МЗ: Од денеска се отвораат аеродромите, протоколот од Комисијата за заразни болести е според светските стандарди

Министерството за здравство информира дека согласно одлуката на Комисијата за заразни болести, денеска се отвораат аеродромите во Скопје и во Охрид.

Протоколот донесен од комисијата е направен по сите светски стандарди. Во зградата ќе имаат можност да влегуваат само патниците. Тие ќе треба да пристигнат на аеродром три часа пред летот. Со ова, значајно ќе се намали ризикот од гужва. Патниците ќе мора да ги почитуваат принципите на дистанца, задолжително носење на маска и дезинфекција на рацете.

Во зградата е поставена и термална камера на влезот од ТАВ, за да се прави термален скрининг на сите патници кои доаѓаат во земјава. Собата за изолација и понатаму ќе функционира, за патниците кои имаат покачена телесна температура. Вработените од Центарот за јавно здравје ќе можат да индицираат и тестирање на патниците на кои ќе утврдат дека тоа е потребно.

Гала оперски концерт и балет ,,Болеро” во петок во НОБ

На 22.1.2021 поради големиот интерес повторно на репертоарот на Националната опера и балет ќе се одржи гала оперски концерт со почеток во 20 часот. 

Настапуваат солистите: Сандра Митровска (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Марјан Јованоски (баритон), во придружба на оркестарот при Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца.

Настапува: Женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска - сопран и Оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент: Бисера Чадловска, концерт мајстор: Јане Бакевски, кореограф: Саша Евтимова костимограф: Марија Пупучевска, светло дизајн: Милчо Александров.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Билетите се во строго ограничен број!, соопштуваат од НОБ.

Дел од патот кон Пониква во прекин поради полициска вежба

Сообраќајот на регионалниот пат  Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром" до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот .

Сообраќајот на регионалниот пат Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром" до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот поради одржување на вежбовни активности од припадниците на МВР на Република Северна Македонија, информираат од СВР Штип.

СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Меланија Трамп го имаше последното обраќање во Белата куќа

Првата дама на САД, Меланија Трамп, утре ќе ја напушти Белата куќа.

По тој повод таа и се обрати на нацијата и истакна неколку проекти кои во последните четири години ги спроведе фамилијата Трамп, кога станува збор за обновата и одржувањето на Белата куќа.

„Во 2020 година нашата земја претрпе разорни и неочекувани загуби на живот заради пандемијата на ковид-19. Како што се ближи крајот на ова поглавје, важно е да се препознаат бројни луѓе без кои мојата улога на прва дама не би била можна“, нагласи Меланија и се заблагодари на сите вработени во Белата куќа кои помогнале на проектите кои ги работела.

притисни ентер