МЗ: Потврдени 48 нови случаи на Ковид 19, вкупно во земјата 711 дијагностицирани пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. 

Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања на Ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот. По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 711 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

 Скопје – 284

 Куманово - 168

 Дебар – 49

 Штип-21

 Прилеп –50

 Тетово – 31

 Струга – 33

 Велес – 18

 Битола –8

 Охрид –4

 Кавадарци - 3

 Гостивар –6

 Гевглелија – 4

 Струмица – 2

 Крива Паланка-3

 Радовиш - 4

 Крушево – 3

 Кочани – 19

 Пробиштип - 1

Од 496 тестирање, преку ИЈЗ се направени 353, преку Ветеринарен факултет –9, Авицена –14 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 7.067 тестирања на Ковид-19.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој Министерството информираше во текот на вчерачниот ден.

Информација во врска со редовната прес конференција

Резултатите од тестот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев се очекуваат околу 16 часот. Веднаш потоа Министерот Венко Филипче ќе одржи прес конференција да ги соопшти деталите, како и да информира за состојбата и актуелните прашања со коронавирусот во земјата

Во моментов се одржува вонредна консултација помеѓу стручниот тим на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за да се утврдат следните чекори во однос на заштита и изолација во зависност од исходот на резултатот.

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, повика на ескалација на сите фронтови во телевизискиот говор по повод 200 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Во видеото објавено од Ал Џезира, Абу Убаида го пофали нападот на Иран врз Израел на 13 април, велејќи дека директните напади со беспилотни летала и ракети „поставуваат нови правила, повлекоа важни паралели и ги збунија непријателот и оние што стојат зад него“.

Тој повика и на ескалација на Западниот Брег и во Јордан, велејќи дека тоа е „еден од најважните арапски фронтови“.

„Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции и да го крене својот глас“, рече тој.

Абу Убаида рече дека Хамас останува на барањата што ги постави на разговорите за прекин на огнот, односно да бара Израел да ја прекине воената офанзива, да ги повлече своите сили од Појасот Газа, да им дозволи на раселените да се вратат во северниот дел на Газа. „Соголете го и подигнете ја блокадата.“

Во меѓувреме, Израел ги денеска ги засили нападите низ Појасот Газа, рекоа жителите, додавајќи дека тоа е едно од најлошите гранатирања во последните неколку недели. Армијата наредила нова евакуација на северот од палестинската енклава, предупредувајќи ги цивилите дека се наоѓаат во „опасна борбена зона“.

Во објава на платформата X, портпаролот на израелската војска Авичај Адраи ги повика жителите на четирите зони во Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа да се преселат во засолништа во две одредени области.

Новото гранатирање и бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа доаѓа речиси четири месеци откако израелската војска објави дека ги повлекува своите трупи, тврдејќи дека Хамас повеќе не ги контролира областите.

Израел, исто така, овој месец повлече поголем дел од своите сили од јужниот дел на Појасот Газа. Но, обидите да се постигне прекин на огнот не успеаја, а израелските бомбардирања и упади на територијата од каде што се повлекоа војниците го отежнуваат враќањето на раселените во нивните домови.

Ужас во Колумбија: Фудбалер е погоден со нож во глава на дерби натпревар (ВИДЕО)

Потресна сцена е видена на едно од најголемите дерби натпревари во Јужна Америка, дербито во Меделин помеѓу Атлетико Национал и Индепендиенте, каде навивач фрли нож врз играч на Атлетико.

Ова дерби се рангира како едно од најголемите во Јужна Америка, но и во светот, а особено е интересно поради историјата и влијанието на наркокартелите, но и најголемиот нарко бос на сите времиња, Пабло Ескобар, кој своевремено управуваше еден од овие два клуба - Атлетико Национал.

Дека во Колумбија не е безбедно ниту на фудбалски терен, можевме да видиме на овој натпревар, каде што беше забележана шокантна сцена.

Во самиот финиш на натпреварот, кој на крајот заврши со резултат 2:2, кога играчот на Атлетико, Пабло Чепелини се подготвуваше да изведе корнер, од трибините кон него полета нож и го удри во глава. Веднаш се наведна со болна гримаса на лицето, а до него беше судијката, која ножот за среќа ја промаши, откако се одби од Чапелини.

Интересно, Чепелини реши веднаш да стане и да го продолжи мечот, како ништо да не се случило, само за натпреварот да дојде до крајот, иако го имаше секое право на светот да остане на земја и да побара од судијата да го прекине натпреварот , што ќе му дадеше на неговиот тим три бода.

Американска сенаторка е уапсена под сомнение дека извршила кражба во куќа (ВИДЕО)

Сенаторката на американската сојузна држава Минесота,  Никол Мичел (49) од градот Вудбери е уапсена под сомнение за кражба, соопшти полицијата на округот Детроит Лејкс.

Диспечерите примиле повик околу 4:45 часот во понеделникот од сопственикот на куќата, кој пријавил „провална кражба во тек“, а полицијата пристигнала на местото и ја уапсила Мичел, пренесува ABC News.

Не е познато дали Мичел имала задржано адвокат, а таа е уапсена додека Сенатот е на одмор до вторник поради празникот Пасха.

Според ABC News, нејзиното апсење дојде во незгодно време за демократите во Сенатот, кои имаат предност од еден сенатор во однос на републиканците, така што нејзиното отсуство може да биде проблем во донесувањето на законите доколку недостига поддршка од двете партии.

Пред да биде избрана за сенатор во 2022 година, Мичел работела како метеоролог за Армијата на САД, како и за ТВ КСТП и Јавното радио на Минесота.

Таа сè уште има чин потполковник во Воздухопловната национална гарда и е командант на метеоролошката единица.

Маќеата на Мичел живее на истиот блок куќи во Детроит Лејкс, каде што била уапсена сенаторката, според ABC News.

притисни ентер