МЗШВ: Презентација на најголемиот регионален саем за вино „Vine Vision by Open Balkan“

Настанот ќе се одржи утре (сабота) 10.06.2023 година со почеток во 13:00 часот, на летната тераса во Клубот на пратеници, Скопје.

Овој настан подразбира презентацијата на најголемиот регионален саем за вино и успешна винска приказна Vine Vision by Open Balkan.

Настанот е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во тесна соработка со министерствата на Србија и Албанија.

Предвидени се свечени обраќања на премиерот Ковачевски и министрите за земјоделство на трите држави членки на Open Balkan, соопшти МЗШВ.

Хаос во Дубаи: Невиден дожд го поплави градот, авионите приземјени (ВИДЕО)

Дубаи, и пошироко Обединетите Арапски Емирати, беа погодени од силно невреме викендов, што предизвика поплави и ги прекина летовите на најпрометниот аеродром во светот.

Речиси 50 милиметри дожд паднаа во Дубаи за само шест часа.

Властите испратија екипи да ги отстранат дрвјата од патот и да ги отворат одводните решетки, иако дождот брзо покри некои области.

Полицијата затвори делови од автопатот, а прекинати се и летовите за компаниите Емирати и ФлајДубаи.

На социјалните мрежи се објавени видеа кои сведочат дека патиштата се целосно поплавени.

Властите претходниот ден ја предупредија јавноста за претстојното невреме, а подготвен беше и персоналот за итна помош.

Дождот е невообичаен во оваа област, но повремено се појавува во постудените зимски месеци.

Страшно невреме во Хрватска: Соборени дрвја во Загреб, снег на планините

Пожарникарите во Загреб и во Осиек денеска имаа бројни интервенции поради ветрот кој кршеше гранки.

Наглиот пад на температурата во Загорје донесе снег, а во исто време во 15 часот во Шибеник изнесуваше 25 степени.

Силна промена на времето стигна и во Хрватска, додека вчера беше речиси 30 степени, а денеска паѓа снег во Загорје, јавува 24сата.хр.

„Нестабилно и постудено од просекот е кон средината на април. Променливо и претежно облачно на копното, а на Јадранот променливо сончево. Во првиот дел од денот дожд на исток, врнежи и грмежи во Далмација. Попладне можни се локални врнежи од дожд во внатрешноста и во северниот дел на Јадранот, а во Горска Хрватска паѓа снег и дува умерен ветер од северен правец“, прогнозираат од ДХМЗ.

Со дрвјата се бореше и противпожарната служба на градот Осиек. Гранки, како што известија, паднале врз автомобили.

„Од 7 до 12:30 часот извршивме 12 интервенции, два пожари, осум интервенции главно поврзани со отстранување на гранки и дрвја, едно отстранување на лим и еден увид во врска со автомобил во Сава“, рече наредникот на противпожарната служба Синиша Џембрич.

Муцунски пред пензионерите од Аеродром: Вашето искуство и вашата мудрост се непроценливо важни

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот, Дејан Митески денеска присуствуваа на настан на кој беше одбележана 15-годишнината од формирањето на Здружението на пензионери – Аеродром.

Во рамки на своето обраќање Муцунски истакна дека искуството и мудрост на пензионерите се непроценливо важни во создавањето подобра општина, а Општина Аеродром секогаш е отворена за предлозите, сугестии и забелешките што доаѓаат од нивна страна.

Тој се заблагодари за поддршката која пензионерите ја даваат на општината и нагласи дека и понатаму тој и Општина Аеродром остануваат отворени за соработка.

„Како заедница, општина, но и како држава мораме поактивно да работиме на подобрување на статусот на пензионерите и решавање на предизвиците со кои тие се соочуваат во животот. И понатаму, лично ќе се заложувам Општина Аеродром да биде важен партнер во реализација на нивните планови и активности“, потенцираше Муцуски во своето обраќање пред пензионери, се наведува во соопштението.

притисни ентер