На Ердоган сите му го вртат грбот?

По 11 години владеење, режимот на премиерот Ердоган како да почна да пука по сите шевови. Откако неколкумина клучни министри се фатија во мрежата на корупција во која е вклучена најголемата банка со државен капитал, премиерот доживеа уште еден голем удар- укинат му е владиниот декрет со кој се обиде да ги контролира полициските апсења. Според експертите, дошол денот за Ердоган да го плати данокот за неконтролираниот раст на партијата изминатата деценија.

Почна ли да напукнуваа бедемот на владеењето на Ердоган? Исходот од демонстрациите на Таксим пролетва беше сигнал за бескрупулозноста со која тој повеќе од една деценија е на чело на Турција, со поддршка од над половина од 74- те милиони жители. Но неодамнешниот корупциски скандал кој однесе половина од неговата влада, покажа дека почвата на која ги градел темелите изминатите 11 години сепак била гнила. Но за него ова е само валкана кампања против неговата влада.

-Суверенитетот не му припаѓа ниту на судството ниту на владата. Му припаѓа на народот. Судството ќе плати за обидот да го одземе суверенитетот од рацете на народот, изјави премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Иако смени над 30 високи полициски службеници, го отстрани јавниот обвинител од истрагата за корупција и со тоа го спречи нејзиното ширење во највисоките политички кругови, Ердоган се соочи со нов удар- Државниот совет, највисокото право административно тело во земјата го блокираше владиниот декрет со кој полицијата беше обврзана да ги известува надредените за сите апсења, а тројца пратеници, меѓу кои и бившиот министер за култура ја напуштија неговата партија, обвинувајќи го за ароганција. За домашните експерти, владеењето на Ердоган било темпирана бомба и само прашање на ден е кога ќе експлодира.

- Настаните во Турција имаат две димензии. Првата е што владејачката партија се прошири толку многу изминативе 11 години, што не може да го контролира членството. И затоа се појавуваат случаи на корупција. Втората е, тајмингот на оваа истрага – во клучен момент од политичкиот живот во земјата непосредно пред локалните избори, истакна Таип Ќучукчан,од универзитет Мармара

Од синоќа на Таксим одново се вратија и демонстрантите и повиците за оставка на Ердоган, и водените топови и гумените куршуми. И Ердоган одново се појави на собирите на неговите приврзаници со истите пораки – дека нема намера да си замине. Анкетите покажуваат дека барем засега тоа нема биде ниту лесно- тој и натаму ја ужива поддршката на 40 проценти од населението.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер