МЗ: Регистрирани 509 нови случаи на Ковид 19, починати се девет лицa

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.813 тестирања.

Регистрирани се 509 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 285, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 24, Велес – 16, Тетово – 11, Битола и Крива Паланка – по 10, Струга и Гевгелија – по 9, Куманово и Неготино – по 8, Кочани и Крушево – по 7, Гостивар и Штип – по 6, Ресен, Делчево и Берово – по 4, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Свети Николе и Валандово – по 2, Струмица и Радовиш - по 1.

Регистрирани се 354 оздравени пациенти од:

Скопје – 198 , Куманово – 20, Прилеп – 18, Кавадарци – 17, Тетово – 14, Гевгелија – 11, Велес и Струмица – по 10, Гостивар – 8, Неготино – 6, Крива Паланка – 5, Радовиш, Берово и Дојран – по 4, Штип, Ресен и Виница – по 3, Битола, Струга, Кочани, Валандово и Кратово – по 2, Кичево, Делчево, Пробиштип, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (71г, 66г, 63г, 55г) и по еден пациент од Охрид (67г), Куманово (68г), Кочани (85г), Делчево (61г), Демир Хисар (84г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Направени се 2.813 тестови преку: ИЈЗ-364, ЦЈЗ Скопје-69, Авицена-284, Биотек-235, Жан Митрев (Филип Втори)-143, Систина-229, Лаор–163, МАНУ-0, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-80, Ремедика-35, ИБЗД Козле-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1113, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-7, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 506.378 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 43695, активни 3018

Куманово 5462, активни 196

Тетово 5356, активни 225

Прилеп 5153, активни 492

Гостивар 3737, активни 116

Штип 3613, активни 98

Битола 3376, активни 146

Велес 3374, активни 218

Охрид 3158, активни 405

Кавадарци 3158, активни 466

Струмица 2661, активни 147

Струга 2367, активни 164

Кочани 1792, активни 51

Кичево 1759, активни 61

Гевгелија 1138, активни 128

Неготино 1129, активни 131

Свети Николе 1102, активни 21

Ресен 799, активни 69

Дебар 788, активни 43

Крива Паланка 796, активни 57

Радовиш 744,активни 34

Делчево 727, активни 190

Берово 638, активни 27

Пробиштип 533, активни 23

Виница 512, активни 20

Валандово 353, активни 20

Кратово 269, активни 33

Демир Хисар 260, активни 12

Крушево 260, активни 55

Македонски Брод 252, активни 7

Богданци 249, активни 23

Демир Капија 235, активни 28

Македонска Каменица 193, активни 4

Пехчево 184, активни 3

Дојран 95, активни 5

Министерство за здравство

Видео: Корејци ја пеат „Молитва“ од Марија Шерифовиќ

На интернет се појави снимка на која музичка група од Кореја ја пее песната „Молитва“ на натпревар за пеење.

На нивните способности не остана рамнодушна ни самата Марија Шерифовиќ, која со оваа песна и донесе победа на Србија на Евровизија во 2007 година.

Пејачката го изрази своето воодушевување од нивната изведба на својот Инстаграм профил.

Таа во објавата напомена дека ова е најдоброто изведување на нејзината песна, и напиша прекрасна порака упатена до талентираните Корејци.

„Ви посакувам се најдобро во понатамошната кариера и натпреварување. Се гледаме наскоро“, напиша пејачката.

Фото: Елена Китиќ ги запали социјалните мрежи

Таа објави фотографија во костим за капење, која го покажува нејзиното совршено тело и облини.

Ќерката на пеачкиот пар Миле Китиќ и Марта Салиќ, Елена Китиќ е активна на социјалните мрежи, а фановите неретко ги изненадува со смели фотографии.

Имено, Елена, судејќи по објавите, отпатувала во потоплите краишта. Елена најпрво објави фотографија во костим за капење од една од плажите во Доминиканската република, за потоа да објави снимка на која се гледаат убавините на оваа луксузна дестинација.

Фотографијата во костим на капење на која го покажува своето совршено тело и облини, наиде на многу позитивни реакции од фановите.

„Згодна“, „Убавице“, „Жена бомба“, се само дел од коментарите.

Сирискиот претседател и неговата сопруга имаат корона

Претседателот н Сирија Бапар Ал Асад и неговата сопруга Асма се заразени со коронавирусот, но се добро и нивната состојба е стабилна, објави денес претседателството, додека во земјата расте бројот на заразени.

Ал Асад и сопругата Асма направиле ПЦР тест откако почувствувале благи симптоми на корона.

Тие ќе бидат во изолација две до три недели.

„Во текот на изолацијата која ќе трае измеѓу две и три недели тие ќе продолжат со работата од дома“, додава претседателството во соопштението.

На почетокот на март министерството за здравство извести за зголемување на бројот на инфекции и повика на строго почитување на дистанцата и оцени дека таа земја не е поштедена од другите варијанти на вирусот.

Власта на крајот на февруари најави почеток на кампања за вакцинирање на медицинскиот персонал. Сирија доби 5000 дози од кинеските вакцини за 2500 медицинари, според дневниот весник „Al-Watan“, близок до власта. Сирија исто така одобри употреба на руската вакцина.

притисни ентер