МЗ: Регистрирани 718 нови случаи со Ковид-19, пријавени се 22 починати лица

Од вкупниот број на починати лица, девет лица се целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.044 тестови, а регистрирани се 718 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 505, Битола – 30, Куманово – 29, Прилеп – 26, Кавадарци – 23, Гевгелија – 14, Велес – 10, Гостивар и Струмица – по 8, Тетово – 7, Штип, Кичево и Делчево – по 6, Неготино и Ресен – по 5, Струга, Богданци и Демир Хисар – по 4, Свети Николе и Радовиш – по 3, Охрид, Крива Паланка и Дебар – по 2, Кочани, Валандово, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (718), регистрирани се 95 реинфекции.

Регистрирани сe 1.244 оздравени пациенти од: Скопје – 612, Битола - 105, Прилеп – 104, Куманово – 47, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Велес – 30, Струмица и Штип – по 28, Валандово – 26, Гостивар – 22, Гевгелија, Кичево, Ресен, Радовиш и Кочани – по 18, Неготино – 15, Богданци – 9, Свети Николе – 8, Крушево и Берово – по 7, Кратово, Македонска Каменица, Македински Брод и Пехчево – по 5, Делчево, Демир Хисар и Пробиштип – по 4, Дебар и Виница – по 2, Струга, Охрид и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 83г и 84г), 2 починати од Охрид (80г и 84г) и по едно починато лице од Битола (90г), Делчево (80г), Демир Капија (87г), Кавадарци (70г), Кратово (58г), Крива Паланка (73г), Неготино (79г), Прилеп (69г) и Радовиш (63г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се осум починати лица, од Скопје (3) и по едно починато лице од Гостивар, Дебар, Кавадарци, Кичево и Тетово на возраст од 54г до 80г. Пријавените се починати во период од 12.01.2022 до 22.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во домашни услови, а пет лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=22), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети.

Направени се 3.044 тестови преку: ИЈЗ-158, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-9, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-148, Авицена-116, Биотек-224, Систина-107, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-26, Генеа-0, Никоб Лаб-487, ВФВ Медикал-66, Ели Медика-41, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–30, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.587.

Досега во земјата се направени вкупно 1.749.733 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.996, бројот на оздравени пациенти е 228.736, на починати е 8.240, а бројот на активни случаи изнесува 20.020.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 116418, Активни 11012

Куманово 14332 726

Прилеп 12388, Активни 785

Битола 12036, Активни 1542

Тетово 12018, Активни 457

Гостивар 8548, Активни 302

Кавадарци 8395, Активни 548

Велес 8130, Активни 363

Охрид 7709, Активни 640

Штип 7342, Активни 317

Струмица 6940, Активни 477

Кичево 4783, Активни 275

Кочани 4473, Активни 210

Струга 4253, Активни 243

Гевгелија 3523, Активни 357

Неготино 2971, Активни 200

Свети Николе 2335, Активни 112

Ресен 2232, Активни 217

Крива Паланка 2138, Активни 130

Радовиш 2119, Активни 163

Делчево 1686, Активни 151

Берово 1605, Активни 86

Дебар 1490, Активни 20

Валандово 1270, Активни 136

Виница 1248, Активни 43

Пробиштип 1235, Активни 42

Кратово 860, Активни 56

Богданци 806, Активни 70

Крушево 802, Активни 136

Демир Хисар 747, Активни 70

Македонски Брод 611, Активни 34

Македонска Каменица 481, Активни 41

Демир Капија 467, Активни 21

Пехчево 404, Активни 25

Дојран 201, Активни 13

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

За европските избори во Хрватска пријавени 25 листи

Хрватската Државна изборна комисија (ДИК) доби 25 кандидатски листи за европските избори во Хрватска, што е за осум помалку од 2019 година, јави Хина.

На 9 јуни во Хрватска ќе се одржат избори за Европскиот парламент, а на нив треба да се изберат 12 европратеници со мандат од пет години.

Со предавањето на списокот се означува и официјалниот почеток на изборната кампања, што ќе трае до 7 јуни, кога почнува изборниот молк.

Листата на ХДЗ ја предводи премиерот Андреј Пленковиќ, Божо Петров ќе биде на чело на листата на Мост, Иван Пенава на Татковинското движење ( Домовински покрет), додека листата на коалицијата собрана околу СДП ќе ја предводи Билјана Борзан.

Јунските избори за Европскиот парламент ќе бидат четврти по ред од влезот на Хрватска во Европската унија, при што првата постава на хрватски европратеници избрана во 2013 година имаше мандат од само една година, бидејќи веќе следната година се одржаа редовни европски избори.

Европските избори во Хрватска се втор изборен циклус годинава во земјата, по парламентарните избори одржани на 17 април, а на крајот на годината ќе се одржат и претседателските избори. /МИА

Германија наскоро ќе ја продолжи соработката со УНРВА

УНРВА - главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа - се соочи со голема криза .

Германската влада планира да ја продолжи соработката со Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во Појасот Газа во блиска иднина, соопштија денеска германското Министерство за надворешни работи и Сојузното Министерство за економска соработка и развој.

УНРВА - главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа - се соочи со голема криза откако Израел обвини десетина нејзини вработени дека се вклучени во нападите на 7 октомври во кои загинаа околу 1.200 луѓе.

Неколку вработени беа отпуштени поради обвинувањата. Во деновите и неделите што следеа, 16 земји донатори - вклучувајќи ги и двата најголеми донатори, Соединетите Американски Држави и Германија - го суспендираа или паузираа финансирањето, оставајќи го со финансиска празнина од околу 450 милиони американски долари.

Откако се појавија наводите, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вети сеопфатен преглед.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во светлината на наводите дека вработени на ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври денеска препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Независната група, предводена од поранешната француска министерка за надворешни работи Катрин Колона, беше формирана на почетокот на февруари. /MИА

Фестивалот „Коачела“ казнет со 28.000 долари поради Лана Дел Реј

Популарниот музички фестивал, на којшто настапија светски ѕвезди како Шакира, Доџа Кет и „Ноу даут“, „Коачела“ (Coachella) заврши, но една од изведувачките ги прекрши правилата.

Се работи за американската поп-пејачка Лана Дел Реј, поради која организаторите на фестивалот ќе треба да платат казна од 28.000 долари... Имено, пејачката настапила 13 минути подолго од предвиденото и со тоа го прекршила договорот што организаторите го имаат со Градот Индио, каде што се одржува фестивалот, пишува „Ти-ем-зи“ (TMZ).

На фестивалот, имено, му се наплаќа дневна казна од 20.000 долари за првите пет минути од пречекорувањето на времето и дополнителни 1.000 долари за секоја минута потоа. /МИА

притисни ентер