МЗ: Регистрирани 410 нови случаи на Ковид-19, во изминативе 24 часа починале 10 лица

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 27.11.2021. 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.674 тестирања, а регистрирани се 410 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 185, Битола – 31, Прилеп – 22, Охрид и Струмица – по 15, Велес, Кавадарци и Штип – по 14, Куманово – 13, Тетово и Кочани – по 10, Делчево – 8, Крива Паланка и Пробиштип – по 6, Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 5, Берово, Кратово и Крушево – по 4, Неготино – 3, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Виница, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Струга, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од: Скопје – 156, Битола – 26, Куманово – 14, Кавадарци – 10, Прилеп и Охрид – по 9, Струмица и Штип – по 8, Неготино – 6, Гевгелија и Македонска Каменица – по 5, Делчево – 4, Тетово, Кратово, Свети Николе и Ресен - по 3, Велес, Радовиш, Виница, Македонски Брод, Гостивар и Богданци – по 2, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Берово, Пехчево и Кичево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 6 починати лица од Скопје (62г, 69г, 70г, 75г, 80г и 94г), и по едно починато лице од Прилеп (88), Охрид (58г), Велес (57г), и Тетово (50г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 27.11.2021. Починатото лице е од Гостивар, на возраст од 68г, невакцинирано и починато во болнички услови.

Направени се 2.674 тестови преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-30, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–182, Жан Митрев (Филип Втори)-70, Авицена-120, Биотек-132, Систина-52, лабораторија Лаор-105, Синлаб-18, Ремедика-16, Плодност–27, Генеа-7, Никоб лаб-186, ВФВ Медикал-34, Ели Медика-31, Ројал Медика–17, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.080.

Досега во земјата се направени вкупно 1.474.094 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.995, бројот на оздравени пациенти е 200.293, на починати е 7.592, а бројот на активни случаи изнесува 8.110.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 94473, Активни 3820

Куманово 12883, Активни 240

Тетово 11329, Активни 156

Прилеп 10232, Активни 435

Битола 8685, Активни 628

Гостивар 8061, Активни 28

Велес 7300, Активни 337

Кавадарци 6970, Активни 309

Штип 6578, Активни 164

Охрид 6459, Активни 289

Струмица 6106, Активни 155

Кичево 4222, Активни 77

Кочани 3999, Активни 182

Струга 3904, Активни 66

Гевгелија 2794, Активни 125

Неготино 2560, Активни 55

Свети Николе 2115, Активни 80

Крива Паланка 1890, Активни 140

Ресен 1738, Активни 96

Радовиш 1725, Активни 66

Дебар 1456, Активни 2

Берово 1446, Активни 97

Делчево 1399, Активни 139

Виница 1156, Активни 43

Пробиштип 1116, Активни 28

Валандово 935, Активни 59

Кратово 769, Активни 46

Богданци 644, Активни 36

Демир Хисар 614, Активни 78

Крушево 588, Активни 34

Македонски Брод 495, Активни 12

Демир Капија 424, Активни 7

Македонска Каменица 416, Активни 66

Пехчево 350, Активни 11

Дојран 164, Активни 4

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Изложба на дела од Владимир Темков во Кавадарци

„Виножито" е насловена ликовната изложба што вечерва е отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. Претставени се дела од ликовниот уметник Владимир Темков.

Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева посочи дека се презентирани педесетина дела со спектар од боите на виното и житото.

За 40-годишното ликовно творештво на Темков, говореше Трајче Цветков, виш кустос историчар на уметност при Музејот.

-Тој припаѓа во редот на хиперактивните сликари, кои секојдневно работат и по 12 часа во своите ателјеа. За тоа сведочат и над 100 самостојни и групни изложби во нашата земја и насекаде низ светот. Иако во неговиот богат творечки опус има повеќе фази, сепак има една нагласена универзална симболика за убавините на својот роден крај, истакна Цветков.

На љубителите на уметноста им се обрати и самиот автор, кој денеска слави роденден.

Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Педагошка академија, Факултет за ликовни уметности и магистерски студии завршил во Скопје.

– Има работено на повеќе работни позиции, меѓу кои и референт за култура, директор на Младински дом „Младост", директор на Дом на култура „Иван Мазов – Климе", потоа ја има извршувано функцијата претседател на Комисија за култура на бивша СФРЈ и тн. Во својата досегашна плодна уметничка кариера има реализирано повеќе проекти и интервенции од областа на уметноста и учествувано на повеќе меѓународни конференции. Има реализирано над 50 самостојни изложби, учествувано на многубројни групни изложби како и ликовни колонии, стои во неговата биографија.

Фото: „BMW“ се простува од „V12“ моторот во голем стил

Последните 12 примероци ќе бидат произведени ова лето.

„BMW“ уште претходно најави крај за моќниот „V12“ мотор, по 35 успешни години. Крајот на едната еда ќе биде обележан со специјална ограничена серија од моделот „BMW M760i xDrive“ со ознака „Final V12“.

Во рамките на оваа серија ќе бидат направени само 12 примероци од најмоќниот модел во серија 7 а сите автомобили се резервирани за американскиот пазар.

Засновата на стандардниот „BMW-u M760i xDrive“, верзијата „Final V12“, ќе има единствени ознаки на надворешноста и во ентериерот, потоа ексклузивни тркала и широк спектар за опции за персонализација на возилото по желба на купувачот.

Под хаубата се разбира се наоѓа 6.6 литарскиот „V12“ мотор со 609 КС. СИлата на сите четири тркала се пренесува преку 8-степен автоматски менувач.

Сите возина ќе бидат нумерирани со броеви од 1 до 12 а производството започнува во јуни 2022 година додека автомоблите кај своите сопственици ќе пристигна во јули.

Цената стартува од 200.000 долари.

Санкционирани 95 возачи кои возеле побрзо од дозволеното на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Во акциска контрола на полицијата денеска на автопатот Куманово – Скопје – Велес санкционирани се 95 возачи кои возеле побрзо од дозволената брзина.

Од нив, 16 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четворица се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР, апелирајќи до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

притисни ентер