МЗШВ: Утре се одржува конститутивна седница на националниот Агро Совет

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата донесе Одлука за повторно активирање на Советот за земјоделство и рурален развој.

Овој Агро Совет за прв пат е основан во 2012 година, но ниту еднаш до сега не заживеал во формата за која е создаден со Законот за земјоделство и рурален развој.

Повторното активирање на овој Совет дава уште поголема шанса на земјоделците за директно учество во креирање на политиките и мерките на министерството. Земјоделците имаат можност да одлучат за што и како ќе се распределат средствата на министерството на транспарентен и отворен начин.

Во Агро Советот учестуваат претседателите на постојаните потсекторски групи, претставник од три најголеми национални здруженија на земјоделски производители, претставник на здруженија на преработувачи, претставник на стопанските комори, претставник на високообразовните институции од областа на земјоделството, претставник на здружение на потрошувачи, претставници од здруженијата на единиците на локаланта самоуправа и здруженијата за заштита на животната средина.

За членови на Совет за земјоделство и рурален развој со Одлука на Влада се именувани:

- Гоце Спасов – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за житни култури;

-Бранко Хронески – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за тутун и други индустриски култури;

-Стеванче Јордонски – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за млеко;

- Томе Бабунски – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за месо (говедско, свинско, овчо, козјо и живинско);

-Иван Маркоски – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за несилки и јајца;

- Илија Јанчев – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за грозје и вино;

- Љубе Пампулевски – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за овошје;

- Драги Памуков – претседател на постекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за зеленчук;

- Венче Билбилоски – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за мед;

- Јасмина Луканова – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за цвеќе и украсни дрва;

- Менде Трајковски – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за органско производство;

- Ненад Стојанов – претседател на потсекторска постојана група за уредување на земјоделски пазари за семенски и саден материјал;

- Васка Мојсовска – претставник од Здружениe за земјоделски развој „Национална федерација на фармери“ - Скопје;

- Менде Стомнаровски – претставник од Сојуз на земјоделски здруженија - Прилеп;

- Петре Стојковски – претставник од Сојуз на здруженија на граѓани „Асоцијација на земјоделци“ - Прилеп;

- Сашо Ристески – претставник од Здружение на преработувачи на овошје и зеленчук „Македонска асоцијација на преработувачи – МАП“ - Скопје;

- Перо Моцан – претставник од Здружение на производители и извозници на вино и други пијалоци произведени од грозје „Вина од Македонија“- Скопје;

- Васко Ристовски – претставник од Стопанска комора на Македонија - Скопје;

- Арбен Халили – претставник од Стопанска комора на Северо-западна Македонија - Скопје;

- Сашко Крстевски – претставник од Сојуз на стопански комори на Македонија - Скопје;

- проф. д-р Вјекослав Танасковиќ – претставник од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Факултет за земјоделски науки и храна;

- проф. д-р Саша Митрев – претставник од Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Земјоделски факултет;

- проф. д-р Гордана Димитровска – претставник од Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Факултет за биотехнички науки;

- доц. д-р Зејнедија Адеми – претставник од Универзитет во Тетово, Факултет за земјоделство и биотехнологија;

- вон. проф. д-р Катерина Хаџи Наумова – Михајловска – претставник од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Економски институт;

- проф. д-р Кирил Сотировски – претставник од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“;

- д-р Расим Зуфери – претставник од Универзитет на Југоисточна Европа, Факултет за бизнис и економија;

- Мартина Гранчаревска – претставник од Организација на потрошувачите на Македонија Скопје;

- Борчо Коцев – претставник од Здружение на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) - Скопје;

- Робертина Брајноска – претставник од Македонско еколошко друштво – Скопје и

- Владо Србиновски – Асоцијација за балкански алтернативен туризам „Балканија“ - Скопје.“.

Контитутивната седница на Агро Советот е закажана за утре (четвроток), 07.07.2022 година со почеток од 10 часот во свечената сала на Владата на Република Македонија.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Претседателот Стево Пендаровски беше домаќин и се обрати на Ифтарската вечера, којашто ја приреди по повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис заедницата, претставници на верските заедници, претставници од академската заедница, од политичките партии, медиумите и граѓанските организации, како и претставници на дипломатскиот кор, соопштуваат од кабинетот.

Согласно исламските верски обичаи, Поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема Шакир ефенди Фетаи ја одржа завршната молитва.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Пендаровски.

Почитуван Реис-ул-улема,

Почитувани поглавари на верските заедници,

Ценети присутни,

Дами и господа,

Ви благодарам што ја прифативте мојата покана да се собереме и заедно да ја споделиме оваа Ифтарска вечера.

Најсветиот месец во Исламот, Рамазан, е време за духовно закрепнување, за обновување на релациите со роднините и пријателите, но и за милост и солидарност кон немоќните. Како што рамазанскиот пост е лично искушение на внатрешно преиспитување на поединецот, така Ифтарската вечера е заеднички чин на социјална правда бидејќи подразбира правење место на трпезата и за оние кои имаат помалку. Тоа е особено важно во време на глобални кризи кои најмногу ги удираат најранливите и најсиромашните.

Но, освен за продлабочување на верата во животот на верникот, Ифтарската вечера е и можност за продлабочување на соживотот во македонското општество.

За нашите предци немало поголема чест од тоа, некој со различна вера од нивната, да ги покани на празнична трпеза. Кога муслиман кани на Ифтар, или кога христијанин подарува велигденско јајце, тоа е начин да каже дека ја почитува твојата различност и те прифаќа таков каков што си. Тоа го правиме и ние вечерва.

Изминативе години и јас бев почестен од многу наши сограѓани ─ муслимани кои ги отворија своите домови и од срце ја споделија со мене и со моите соработници својата трпеза. Споделувајќи ја храната, ние ја споделуваме и човечноста и низ муабетот се потсетуваме дека различниот од нас е човек подеднакво вреден како нас, со слични или идентични животни таги и радости.

Почитувани гости,

Точно е дека имаме различни вери, одиме во различни храмови, читаме различни свети книги. Но, она што нè поврзува е меѓуетничкиот и меѓурелигиски соживот како наша најголема вредност која мораме да ја чуваме и околу тоа нема да правиме компромис. Соживотот не смее да биде жртва на дневно-политички интереси, особено во време на изборни години. Каква било изборна победа на сметка на соживотот би била еднаква на пораз за нашата заедничка татковина Македонија.

Затоа сме вечерва тука, да кажеме дека нема да дозволиме провокации и тензии на таа тема. Тука сме да дадеме пример за сите наши граѓани, дека можеме да живееме заедно и покрај нашите разлики во верските убедувања, како што било од памтивек.

Дозволете, уште еднаш, да ви посакам лесен пост и, во пресрет на Рамазан Бајрам, да ви го честитам големиот празник. Имајте пријатни денови исполнети со среќа, радост и бериќет.

притисни ентер