МЗ: Регистрирани 482 нови случаи со Ковид-19

Пријавени се 12 починати лица во изминативе 24 часа.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

-Направени се 4.151 тестирањe, а регистрирани се 482 новислучаи на КОВИД-19:

Скопје – 194, Велес – 50, Куманово – 28, Кочани – 26,Кавадарци – 23, Прилеп и Штип – по 20, Битола – 19,Тетово – 13, Струмица и Крива Паланка – 11, Свети Николе – 10, Пробиштип – 9, Охрид – 7, Гевгелија и Берово – по 5, Кичево и Ресен – по 4, Гостивар и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Радовиш,Виница, Кратово и Демир Хисар – по 2, Делчево, Богданци, Крушево, Пехчево и Дојран – по 1.

-Регистрирани сe 280 оздравени пациент од: Скопје – 124,Куманово – 46, Штип – 18, Велес – 15, Кавадарци – 14,Охрид – 13,Кочани – 12, Кичево и Македонска Каменица – по 6, Прилеп и Струмица – по 5, Струга,Свети Николе и Кратово – по 3, Битола – 2, Гевгелија,Неготино, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 1.

-Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Куманово(89г,85г,71г,71г,58г и 52г), 4 починати лица од Прилеп(85г,77г,68г и 61г) и по едно починато лице од Кавадарци (69г) и Велес (62г). Од пријавени лица 11 се починати во болнички услови,а само едно лице е починато дома.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 12.10.2021 до 23.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Битола и едно лице од Крива Паланка, на возраст од 81 до 41 години. Од пријавени лица, тројца се починати во домашни услови,а две лица се починати во болнички услови.

-Направени се 4.151 тестови преку: ИЈЗ-300, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-69,

ЦЈЗ Тетово–61, ЦЈЗ Куманово-71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–173, Жан Митрев (Филип Втори)-100,Авицена-209, Биотек-259, Систина-69, лабораторија Лаор-246, Синлаб-20, Ремедика-19, Плодност–38, Генеа-12, Никоб лаб-443, ВФВ Медикал-67, Ели Медика-79,Ројал Медика –45, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.716.

Досега во земјата се направени вкупно 1.361.893 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.539,бројот на оздравени пациенти е 186.211, на починати е 7.036, а бројот на активни случаи изнесува 6.292.

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Американскиоот Сенат гласа за помошта за Украина

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Американскиот Сенат денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, што се очекува речиси сигурно да биде одобрен бидејќи Претставничкиот дом даде зелено светло за помошта со широка двопартиска поддршка по неколкумесечни расправи.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, чија партија тесно го контролира тој дом на Конгресот, во саботата рече дека „крајот на дебатата“ за пакетот помош сега е на повидок и дека договорот е „одреден“ за гласање во вторник.

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Конечниот пакет, што предвидува 95 милијарди долари вкупна воена помош за американските сојузници, вклучително и пари за Израел и за Тајван заедно со 61 милијарда долари за Украина, се очекува да стигне кај претседателот Џо Бајден за негово одобрување до крајот на неделата.

Гласањето во Сенатот треба да оди непречено, без да мора да се справува со комплицираните преговори и несогласувањата со кои се занимаваше Претставничкиот дом под контрола на републиканците. /МИА

притисни ентер