„ Повик до сите родољубиви! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот!“ – пишува во повикот кој кружи на социјалните мрежи во кој се апелира до граѓаните на 4-ти февруари да ја блокираат патарината Куманово-Скопје за да се запрат Бугарите, кои сакаат да дојдат во Скопје да се поклонат на гробот на Гоце Делчев на денот на неговиот роденден .
Да не дозволуваме бугарските неонацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев – пишува во повикот, на кој не е наведен организатор..
Освен ова, на порталите се појавија информации дека во очи одбележувањето, од вечерта на 3-ти февруари ќе се организира и ноќна стража што ќе го чува гробот на Делчев во Скопје, но исто така не е познато кој ја организира.
Ваквите иницијативи се појавија откако бугарската фондација „Македонија“ повика на масовно присуство во црквата Свети Спас, а на Фејсбук објави и водич за сите бугарски државјани кои планираат да дојдат на почивалиштето на македонскиот револуцонер.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски уверува дека институциите се подготвени да го сочуваат јавниот ред и мир и да спречат евентуални конфликти и затоа вели дека нема потреба од организирање на граѓаните за блокада на патиштата..
„ Нема никаква потреба од било какво организирање на граѓаните не знам за блокада на патишта, ноќни стражи и било што друго. Зошто, затоа што тука се сите институции на системот. Јас кажав и ќе повторам апсолутно нема да дозволам како МВР понижување на македонскиот народ и македонските граѓани, во никој случај и од било кого, најмалку да не понижи некој кој доаѓа од надвор. Ние сме гостопримлив народ, кој знае да укаже чест и почит, меѓутоа таа чест и почит мора да ни биде возвратена. “вели Оливер Спасовски – Министер за внатрешни работи.
Министерот оценува дека сите манипулации што се прават во и надвор од земјава се поврзани со геостратешки интереси. Тој посочи дека за случајот со Пендиков многу лажни вести се шират дека институциите не реагирале кога инциденотот во Охрид бил пријавен.
„ Луѓе од иста групација се и оние кои што тепаат и оние кои што се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна и секако дека секое инкриминирачко дејство кое што се прави.... државата реагира во овој дел и ние кажуваме да не може во ниту еден момент ниту еден граѓанин без разлика на која припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран и на тоа државата јасно ќе се спротистави и ќе преземе мерки како што презема во овој случај.“? експресното пренесување на лекување во Софија на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ Христијан Пендиков е смислено сценарио кое има за цел да покаже наводна грижа-
За претепувањето на Пендиков обвинителството отвори истражна постапка во која приведено е едно лице кое е во притвор, а засега нема нови информации за мотивите..