МЗ: Регистрирани 163 нови случаи на Ковид 19, починати се седум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1721 тестирања.

Регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-17, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-13, Струга-3, Велес-6, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-5, Гостивар-8, Гевгелија-3, Струмица-18, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Свети Николе-1, Кичево-3, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 132 оздравени пациенти од: Скопје-46, Куманово-13, Штип-7, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-3, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-12, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-1, Делчево-4, Кратово-1, Кичево-3, Неготино-2.

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струга (78г и 80г), пациент од Кочани (77г), од Струмица (44г), од Скопје (72г), од Битола (79г) и еден пациент од Гостивар (79г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16088, бројката на оздравени пациенти е 13550, на починати е 668, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1870. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6406, активни 526

• Куманово 1628, активни 200

• Дебар 271, активни 38

• Штип 1214, активни 68

• Прилеп 574, активни 125

• Тетово 1325, активни 126

• Струга 633, активни 65

• Велес 295, активни 22

• Битола 253, активни 51

• Охрид 398, активни 54

• Кавадарци 207, активни 31

• Гостивар 865, активни 87

• Гевгелија 92, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 130, активни 66

• Крива Паланка 86, активни 36

• Радовиш 54, активни 11

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 202, активни 60

• Пробиштип 98, активни 19

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 86, активни 11

• Пехчево 42, активни 21

• Берово 74, активни 24

• Валандово 13, активни 4

• Виница 96, активни 28

• Делчево 135, активни 76 (28 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 4

• Свети Николе 310, активни 19

• Кичево 294, активни 28

• Ресен 155, активни 8

• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1721 теста се преку: ИЈЗ-525, ЦЈЗ Скопје-40, Авицена-254, Биотек-154, МАНУ -91, Жан Митрев (Филип Втори)-175, Систина со PCR метода -165, лабораторија Лаор –50, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-76, Инфективна клиника-8, ГАК-17, Синлаб-166, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 169.481 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 34 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 161, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 49

• Гази Баба – 72

• Аеродром - 83

• Карпош – 71

• Центар – 74

• Кисела Вода – 48

• Ѓорче Петров – 25

• Бутел - 33

• Шуто Оризари – 12

• Студеничани – 9

• Сарај – 15

• Арачиново – 9

• Илинден – 8

• Сопиште – 2

• Чучер Сандево – 2

• Петровец – 5

• Зелениково - 1

• Странец – 4

• Нераспределен-4

Со почит,

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство

Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на ЕУ и на Словенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Словенија и на Европската Унија во Република Македонија.

Акредитивните писма ќе бидат предадени од Милан Предан, новоименуван амбасадор на Република Словенија во Република Македонија и од Дејвид Гер, новоименуван амбасадор на Европската Унија во Република Македонија.

Приведено е лицето кое вчера попладне нападна доктор на Клиниката за токсикологија

Приведено е лицето кое вчера попладне нападна доктор на Клиниката за токсикологија.

Станува збор за 32 годишeн скопјанец против кого, според министерството за внатрешни работи, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инцидентот на токсикологија се случи вчера попладне. Дежурниот доктор го препратил неговото малолетно дете на педијатрија по што бил нападнат од таткото и со површен хематом и расекотини на главата завршил кај колегите на ургентен, а потоа пуштен на домашно лекување.

Министерот за здравство, Венко Филипче синоќаза случајот реагираше на фејсбук,.

-Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат“, напиша Филипче.

Османи на средба со генералниот секретар на Регионален совет за соработка, Мајлинда Брегу

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска треба да оствари работна средба со генералниот секретар на Регионален совет за соработка, Мајлинда Брегу како дел од нејзината тура на земјите од регионот.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, во првиот дел на посетата, Брегу на средбата со Османи ќе разговара за евроатлантски перспективи на целиот Западен Балкан.

-За време на средбата се очекува да стане збор за иницијативноста и активностите на Советот за регионална соработка за време на кризата предизвикана од пандемијата КОВИД19, а ќе се разговара и за односите со соседите врамени во мултилатералните и регионалните иницијативи. Ќе се разговара за европските перспективи на земјата и регионот, а особен акцент се очекува да се стави на претстојниот Софиски самит во рамки на заедничкото претседателство на Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес, информираат од МНР.

За време на нејзината посета на Македонија ќе бидат остварени средби со високи владини претставници./МИА

притисни ентер