На јунскиот самит на нато во Хаг се планира средба Сиљановска – Радев - Канал 5

Белингам заминува на операција, го очекува пауза од 4 месеци

 Фудбалската ѕвезда Џуд Белингам ќе замине на операција на рамото по елиминацијата на Реал Мадрид од Светското клупско првенство. 

Белингам заминува на операција, го очекува пауза од 4 месеци

Раководството на Реал оваа операција ја има планирано однапред , само чекаа конечно да заврши сезоната за нивниот клучен играч да може да се подложи на потребната процедура, но секако ова е уште една лоша работа за Реал на крајот на една од најнеуспешните сезони.

Посебно и поради тоа што, тоа значи дека ќе мора да се справи без својот незаменлив играч долго време.

Откако во Шпанија, Барселона која ги освои сите три шпански трофеи , а крелевите загубија и од Арсенал убедливо (5:1 вкупен резултат) во четвртфиналето на Лигата на шампионите, Реал побара утеха на Светското клупско првенство. Но, и на премиерниот клупски Мундијал доживеа дебакал, и пораз со 4:0 од ПСЖ во полуфиналето.

22 годишниот Џуд сега според најавите ќе ги пропушти првите три месеци од новата сезона.

Сега најзначајниот фудбалер на Реал ќе се подложи на операција и ќе биде надвор од теренот до четири месеци.

Белингем сигурно ги пропушта тренинзите и натпреварите во првите три месеци од новата сезона.

Англискиот играч од средниот ред инаку, се приклучи на Реал во летото 2023 година од Борусија Дортмунд за сума од 113 милиони евра, што го прави втор најскап фудбалер во историјата на клубот по Еден Азар, кој беше платен за 120 милиони евра.

Вредноста на биткоинот на историски максимум

Вредноста на биткоинот достигна нов рекорд од речиси 112.000 долари.

Вредноста на биткоинот на историски максимум

Најпопуларната криптовалута достигна максимум од 111.988,90 долари за биткоин, а потоа малку се намали.

Од почетокот на годината вредноста на биткоинот забележа раст за повеќе од 18 проценти, пред сè поради политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кон дигиталните средства.

Фото: тениската легенда Бекер ужива во Италија со 23 години помладата сопруга

Славниот тенисер Борис Бекер и  неговата млада сопруга Лилијан де Карваљо Монтеиро наскоро ќе го добијат своето прво заедничко дете, а на социјалните мрежи објавија романтични фотографии од нивниот одмор во Италија.

Фото: тениската легенда Бекер ужива во Италија со 23 години помладата сопруга

Кон крајот на јуни се појави веста дека 57 годишниот Бекер и неговата 23 години помлада сопруга Лилијан де Карваљо Монтеиро го очекуваат своето прво заедничко дете и моментално уживаат во одмор во Италија, каде што престојуваат во луксузен хотел во близина на популарната туристичка дестинација Портофино, објавија дел од светските медиуми.

Минатата година, тие организираа романтична и интимна свадба таму во вила опкружена со шума, со околу 80 гости.

Бекер објави неколку фотографии на социјалните мрежи, вклучувајќи ја и прекрасната Лилијан, која за прв пат го покажа своето трудничко стомаче. Освен костими за капење, Лилијан позираше и во летни комбинации, а очигледно е дека двајцата навистина уживаат во своите заеднички моменти и со нетрпение го очекуваат новото принова.

Ова ќе биде петто дете на Борис Бекер, додека неговата сопруга ќе стане мајка за прв пат. Тој има два брака и синови Ноа Габриел, Елиас Балтазар и Амадеус, како и ќерка Ана.

„Мало чудо е на пат... Најдоброто допрва доаѓа“, со овие зборови Бекер објави дека тој и Лилијан очекуваат дете.

притисни ентер