МЗ: Ослободување од работа на ранливите категории, избегнување сонце, носење светла облека - Канал 5

МЗ: Ослободување од работа на ранливите категории, избегнување сонце, носење светла облека

Да се внесуваат повеќе течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

МЗ: Ослободување од работа на ранливите категории, избегнување сонце, носење светла облека

Од утре до среда, територијата на цела држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалово ниво на опасност од високи температури и согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, се преземат акции предвидени за фаза 2 – „Портокалово ниво“ на топлотни бранови, информираат од Министерството за здравство.

По тој повод, Владата ги усвои препораките на Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури.

- Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, од 12 до 14 август, предвидено е ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, известуваат од Министерството за здравство.

Оттаму, меѓу другото, посочуваат единиците на локална самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица.

- Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, велат од Министерството.

Се апелира населението да ги почитува општите мерки за заштита на здравјето, како што се, во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред сè климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за почести одмори под сенка. Да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор.

- Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна.

Да се внесуваат повеќе течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: задолжително миење на зеленчукот и овошјето пред нивна употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката, како и избегнување термички необработени производи, нагласуваат од Министерството за здравство.

Путин и Си Џинпинг во телефонски разговор ги осудија нападите на Израел врз Иран

 Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор ги осудија нападите на Израел врз Иран и се согласија дека е потребна деескалација, соопшти Кремљ.

Путин и Си Џинпинг во телефонски разговор ги осудија нападите на Израел врз Иран

Двајцата „силно ги осудуваат дејствијата на Израел, кои ја кршат Повелбата на ОН и другите норми на меѓународното право“, изјави претседателскиот советник Јуриј Ушаков за новинарите.

„И Москва и Пекинг се целосно убедени дека нема воено решение за моменталната ситуација и прашањата поврзани со нуклеарната програма на Иран. Ова решение мора да се постигне исклучиво преку политички и дипломатски средства“, рече Ушаков.

Русија предупреди дека ќе настапи катастрофа ако конфликтот меѓу Израел и Иран, кој продолжува веќе седми ден, ескалира дополнително и ги повика САД да не се приклучуваат кон бомбардирањата кои ги извршува Израел.

Во последните денови, Путин телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и постојано повторуваше дека Русија е подготвена да посредува меѓу завојуваните страни. Досега никој не го прифатил предлогот на Русија, пренесуваат светските агенции.

Путин денеска го повтори предлогот во телефонскиот разговор со Си, кој е негов близок сојузник. Од своја страна, кинескиот лидер изрази поддршка за идејата, рече Ушаков, „бидејќи смета дека таа може да послужи за деескалација на моменталната тензична ситуација“.

Средба на министерот Тошковски со Золт Бунфорд, специјален пратеник на унгарскиот премиер за З.Балкан

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со Золт Бунфорд, специјален пратеник  за Западен Балкан на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Средба на министерот Тошковски со Золт  Бунфорд, специјален пратеник на унгарскиот премиер за З.Балкан

Од МВР соопштија дека на средбата била потврдена одличната соработка помеѓу двете Министерства и двете Влади, при што двете страни ја потенцирале меѓусебната доверба, поддршка и соработка во натамошното промовирање на истите.

Министерот Тошковски изразил благодарност за меѓусебната посветеност, но и за братскиот однос во развивањето на односите помеѓу двете земји, подвлекувајќи го фактот дека, се наведува во соопштението, заедничките предизвици бараат заеднички решенија и дека она што денес го засега македонското Министерство за внатрешни работи, утре ќе има ефект на европските збиднувања.

- Средбата заврши со меѓусебно уверување во заемната посветеност на решавање на заедничките предизвици и апсолвирање на заедничките приоритети, како и со ветување за натамошна заедничка поддршка во сузбивањето на илегалната миграција и нејзиното сузбивање, соопштија од МВР.

Ребалансот на буџетот на седница на Влада

Ребалансот на буџетот на седница на Влада, најавени повеќе пари за општините, за здравството, за повисоки плати, пензии, субвенции.

 Ребалансот на буџетот на седница на Влада

На седница на Влада денеска ќе се разгледува ребалансот на Буџетот, најави премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашање каде ќе се крати и каде ќе има повеќе пари со новиот ребаланс. Тој истакна дека во новиот ребаланс на буџетот ќе има повеќе пари за општините, повисоки плати, пензии, како и за здравството.

-Таму се средствата за оние проекти, коишто се во рамки на единиците на локална самоуправа, средства за повеќе субвенции, повисоки плати, пензии итн.итн. и здравство. Но, после да речеме по усвојување на Предлог буџетот во прво читање во рамките на владината седница ќе биде тоа претпоставувам објаснето пред медиумите, изјави Мицкоски.

Прашан за извештајот на Државниот завод за статистика во однос на земјоделството, каде што е нотирано поголеми инпути и поголеми аутпути и е позитивно за земјоделците и што можат да очекуваат од ребалансот на буџетот, Мицкоски одговори дека тоа е апсолутно точно, има зголемување на цените кон откупувачите и повеќе пари за земјоделците во нови инвестиции.

-Апсолутно е тоа точно и тоа го покажува новиот Извештај на Државниот завод за статистика и имаме двоцифрен раст на аутпутот, односно зголемување на цените кон откупувачите, коишто генерално оди за извоз и би рекол незначителен од 1,2 проценти зголемен инпут, тоа во трошоците, во расходната страна на земјоделците и тоа е веќе неколку месеци и тоа е одлично, одличен параметар. Тоа значи повеќе пари за инвестиции, повеќе пари за земјоделците, рече Мицкоски.

Што се однесува за поддршката што ја дава Влада, премиерот Мицкоски напомена дека минатата година е дадена поддршка кон земјоделците повеќе од 8,6 милјарди денари.

-Пари дадени на земјоделците за исплата на заостанати субвенции од 2021 плаќавме, од 2021, 2022, 2023, 2024, мислам дека е заокружена и сега треба да се размислува за тековната година. Така што од 2021 година се плаќаа заостанати субвенции од 8,6 милјарди денари, изјави Мицкоски, на настан по повод отворање на Македонско село во Скопје.

притисни ентер