На Крмзов одземен му е пасошот поради сомнежи за даночно затајување и даночна измама - Канал 5

На Крмзов одземен му е пасошот поради сомнежи за даночно затајување и даночна измама

Скопскиот Кривичен суд определи мерки за претпазливост за едно од лицата кои беа задржани во полициска станица во акцијата за даночни измами и малверзации. 

На Крмзов одземен му е пасошот поради сомнежи за даночно затајување и даночна измама

Според информациите се работи за струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов на кој му е одземен пасошот поради сомнежи за даночно затајување и даночна измама. Предистражната постапка за овој случај во кој сомнежите се дека се направени десетици милиони евра штета на државата продолжува, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Државниот обвинител Љупчо Коцевски во телевизиско интервју на националниот сервис оценувајќи ја акцијата за успешна рече дека се обезбедени докази и документација која ќе биде предмет на анализа.

-Успешна беше акцијата. Се прибавија одредени материјални докази и се прибавија одредени компјутерски материјали. Сослушани се три лица пред јавниот обвинител со што за едно лице се предложени мерки за пратпазливост за одземање на патната исправа и за јавување во судот. – Љупчо Коцевски – Јавен обвинител на РМ

Во четвртокот вечерта полицијата заедно со УЈП и Царина изврши претреси на повеќе локации во Струмица, Скопје и Гостивар. При претресот на фирмите и објектите на Крмзов во Струмица биле пронајдени дијаманти, а кај магационер на една од неговите фирми во Скопје поголема сума на пари во кеш. Според информациите и вчера имало претреси во други два магацини на Крмзов.

Едно од главните дела кои им се става на товар на лицата под истрага е фиктивниот поврат на ДДВ и оштетувањето на државната каса. Според написите во медиумите, извадени се два камиона доказен материјал, а само во еден случај тие прикажале 880 милиони денари за поврат на ДДВ, односно 14 милиони евра.

Истрагата открила дека биле регистрирани фирми и на косовски државјани со измислени имиња, кои не постојат во базата на податоци, за да се забошоти криминалот.

Европските сили го повикуваат Иран да ги продолжи разговорите за нуклеарната програма со САД

Европските сили го повикаа Иран да продолжи со дипломатијата за да најде решение за неговата нуклеарна програма, додека Израел продолжува со бомбардирањето на Исламската Република.

Европските сили го повикуваат Иран да ги продолжи разговорите за нуклеарната програма со САД

„Добриот резултат денес е што ја напуштаме просторијата со впечаток дека Иран е подготвен дополнително да разговара за овие прашања“, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во изјава заедно со неговите британски, француски и колеги од ЕУ по разговорите со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами рече - „ние сме заинтересирани да ги продолжиме тековните дискусии и преговори со Иран и го повикуваме Иран да ги продолжи разговорите со САД“, додека францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека „не може да има дефинитивно решение преку воени средства за нуклеарниот проблем на Иран“.

САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток

„Ју-Ес-Ес Џералд Р. Форд“ ќе замине за Европа следната недела, изјави официјален претставник на морнарицата, тоа ќе биде трет американски носач на авиони во близина на Блискиот Исток.

САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток

„Ударната група на носачот на авиони Џералд Форд ќе замине од Норфолк (Вирџинија) утрото на 24 јуни за редовно распоредување во зоната на одговорност на Европската команда на САД“, изјави официјален претставник на морнарицата.

Американскиот носач Карл Винсон е на Блискиот Исток од почетокот на оваа година, учествува во воздушна кампања против јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран.

И официјален претставник на американската одбрана потврди дека шефот на Пентагон, Пит Хегсет, наредил ударната група на носачот Нимиц да се испрати на Блискиот Исток, нагласувајќи дека тоа е „за да се одржи нашата одбранбена позиција и да се заштити американскиот персонал“.

Трамп изјави вчера изјави дека ќе одлучи дали да се придружи на нападите на Израел врз Иран во следните две недели, наведувајќи ја можноста за преговори за прекин на конфликтот.

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Техеран поради моменталната безбедносна ситуација, соопшти Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој.

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

Претходно, Велика Британија најави привремено повлекување на членовите на семејствата на вработените во Амбасадата и во Конзулатот во Израел поради безбедносни причини.

Додека претходно привремено беа затворени Амбасадата на Словачка и Амбасадата на Австралија во Техеран.

притисни ентер