МЗ: Од денеска во нашата земја, два значајни меѓународни проекти за борба против коронавирусот

Од денеска Македонија е една од земјите во кои ќе се спроведуваат два значајни меѓународни проекти за борба против коронавирусот.

Имено, денеска Светската Здравствена Организација го потврди учеството на нашата земја во програмата „Солидарност“, што претставува голема, меѓународна студија дизајнирана да даде податоци за најефикасен треман во лекувањето на пациентите со КОВИД-19.

Целта на студијата е во рамки на дефинирани протоколи да се следи ефикасноста на 5 тераписки опции со кои ќе се лекуваат пациентите со КОВИД 19.

Се работи за мултицентрична програма во која досега се вклучени земји од сите страни на светот меѓу кои: Аргентина, Бахреин, Канада, Франција, Иран, Норвешка, Јужна Африка, Шпанија, Швајцарија и Тајланд.

Министерството за здравство е во постојана коориднација со канцеларијата на СЗО во нашата земја, која согласно утрдени услови и критериуми би требало да обезбеди техничка и експертска поддршка за реализација на студијата.

Дополнително, од денеска во рамките на Министерството за здравство започна он-лајн тренинг програма „COVID 19 Response Training“ наменета за здравствените работници. Тренингот е развиен од страна на „Project HOPE“ заедно со „Brown University“ од САД и е базиран на препораките на СЗО за справување со ширењето на болеста и заштита на здравствените работници, а во моментов нашата земја е меѓу првите земји во Европа во кои започнува програмата.

Со оглед на фактот дека голем дел од здравствените работници во светот се заболени од КОВИД-19, тренингот ќе го следат здравствени работници, со примарна цел да се обучи медицинскиот персонал како пред се да заштити себеси, а со тоа да биде во можност да пружи адекватна нега во делот на превенција и ширење на болеста, контрола на ситуацијата, стабилизација на болните, дијагноза и менаџмент на ситуацијата, скрининг и тријажа, како и утврдување на капацитетите на здравствениот систем и негов развој.

На нашиот Клинички Центар, тренингот ќе го следат 20 доктори и 20 медицински сестри, кои стекнатото знаење од експертите од САД и универзитетот ќе го пренесат и на своите колеги, не само во институциите во Скопје, туку и ширум државата, во сите Јавно здравствени установи каде има персонал кој може да дојде во контакт со пациенти позитивни со КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.

Олимпискиот оган денес ќе биде запален во Античка Олимпија

Денеска традиционално од зраците на сонцето, во Античка Олимпија  ќе биде запален олимпискиот оган за Летните олимписки игри „Париз 2024“, а откако ќе помине 11 дена низ цела Грција.

Денеска традиционално од зраците на сонцето, во Античка Олимпија ќе биде запален олимпискиот оган за Летните олимписки игри „Париз 2024“, а откако ќе помине 11 дена низ цела Грција, на 26 април ќе им биде предаден на организаторите, веднаш откако ќе биде запален огнот, ќе започне и штафетното пренесување во цела Грција,што ќе трае 11 дена.

Во Грција е Дејан Трајковски.

Дејан започна манифестацијата по повод палењето на олимпискиот оган, што се случува денеска во Грција ?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Видео: Пожар избувна во зградата на Берзата во Копенхаген, нејзиниот врв се урна

 Пожар изутрината го зафати покривот на 17-годишната зграда на Берзата во Копенхаген, која е една од најстарите згради во градот, јавуваат медиумите.

Зградата која се наоѓа веднаш до палатата Кристијансборг, каде што се наоѓа Парламентот, е популарна туристичка атракција.

Се урна симболичниот врв во облик на заплеткани опашки на четири змејови, висок 56 метри.

Големи облаци чад се издигнуваат над центарот на Копенхаген и се гледаат луѓе кои трчаат во зградата за да ги спасат сликите. Данските медиуми јавуваат дека анексот на Парламентот е евакуиран.

Полицијата и пожарникарите се пред зградата, која е опкружена со скелиња. Пристигнала и Итна помош, но нема информации за жртви. /МИА

Од четврток две дополнителни автобуски линии за Саемот на книга

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи полесен пристап на посетителите на „Меѓународен саем на книгата“ кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека од четврток ќе бидат пуштени дополнителни линии поради Меѓународниот саем на книгата што ќе се одржува во спортскиот центар „Борис Траковски“.

Со цел полесен пристап на посетителите во редовниот линиски превоз ќе бидат пуштени линиите „100“ и „200“ од кои едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион.

И двете линии ќе сообраќаат до 24 овој месец, а билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз.

Возен ред на линија „100“ (Ново Лисиче - СЦ „Борис Трајковски“)

Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.

Траса на движење: улица „Февруарски поход“, булевар „В.Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Јосифовски Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Возен ред на линија „200“ (Дексион-СЦ „Борис Трајковски“)

Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.

Траса на движење: улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

притисни ентер