без закажување термин, на сите вакцинални пунктови

Во текот на минатата седмица, јавните здравствени организации беа информирани дека здравствените работници независно од возраста, може да примаат трета доза вакцина, во кој било од вакциналните пунктови во земјава.

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денеска, со трета доза вакцина може да се вакцинираат, здравствените работници, граѓаните над 60 години, и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена сстојба, а кај кои има поминато 6 месеци од примената ревакцина. Во текот на минатата седмица, јавните здравствени организации беа информирани дека здравствените работници независно од возраста, може да примаат трета доза вакцина, во кој било од вакциналните пунктови во земјава. Трета доза вакцина може да примат и граѓаните кои се вакцинирале во странство. Тие, задолжително на вакциналните пунктови, претходно ќе мора да приложат валиден документ од примените две дози вакцина, како би биле евидентирани во националниот систем Мој Термин. Трета доза вакцина може да се прими без да се закажува термин, како што е и за првите две дози. Вакцинацијата со трета доза се спроведува на сите вакцинални пунктови во државата, каде во тек е вакцинација и ревакцинација.

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Вархеји в среда доаѓа во Скопје

Eврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во среда ќе отпатува за Скопје, јави дописничката на МИА од Брисел.

Информацијата ја потврдија службите на Европската Комисија.

Програмата на посетата сѐ уште се финализира но извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.

Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Македонија во ЕУ.

Ден пред Вархеји во Скопје ќе биде и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, таа исто така ќе разговара за спорот со Бугарија и негово надминување.

притисни ентер