На Германците им требаат над 500.000 работници- најбарани се информатичари, физиотерапевти

Германија се соочува со голем недостиг на квалификувана работна сила, практично во сите гранки.

Најголеми проблеми има во секторот за социјална работа. Здруженијата на работодавачи бараат зголемен број на работници имигранти, пренесува Дојче веле.

Помеѓу јули 2021 година и јули 2022 година, на пазарот на трудот во Германија недостасувале повеќе од половина милион квалификувани работници. Ова е резултат на студијата спроведена од Институтот за германска економија (IW) во Келн. Регистрирани се вкупно 537.923 непополнети работни места.

Најмногу проблеми со вработувањето стручен кадар во изминатите 12 месеци имало во секторот социјална работа. Таму има 20.578 непополнети работни места, што е нов рекорд, тврди IW. „Станува збор за професионална работна сила која недостига, на пример, во социјалната работа во училиштата, работата со млади луѓе, децата и во домовите за стари лица или во советувалиштата за зависници. Значи во сите оние области каде што е потребна човечка поддршка за да се реши социјален проблем“, пишуваат авторите на студијата Хелен Хикман и Филис Конеберг.

Сличен недостиг на стручна работна сила е забележан и во секторот каде што работат воспитувачи од предучилишна возраст - 20.500 работни места сè уште се непополнети. „Ова е рекордна бројка во тој сектор“, се вели во студијата на IW. Во домовите за стари лица недостигаат 8.279 негувателки, потребни се 16.974 електротехничари, а во здравствениот сектор, односно згрижување пациенти потребни се уште 16.839 работници.

Сè потешко е да се најде професионална работна сила за санитарните компании, односно оние компании кои се занимаваат со системи за греење или одржување на климатизација. Им недостасуваат 14.013 работници. Германските компании бараат 13.638 ИТ специјалисти, 12.060 физиотерапевти, 11.771 техничари за одржување на моторни возила и 10.562 професионални возачи. За возачите, IW предвидува дополнително заострување на состојбите на пазарот на трудот, со оглед на фактот дека „вработените се натпросечно стари и со оглед на недостигот од помлади луѓе“.

Претседателот на здружението на работодавачи од металопреработувачката индустрија Стефан Волф се залага за донесување нов закон за имиграција поради недостигот на квалификувана работна сила. „Потребен ни е вешт закон за имиграција каков што има Канада“, изјави тој за медиумската група „Функе“. И додаде: „На имигрантите мора да им се гарантира долгорочно право да останат во Германија“.

Во Канада, вели Волф, решиле бројни проблеми со усвојувањето на законот за имиграција. А во Германија, законот за имиграција на квалификувана работна сила содржи бројни компликации и пречки, се жали: „На оние што доаѓаат кај нас им треба осигурување и доживотна сигурност. Предуслов за тоа мора да бидат квалификации и познавање на јазикот“.

Сегашниот германски закон за имиграција на квалификувана работна сила стапи на сила на 1 март 2020 година. Целта е да се олесни доаѓањето на квалификувана работна сила од трети земји. Како што покажа неодамнешното истражување спроведено од Германската комора за индустрија и трговија (ДИХК), 56% од компаниите во Германија сметаат дека недостигот на квалификувана работна сила е ризик за нивниот сопствен бизнис.

Ердоган во Истанбул се сретна со лидерот на Хамас, Ханија

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во палатата „Долмабахче“ во Истанбул го прими Исмаил Ханија, лидерот на палестинската исламистичка група Хамас, јавија турските медиуми.

Не се соопштуваат повеќе детали за средбата која се одржува зад затворени врати во претседателската резиденција.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан пред неколку дена се сретна со Ханија во Доха, каде разговараа за последните случувања во конфликтот во Газа, соопштија дипломатски извори.

Фидан и Ханија, заедно со неговата делегација, разговараа за теми поврзани со хуманитарната помош во Појасот Газа, напорите за прекин на огнот и прашањето за заложниците, велат изворите. /МИА

Олимпискиот оган го продолжува патувањето до Париз

Од Акропол, преку Атина кон централна Грција – олимпискиот оган го продолжува патувањето до Париз.

Од Санторини на Акропол, од Акропол низ атинските улици, преку Министерството за одбрана, Грчкиот олимписки комитет и Олимпискиот стадион - олимпискиот оган откако во вторникот беше запален во античка Олимпија го продолжува штафетното патување низ Грција, за во петок и официјално да им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“, јави дописничката на МИА од Атина.

Доцна синоќа, огнот од островот Санторини со траект пристигна на атинското пристаниште, а оттаму беше пренесен на Акропол, каде што остана во текот на ноќта.

Утрово, кусо по 7.30 часот на петтиот ден од штафетното пренесување, олимпискиот оган од Акропол, со повеќе попатни станици низ Атина се упати кон античкиот град Делфи, а оттаму и кон Волос и Ламиа.

Лошите временски услови и дождот што речиси континуирано врнеше на целата рута низ Атина, не претставуваше проблем за учесниците во штафетното предавање, а на Акропол беа поздравени и од туристите кои случајно се најдоа таму.

- Каква коинциденција! Ние дојдовме за да го видиме Акропол и воопшто не знаевме дека има вакво нешто. Убаво искуство во секој случај да се види и Олимпискиот пламен, рекоа во разговор со дописничката на МИА од Атина три девојки од САД кои чекаа да дојде осум часот за да се отвори Акропол, но имаа можност одблиску да го видат и огнот за ЛОИ.

Со сличен став беа и други туристи од различни земји од светот, кои не го криеја нивното позитивно изненадување и задоволство.

Олимпискиот оган, продолжи до Музејот на Акропол, оттаму низ атинските улици, помина пред античкиот олимписки стадион Панатенаик и со повеќе попатни станици стигна до Министерството за одбрана на Грција каде што се одржа и мала манифестација.

Денешното патување низ Атина, огнот го продолжи до Грчкиот олимписки комитет, Олимпискиот музеј, Олимпискиот стадион и се упати кон античкиот град Делфи, Ламиа и Волос каде што ќе ја помине ноќта.

Во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Солун за да ја помине цела северна Грција и западна Грција, за во петок повторно да се врати во Атина.

Олимпискиот оган за 11 дена, ќе помине 5.202 километри и 563 наутички милји, а во петок, на 26 април во Атина на свечена манифестација отворена за јавноста на стадионот Панатенаик ќе биде предаден на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз.

Манифестациите во Грција, како палењето, така и штафетното пренесување низ земјата и предавањето на организаторите во Атина, по пауза од четири години ќе се одржат регуларно, со оглед на тоа дека во октомври 2021 година и март 2020 година поради пандемијата сите свечености беа без публика, а олимпискиот оган за Зимските олимписки игри „Пекинг 2022“ и Летните Олимписки игри „Токио 2020“ од Атина замина без штафетното да патува низ Грција, туку директно им беше пренесен на домаќините.

Летните Олимписки игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август. /МИА

Вуќиќ: Тоа ни е фала за се што направивме за Скопје

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати.

„Тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“,изјавил српскиот претседател александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, како лична одлука на шефот на дипломатијата Османи.

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјавил Вучиќ во гостувањето во дневникот на ТВ Пинк.

Тој додал дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во генералното собрание на ОН.

-Знаеја дека русите и кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

притисни ентер