На денешната седница Владата ги „замрзна" цените на основните артикли

Прифатени дел од амандманите, Буџетот 2022 оди на усвојување во Собрание; Донесена Фискалната стратегија за 2022-2024 година.

На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на основните прехранбени производи, и тоа за: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи; и сирење и урда.

Највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало.

Одлуката ќе се применува до 31 јануари 2022 година, со можност за продолжување доколку состојбата на пазарот и понатаму го бара тоа.

На оваа своја седница Владата ги утврди дополнувањата на Предлог-буџет на Република Македонија за 2022 година, кои произлегоа од амандманската расправа во комисиите во Собранието.

Владата утврди дека од вкупниот број на амандмани прифатени се 23 во вкупен износ од околу 382 милиони денари.

Дополнително, на денешната седница на предлог на Министерството за финансии Владата на Република Македонија да ги усвои и следните измени како дополнување на Буџетот за идната година: Зголемување на средствата во Министерството за информатичко општество и администрација во износ од 250 милиони денари за реализација на програмските активности на Македонската радио телевизија; зголемување на средствата во Уставен суд на Република Македонија во износ од 1 милион денари за избор на нови уставни судии; зголемување на средствата во Финансиска полиција во износ од 1 милион денари за преземени обврски за набавка на возило, како и некои други.

Со овие измени, дополнетиот Предлог-буџет за 2022 се враќа на усвојување на пленарна седница на Собранието.

Владата денеска ја донесе и ревидираната Фискална стратегија на Република Македонија за 2022-2024 (со изгледи до 2026), како клучен инструмент за среднорочно буџетско планирање и при креирањето на среднорочната фискална рамка.

Ревидирањето на Фискалната стратегија на Република Македонија за 2022-2026 година е во согласност со праксата на развиените земји и е неопходнo заради промените настанати во тековната 2021 година во однос на макроекономските и фискалните параметри.

Подобрувањето на управувањето со јавни финансии, а со тоа и на Фискалната стратегија како еден од најважните стратешки документи на една влада е поставено меѓу клучните приоритети на Владата, а се базира на определбата за постигнување на фискална консолидација и одржливост на јавните финансии; на забрзан економски раст, на зголемен обем на реализација на јавните инвестиции, на подобреното буџетско планирање согласно меѓународни пракси, на зголемувањето на фискалниот капацитет и дисциплина на општините, како и на подобрената фискална транспарентност.

Среднорочната фискална стратегија e во согласност со среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата како и на утврдените стратешки приоритети за 2022 година како што се обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните; справување со последиците предизвикани од светската пандемија предизвикана од пандемијата со КОВИД-19; успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија; развивање на одбранбена политика во функција на развојот, независноста, територијалниот интегритет, безбедноста на граѓаните и колективната безбедност; владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност; квалитетно образование достапно за сите, согласно побарувачката на пазарот на трудот, развој и унапредување на културата и спортот; модерна и ефикасна јавна администрација, базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти; целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор, градење на граѓанска држава со етничка и социјална кохезија, врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување; и заштита на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени.

На денешната седница Владата ја донесе и Ревидираната стратегија за управување со јавниот долг на Република Македонија за 2022-2024, со проекција до 2026 година, со која се утврдува висината на јавниот долг на среден рок, максималниот износ на нето задолжување во првата година во која се однесува стратегијата, максималниот износ на ново издадени државни гаранции во првата година за која се однесува стратегијата и структурата на државниот долг.

Ревидирана стратегија за управување со јавен долг ѝ дава рамка на Владата на Република Северна Македонија за дејствување во насока на прудентно управување со јавниот долг на државата на среден рок и финансирање на потребите на државата со најнизок можен трошок, на среден и долг рок, и со одржливо ниво на ризик.

Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, со заклучок таа да биде доставена на усвојување на Собранието на Република Македонија.

Целта на предложената Одлука е обезбедување на средства за справување со енергетската криза, финансиска поддршка на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост погодени од кризата (ЈП „Македонски шуми", АД „Водостопанство", АД „Еурокомпозит", АД „Македонски шуми", АД „Македонска пошта"), набавка на COVID вакцини, подмирување на обврски за заштита на населението од HIV, набавка на метадон и бупренорфин за лица со болести на зависности, обврски кон ЈЗУ задолжени за лекување на лица со болести на зависности, побарувања по основ на партиципација за осигурени лица, набавка на лекови за ретки болести, обврски кон ФЗОМ за целосно здравствено осигурување, плаќање на обврски согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Програмата за рибарство и аквакултура, плаќање на времени ситуации за Брана „Конско", Брана „Речани" и ХС „Равен Речица", ХС „Злетовица", средства за затворање на проектот Јужновардарска долина, експропријација за Брана „Речани" и ХС „Равен Речица", компензирање на трошоците при давање на услугата од јавен интерес во железничкиот превоз на патници, реализација на проектот Ф/П за домување на социјално ранливи групи, обезбедување на средства за подмирување на платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021 година, дообезбедување на средства за стипендии и студентски домови, дообезбедување на средства за финансиска поддршка на инвестиции (домашни компании), дообезбедување на средства за уредување на ТИР зоните и исплата на државна помош, дообезбедување на средства за набавка на меркантилна пченица за стоковите резерви, како и дообезбедување на средства за подмирување на тековните приоритетни обврски на одредени буџетски корисници.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер