МЖ: Наскоро Битола ќе биде поврзана со Лерин и Солун

Поврзувањето на двете соседни држави од македонска страна е завршено, а наскоро се очекува да биде рехабилитирана желеничката пруга која ги поврзува Лерин и Солун од грчка страна .

По повеќе од 30 години, денеска, во 10:30 часот, од железничката станица во Битола се возобновува железничкиот правец од пругата, која води кон соседна Грција и во оваа фаза редовниот превоз на патници со воз од Битола ќе се одвива до железничката станица Жабени каде се наоѓа истоимената индустриска зона.

Со реактивирањето на железничкиот превоз на патници од Битола до Жабени, се поместува последната станица на возот, а наскоро Битола ќе биде поврзана со Лерин и Солун, посочуваат од Македонски железници.

-Поврзувањето на двете соседни држави од македонска страна е завршено, а наскоро се очекува да биде рехабилитирана желеничката пруга која ги поврзува Лерин и Солун од грчка страна со што по повеќе од 30 години повторно и целосно ќе биде воспоставен железнички сообраќај од Битола до Солун, потврдија за МИА од Железници на Република Македонија.

Како што е познато првата железничко – патна врска на Битола со Солун е воспоставена на 13 јули 1894 година кога на населението му беше овозможено непречено патување, размена на стоки и престој во двата града.

Првата посета на Битола во 1911 година, тогашниот Султан Мехмед V Решад ја направил со доаѓање користејќи воз за што сведочи филмуван материјал од браќата Манаки, а со воз во Битола, во 1967 година пристигнал и тогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, се сеќаваат нашите соговорници, во пресрет на реактивирањето на како што велат последната станица на возот.

Железничката пруга од Битола до границата со Република Грција, во должина од 18 километри почна да се обновува во 2015 година и притоа со средства од ЕУ и од македонската влада поставени се нови шини, сигнализација, изградени се 9 мостови, 30 безбедни железнички премини, нова станична зграда и други придружни елементи за непречен железнички сообраќај и превоз на патници.

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Добар ден на сите, благодарам на интересот. Денеска е посебен ден, денеска е убав ден, сончев ден, ден кога треба граѓаните да излезат и да гласаат. Ден кога сета сила е во рацете на граѓаните.

Оние малкумина 100-тина души кои што изминатиот период одлучуваа за судбината на граѓаните сега се безгласна буква.

Денеска граѓаните се тие кои што одлучуваат за иднината на своите семејства, иднината на Македонија, иднината на своите деца.

И затоа мојата порака денеска од овде е да се излезе, да се гласа, секој да одвои десетина минути од своето време. Бидејќи на тој начин одлучува за иднината на своите деца, своето семејство и иднината на Македонија.

Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни.

Затоа уште еднашка повикувам на масовна излезност и ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат и заеднички да ја определиме траекторијата по која што Македонија ќе се движи во иднина, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гласањето.

Затворени се гласачките места, ДИК во 19.30 ќе ги соопшти резултатите за излезноста

Во 19.00 се затворени гласачките места низ целата држава, освен на три места во Куманово , каде што гласањето е прекинато во текот на денот.

Во ОУ Песталоци во Центар е Михајло Видимлиски.

Фото: Прва објава на Кејт Мидлтон на Инстаграм по дијагнозата

Принцот Луис го слави својот шести роденден, а по тој повод неговиот портрет е објавен на официјалниот Инстаграм профил на принцезата и принцот од Велс.

Портретот го направи принцезата од Велс Кејт Мидлтон, а тоа е нејзина прва објава откако објави дека и е дијагностициран рак. „Среќен 6-ти роденден на принцот Луис! Ви благодариме за сите убави желби“, гласеше натписот.

Да потсетиме, за Денот на мајката, Кејт Мидлтон објави заедничка фотографија со своите деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, а фотографијата крена голема прашина поради многуте монтирани детали. Откако светските медиумски агенции ја повлекоа фотографијата, таа призна дека фотографијата е фотошопирана и се извини за хаосот што го направила. Не долго потоа, Кејт ја објави веста за дијагнозата.

Инаку, Кејт во претходните интервјуа откри дека родендените на своите деца ги слави точно на полноќ и дека секогаш им подготвува торта, а многумина се прашуваат дали оваа година ќе успее да ја задржи традицијата.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер