МЗ: Осум починати, 199 новозаразени, 120 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19

во: Скопје-90, Куманово-17, Дебар-6, Штип-9, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-12, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-5, Струмица-2, Радовиш-1, Крушево-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Свети Николе-24, Кичево-3, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од: Скопје-94, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-9, Струга-1, Охрид-6, Гостивар-2, Крушево-1, Македонски Брод-1.

Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се тројца пациенти на возраст од 24, 63 и 64 години. Во ГОБ „8 септември" почина пациентка на возраст од 54 години. Во КБ Тетотво починати сe двајца пациенти на возраст од 70 и 74 години. Во Струга во Завод за нефрологија е починат пациент на возраст од 56 години, во ОБ Струга почина пациентка на возраст од 83 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975, бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519. Од вчерашните тестирања еден е контролен тест, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3803, активни 1864

• Куманово 848, активни 181

• Дебар 143, активни 81

• Штип 430, активни 165

• Прилеп 294, активни 61

• Тетово 856, активни 323

• Струга 312, активни 156

• Велес 201, активни 38

• Битола 70, активни 29

• Охрид 223, активни 131

• Кавадарци 25, активни 17

• Гостивар 216, активни 131

• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 22, активни 13

• Крива Паланка 19, активни 9

• Радовиш 5, активни 1

• Крушево 10, активни 5

• Кочани 76, активни 16

• Пробиштип 35, активни 23

• Демир Хисар 6, активни 5

• Македонски Брод 8, активни 5

• Пехчево 6, активни 2

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 5, активни 2

• Свети Николе 112, активни 105

• Кичево 68, активни 59

• Ресен 134, активни 89

• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1545 теста се преку: ИЈЗ-641, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-208, Биотек-102, МАНУ -134, Жан Митрев (Филип Втори) -228, Систина со PCR метода -181, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-27, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 4 деца со мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 111 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 309

• Аеродром - 157

• Бутел - 137

• Гази Баба - 193

• Центар – 143

• Карпош – 143

• Сарај – 124

• Кисела Вода – 108

• Ѓорче Петров – 101

• Студеничани – 110

• Шуто Оризари – 82

• Арачиново – 45

• Илинден – 28

• Петровец – 18

• Чучер Сандево – 11

• Сопиште – 9

• Зелениково- 13

• Странец – 5

• Нераспределен- 128

Во Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Решат Амети

,,Во потрага по светлината", е насловена изложбата на дела, од ликовниот уметник Решат Амети, што синоќа беше отворена во Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе" во Кавадарци. 

Директорката на Домот, Јулијана Туриманџова информираше дека тој работи како професор по сликарство, на Факултетот за ликовна уметност при Државниот универзитет во Тетово.

- Решат Амети е меѓународно признат уметник, носител на наградата за животно дело за уметност и култура, како и многу други награди и признанија од меѓународен и домашен карактер. Неговите уметнички дела се во сопственост на многу музеи, културни институции и приватни колекции на светски познати личности како добитници на Нобелова награда, светски познати писатели, претседатели на држави и слично, соопшти Туриманџова.

Имал над 70 самостојни изложби, организирани претежно во странство, а учествувал и во над 300 групни изложби, локални и меѓународни.

Ликовниот уметник Владимир Темков, за Амети рече дека е човек што ја промовира македонската уметност ширум светот.

Климе Коробар, историчар на уметност и ликовен критичар, подвлече, дека, за сликарството на Амети, можеме слободно да кажеме дека тоа не е одраз на надворешната реалност, туку преставува внатрешна слика на душата.

- Неговите имагинарни предели на душата тежнеат кон убавина, која гледачот треба да ја впие во себе, за да може да го почуствува величествениот момент на светлината. Затоа што, само преку нејзе, можеме да го осознаеме светот што не опкружува, но и духовниот свет кој ги осветлува нашите души, на што целосно му е посветено сликарстрвото на Решат Амети, додаде Коробар.

Таравари од Берлин: Дијаспората знае да се сензибилизира за промени

Стотици сограѓани синоќа го пречекаа кандидатот за претседател Арбен Таравар во знак на поддршка за промената што ја вети коалицијата ВЛЕН.

А токму гледајќи ја волјата за промени, Таравари од овој централен собир со дијаспората истакна дека ниту еден политички процес не е направен без дијаспората бидејќи тие знаат да се сензибилизираат за да ја направат промената. Затоа, според него, нема дилема дека тоа ќе се докаже на 24 април и 8 мај.

„Немаше важен процес во Македонија што се одвиваше без дијаспората, почнувајќи од првото политичко движење. Тетовскиот Универзитет беше невозможен проект без поддршка од дијаспората, исто така до формирањето на партијата која сега е на власт, како што сте сега посветени од дијаспората да ја смените истата партија. Двапати се натпреварував во Гостивар и дојдоа значителен број на луѓе од диаспората. Тие го сензибилизираат населението и покажуваат колку е важно да се гласа за да се направи промена. Ние се приклучивме и го направивме нашето, вие продолжите да ја работите својата работа, да гласате за политичката ротација што треба да се случи во Северна Македонија. На овој начин овозможуваме дел да се врати да живее Северна Македонија. Можете да комуницирате со луѓето, да побарате да не поддржат на 24 април, бидејќи 24 април ќе биде клучот за големата парламентарна победа на 8 мај“ – истакна Арбен Таравари на централниот митинг со дијаспората во Берлин.

ДУИ: Мицкоски сака враќање на државата пред 2001 година, Македонија без Албанци

Мицкоски и ВМРО јавно бараат  Македонија без Албанци. Тој дури отворено ги повикува сите Македонци да се обединат против Али Ахмети и ДУИ.

Мицковски на митингот во Кратово побара обединување на сите Македонци за Албанците да не добијат ниту еден пратеник во третата изборна зона.

Вокабуларот на Мицкоски не е само против Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, туку и против Охридскиот рамковен договор, барајќи конкретно враќање на државата пред 23 години.

ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за националистичкиот и антиевропскиот речник на ВРМО, кој чувствувајќи го поразот на 24 април и 8 мај, поттикнува меѓуетничка и антиевропска омраза во Македонија.

Воедно, го потсетуваме Мицкоски дека Македонија е веќе дел од НАТО со премиерот Талат Џафери, а претседател ќе биде најуспешниот шеф на дипломатијата досега, д-р Бујар Османи.

Ја повикуваме албанската опозиција да се вразуми и да не стане алатка на руската агенда што ја прокламира ВМРО и нивните гласноговорници.

ДУИ

притисни ентер