На граничниот премин „Табановце“ се чека околу еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

На граничниот премин „Табановце“ се чека од 40 минути до еден час за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

-Од утре до 12 септември годинава на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 09:00 и 15:00 часот. Работите ќе се изведуваат само во работни денови, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Од АМСМ со препорака за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Стопанска комора: Македонскиот туризам сè уште далеку од нивото пред пандемијата

Туризмот во земјава оваа година ни од далеку не успеа да се врати на нивото пред корона кризата. 

Според официјалните податоци бројот на туристи за првите 7 месеци годинава споредено со истиот период 2019 односно пред пандемијата покажуваат дека имаме вкупно 260 илјадо ноќевања помалку што е пад од 30% што серизоно ги загрижува туристичките рабоници ако се земе во рпедвид дека сите земји се вратија на нивото пред корона кризата. Најзначеан пад од дури 60% има кај туристите од Холандија кои со години беа најбројни посетители на земјава а кои главно користат хотелско сместување па затоа ударот врз економијата е голем.

За да се работи на поголемо препознавање на македонија како атрактивна туристичка дестинација во рамките на стопанската комора се формираше националана асоцијација ан тур оператори и туристички агенции под името НАТТА.

Со формирањето на нациопналанат асоцијација и со влегувањето во отворен балкан се очекуваат позитивни придвижувања во туризмот кој според туристичките работници може да биде во фунција на инензиве екномоски раст

Вешти лица од судска медицина сведочеа за убиството на Денис Тот

Хрватскиот ракометар Денис Тот починал поради нагмечување на големиот мозок и на р’бетниот мозок. 

Но, клучна повреда за смртта на Тот настанала од ударите на обвинетите по што бил повреден р’бетниот столб. Ова во скопскиот Кривичен суд го сведочеа вештаците од Судска медицина, меѓу кои директорот Александар Станков, како и форензичарката Рената Јанковска.

-Нагмечувањерто на мозочното ткиво настанало од пад. Повредата на р’бетниот мозок е заради ротационите движења на главата, односно поради ударите. Кај сега покојникот интервенирано е брзо, а со повреда на р’бетниот столб, не можел никој да го спаси. Тоа не се ни оперира.- Александар Станков, Судска медицина.

Адвокатите на обвинетите за убиството на Тот ги прашуваа вештаците од Судска медицина, дали ако немало удари и немало повредна на р’бетниот столб, би можело Тот да преживее. Станков на ова прашање одговори дека со повреди само на мозокот, Тот би можело да преживее. Потоа адвокатите поставуваа прашања кои беа во насока дека алкохол би можело да влијае на смртта.

-Од примероци во крвта, не е констатирано присуство на алкохол. Тие примероци се земени во момент кога кога поминале повеќе од 24 часа, период кога алкохол повеќе не е присутен во организимот.-Рената Јанкова..

Дел од адвокатите на обвинетите се сомневаат во вештачењето на Судска медицина, особено во делот на повредите на р’бетниот столб. Но, не одговрија конкретно на новинарските прашања.

„Се релавитизира прашањето. Се релавитизира како е настаната таа повреда. Ќе имате понатака можност. Имаме уште две вешти лица за сослушување и има време.“-Бојан Василевски, адвокат на Клементина Лефковска.

Обвинети за убиството на ракометарот Денис Тот се Анџело Ѓорѓиевски, Клименитна Лефковска и Ангеле Костовски. Тие во април годинава пред ноќен клуб во Скопје повеќепати го удрирале Тот. Според обвинението, нему му нанеле тешки телесни повреди кој падна во безсознание, а наредниот ден почина.

Шаќири: Надминување на јазичната бариера е прв чекор за зближување на различните народи

Да се познаваат јазиците на другите нации и народи е доблест, затоа што овозможува доближување до нивната култура и полесно комуницирање и разбирање со повеќе луѓе, но и предност.

Да се познаваат јазиците на другите нации и народи е доблест, затоа што овозможува доближување до нивната култура и полесно комуницирање и разбирање со повеќе луѓе, но и предност, затоа што во време на интернационализација и изразена мобилност на човечки капитал, јазичните вештини, покрај компјутерските се најважните кои обезбедуваат полесен пристап до високо ценети и платени работни места. Затоа, пораката која ја испраќаме денес, но и секој друг ден се промовира и шири преку образовните установи е луѓето, особено младите да посветат време на изучување јазици.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната панел дискусија во организација на Делегацијата на Европската унија, по повод 26ти септември – Европскиот ден на јазиците, на која учествуваше заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на Швајцарската конфедерација Вероник Улман Марти и директорот на Агенцијата за примена на јазикот Илбер Села.

„Светските јазици се важни, тоа е неспорно. Но, за нас како мултиетничка земја особено важно е изучувањето и на јазиците на различните етнички заедници. Тоа носи лични придобивки, но носи и сплотеност, создава единство, хармонија и ја јакне државата. Ова е една од целите на кои сме посветени како Влада. Приближувањето на луѓето едни кон други започнува со надминување на јазичната бариера, односно со совладување на јазиците на кои тие говорат“, рече Шаќири посочувајќи дека токму поради тоа институциите инсистираат на создавање мултиетнички училишни средини, се воведуваат предмети за изучување на јазиците на другите заедници и слично, а поддршката доаѓа и од граѓанскиот сектор, но и од меѓународните фактори и партнери.

Министерот изрази уверувања дека Македонија како членка на Советот на Европа на чија иницијатива повеќе до 20 години се чествува 26ти септември, ќе продолжи и во иднина да го одбележува Европскиот ден на јазиците, но и како што рече, ќе ги надградува сите досегашни активности кои се дел од вредностите за кои се залага, а меѓу кои и учењето јазици.

Министерство за образование и наука

притисни ентер