МЗ: Обезбедна е современа терапија за пациентите со малигни заболувања

За пациентите со малигни заболувања, инфламаторни и автоимуни болести, од минатата година, обезбедена е современа биолошка терапија, која придонесува за зголемување на успешноста во лекувањето и значително подобрување на квалитетот на живот.

За таа цел, Министерството за здравство, со централизирана набавка обезбеди 30 нови видови биолошки лекови за третман на рак на дојка, рак на бели дробови, метастазиран меланом, хематолошки болести, лимфоми, мултиплекс склероза, ревматоиден артритис, васкулитис и други заболувања, со кои се опфаќаат голем број пациенти.

Иновативната биолошка терапија е достапна за сите пациентите во нашата држава на кои им е неопходна. Овие лекови делуваат така што поттикнуваат малигното заболување да се трансформира во хронично, со кое пациентите ќе може да живеат како со секое друго хронично заболување. На тој начин терапијата го продолжува, но истовремено и го подобрува и квалитетот на животот.

Оваа биолошка или таканаречена иновативна терапија е дел од стандардните протоколи во европските земји, а се користи во раните фази на болеста, но и кога станува збор за понапредна фаза. Сега постојат многу прецизни дијагностички анализи, како геномското профилирање на туморите, со кои прецизно се одредува дали одреден пациентот ќе има полза од одредена таргетирана и биолошка терапија, за да може полесно да се насочи и модифицира третманот.

Министерството за здравство води вистинска грижа за здравјето на секоја жена. Оттсега, пациентките имаат можност за двојно читање на мамографските слики од двајца независни читачи-радиолози. Тие треба да имаат искуство од читање на мамографии од минимум 800 пациенти.

Во Клиничката болница во Битола се формираше Центар за дојка. Во оваа установа пациентките можат на едно место да направат мамографија, ехо преглед и магнетна резонанца.

Исто така, за првпат се обезбеди и психолошка поддршка на онколошките пациенти. Оваа поддршка е значајна и најважна за успешно лекување на болестите, соопшти Министерството за здравство

Стопанствениците се жалат на одлуката на владата утре да биде неработен ден

Одлуката утрешниот ден и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани, негативно ќе се одрази на бизнисот.

Фирмите ќе претрпат загуби, неефикасна станува целата недела по вакавата одлука, реагираат од бизнис заедницата. Од Сојузот на стопанските комори велат, одлуката на Владата, за која никој не ги консултирал, ќе ја почитуваат, но со неа не се согласуваат.

„Знаете кога ќе прогласите неработен ден во среда од прилика негативноста ја има цела недела така да и понеделникот и вторник се реалтивно не ефикасни и четвртокот и петокот, така да навистан една многу непријатна ситуација...Со нас конкретно никој нема разговарано на оваа тема.... “- Трајан Ангеловски – претседател на ССК

Од пазарен најавуваат инспекциски контроли во текот на утрешниот ден. Оттаму со препорака сите да ја почитуваат владината одлука. Велат исклучок се само оние работодавачи чии работни процеси поради активностите кои ги извршуваат не можат да прекинат со работа.

„24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.За наведените денови ДПИ ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали Заклучокот на Техничката Влада се почитува. “ - Државен пазарен инспекторат

За да бидат неработни 24 април и 8 мај прво имаше препорака, но по реакциите во јавбниоста и од бизнис секторот, владата донесе заклучок изборните денови да бидат неработни, со цел непречено одвивање на гласањето.

МВР со оперативен план ќе се грижи утрешниот изборниот ден да помине во мирна атмосфера

Од МВР претходно најавија дека ќе има засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар.

На утрешниот прв круг од претседателските избори ќе може да гласаат и граѓаните кои немаат валидни документи со „Северна “ или по рок на важност им истекле личната карта или пасошот во периодот од 9 месеци до денот на одржувањето на изборите, односно по 24 јули 2023 година. Истото ќе важи и за изборите на 8-ми мај, согласно измените на Изборниот законик од 7-ми март.

Воедно, граѓаните и утре ќе можат да ги подигнат нивните веќе изготовени лични документи.. Од МВР посочуваат и дека скопјани ќе можат личните карти да ги подигнат и во полициските станици.

„ Одделенијата за управни работи работат се со цел граѓаните кои не ги подигнале личните карти да можат тоа да го направат и утре за да го остварат своето право на глас, се разбира граѓаните ќе можат да одат од 8-19 часот да одат во одделенијата за управни работи во градовит екаде што живеат,а за Скопје знаеме дека личните карти се подигнуваат од надлежните полициски станици. “-Тони Ангеловски – Портпарол на МВР

Од полицијата велат дека сите сектори за внатрешни работи се целосно подготвени за гласањето да помине во најдобар ред. Информираат дека како и за претходните избори така и за овие формиран е посебен оперативен штаб кој е насочен кон реализацијата на изборниот процес.

„ Досега нема никакви ниту индиции ниту најави за било какви проблеми, се надеваме ние ќе направиме се процесот да помине најдобро што може, полицијата е подтовена за граѓаните да можат слободно да ја изразат својата волја. “-Тони Ангеловски – Портпарол на МВР

Од МВР претходно најавија дека ќе има засилено полициско обезбедување во Тетово и Гостивар.

ДИК со последни подготовки пред утрешниот изборен ден

Речиси 7.000 болни и изнемоштени лица, затвореници во казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, гласаат денеска, ден пред утрешните претседателски избори. 

Од Државанта изборна комисија соопштија дека се ореземаат сите чекори утрешниот изборен ден да помине во најдобар ред. Пред ДИК е Андријана Лазова.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер