На плоштадот „Македонија“ граѓаните низ солзи се простија од загинатите во пожарот во Кочани - Канал 5

На плоштадот „Македонија“ граѓаните низ солзи се простија од загинатите во пожарот во Кочани

На плоштадот „Македонија“ граѓаните низ солзи се простија од загинатите во пожарот во Кочани
Во Скопје и денеска им се оддава почит на загинатите во пожарот. Бројни граѓани палат свеќи на плоштадот „Македонија“, со пораки никогаш да не повтори... Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

ДЗР: За три години во сообраќајни незгоди загинале 457 лица

За три години во сообраќајни несреќи загинале 457 лица, а над 15.000 се здобиле со потешки последици, покажува извештајот на ДЗР.

ДЗР: За три години во сообраќајни незгоди загинале 457 лица

Според анализата на ревизија мерките и активностите на надлежните институции не биле доволно ефикасни за намалување на жртвите во сообраќајните несреќи. Дополнително, во периодот од 2020 до 2023-та година, не бил намален ниту бројот на повредени лица во сообраќајки.

-Јавно достапните податоци од веб-страницата на МВР упатуваат на загрижувачки состојби во однос на бројот на сообраќајни незгоди случени на патиштата во државата: имено, во периодот 2020-2023 година се случиле вкупно 31 176 сообраќајни незгоди, од кои 15.724 се со потешки последици, а загинале 457 лица,- – Државен завод за ревизија.

Најчестите сообраќајни прекршоци според извештајот, се однесувале на брзо возење, поминување на црвено светло, неправилно престигнување и недавање првенство на минување.

Експертот по сообраќај, Игор Митревски за Канал 5 вели дека ваквите бројки не треба да не изненадуваат. Како земја, додава тој, треба многу да работиме и на свеста кај луѓето за нивното однесување во сообраќајот.

Со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви, апелираа и од МВР. Во пресрет на матурските прослави низ земјава, од Министерството преку промотивно видео порачаа – матурантите да ги остават дома своите автомобили и на прослава да заминат без возило и користење на алкохол и наркотични средства.

А токму статистичките податоци на МВР покажале дека во денови кога има матурски прослави, зголемен бил бројот на сообраќајни незгоди во кои голем дел од учесниците се матуранти.

YouTube video

Институт за јавно здравје: Бројот на болни и починати од рак на кожа на се зголемува

Од пет случаи на рак еден случај е меланом. Меланомот или рак на кожата е 17 најчест карцином кај населението во светот, се вели во извештајот Институтот за јавно здравје.

Институт за јавно здравје: Бројот на болни и починати од рак на кожа на се зголемува

Во Македонија од меланом во 2023 година починале 55 луѓе, од 41 маж и 14 жени. Меланомот е почест кај мажите отколку кај жените Иако ризикот од меланом се зголемува со возраста, меланомот е меѓу најчестите видови на рак кај адолесцентите. Дераматовенеролозите велат дека најдобра превентива е самопрегледот на кожата секоја промена на бемка или промена на кожата да се замине на преглед.

Непријател на кожата е сонцето, луѓето треба да се посебно внимателни пред се луѓето со светол тен, обајснува Филиповиќ. Многу често доаѓаат и во рана фаза која е многу значајна за откривање на меланомот.

Експертите велат дека ако продолжи досегашниот тренд на појава на меланомот, се проценува дека бројот на нови случаи од меланом на светско ниво ќе се зголеми на 510.000 и на 96.000 смртни случаи до 2040 година.

YouTube video

АХВ одржува стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес почна со одржување на циклус стручни обуки наменети за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и домашни миленици на граничните премини.

АХВ одржува стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици

Активностите се реализираат во соработка со Царинската управа.

Станува збор за контроли кои имаат суштинско значење за здравјето на луѓето и на животните, како и за безбедноста на храната која се движи низ граничните премини, се согласија на денешното отворање директорите на АХВ, Оливер Миланов и на Царинската управа, Бобан Николовски. Тие пред царинските службеници истакнаа дека координацијата е многу важна во зголемување на ефективноста на двете институции.

-Обуките кои ќе ги реализираме во наредниов период се основа за јакнење на капацитетите на теренските служби на двете институции и за градење на систем кој навреме ги препознава ризиците. Со оваа иницијатива го приближуваме нашето работење до европските стандарди и создаваме институционална координација која не се темели само на работа со документи, туку на реална, практична соработка на терен. Прекуграничниот сообраќај на луѓе, животни и производи е во постојан пораст и затоа од исклучителна важност е да имаме силна, стручна и координирана активност која навремено ќе ги препознае и ќе се справува со ризиците – истакна Миланов.

Првиот човек на Царинската управа, Бобан Николовски ја поздрави иницијативата за реализација на обуките, потенцирајќи дека директор на Царинската управа се залага за континуирано учење и професионален развој на царинските службеници, како темел за една модерна и ефективна царинска служба. Законите, процедурите и предизвиците постојано се менуваат, при што, додаде тој, обуките треба да бидат приспособени на реални сценарија, се со цел истите да бидат ефикасни.

Со обуките, заклучи Миланов, ќе ги зајакнеме вештините на царинските службеници и ќе ги подобриме процедурите за контрола на ризиците кои произлегуваат од движењето на луѓе, животни и стоки како основа за унапредување на системот кој е транспарентен, ефективен и брз во одговорите, соопштувбаат од АХВ.

притисни ентер