МЗ : Намалувањето на изложеноста на сонце го намалува ризикот за појава на рак и стареење на кожата

Клиниката за дерматологија предупредува дека прекумерното изложување на сонце, особено на УВ зраци од сончевиот спектар, од најраната детска возраст, е главната причина за појавата на меланомот, не-меланотичниот кожен рак и стареењето на кожата.

Најголемо влијание имаат изгорениците од сонце, но и долготрајното изложување на сонце без појава на изгореници е ризик фактор за појава на штетните ефекти на УВ зраците. Луѓето со светол тен и светла боја на очите кои лесно горат на сонце, имаат многу бенки или пеги, црвена или светла коса, се со особен ризик за развој на кожен рак и стареење на кожата.

„Намалувањето на времето на изложеност на сонце го намалува ризикот за појава на кожниот рак и стареење на кожата. Но, не се препорачува ниту целосното избегнување на изложеност на сонце заради многубројните позитивни ефекти на сонцето, како што се синтезата на витаминот Д, антидепресивното влијание и поволното дејство на кардиоваскуларниот систем. Најсигурна заштита е да не се излегува на сонце во периодот од 11.00 до 17.00 часот. Особено треба да се внимава кога УВ зрачењето се зголемува заради рефлексијата од снегот, белиот песок или бетонот. Облаците во мал степен претставуваат заштита од сончевото зрачење, додека пливањето во вода или ветер не обезбедуваат заштита." – информираат од Клиниката.

Од установата препорачуваат кожата да биде заштитена со облека, најдобро густо ткаена, широка облека, да се носи шапка за заштита на лицето, вратот и ушните школки, како и очила со УВ заштита. Важно е да се биде сокриен од сонцето пред кожата да се зацрвени. Сенка од дрвја со густа крошна или од зграда би било идеално решение.

Лекарите препорачуваат и да се користат креми со висок заштитен фактор (најмалку SPF 30) за заштита од УВБ зраците кои предизвикуваат изгореници или крем со 4 или 5 ѕвезди на логото со што се овозможува заштита од УВА зраците кои се одговорни за појава на кожен рак и стареење на кожата. Редовното нанесување на заштитен фактор на секои два часа е битно за реактивација на кремот.

Луѓето кои примаат лекарска терапија или имаат заболувања кои ги прават особено осетливи на сончевата радијација треба да побараат совет и терапија од своите доктори, а бебињата и малите деца воопшто не треба да се изложуваат на директно сончево зрачење, соопштуваат од Министерството за здравство.

МЖСПП: Сите 17 мерни инструменти и мобилната станица се во функција, не работат поедини инструменти во неколку од нив

Концентациите на ПМ10 честичките и ПМ 2.5 во моментов не е мерат на четири мерни места во земјава во Гази Баба, Миладиновци, Битола 1, Струмица и во мобилната станица која е лоцирана во Ѓорче Петров.

Причини се кај дел технички проблеми, а кај дел поради дотраеност.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека од вкупно 17 мерни станици и една мобилна во моментов сите се во функција и дека во мерните станица постојат по пет мерни инструменти за мерење на пет различни параметри, а оти во одделни мерни станици само поедини мерни инструменти не работат.

-Мерниот инструмент за мерење на РМ10/PM2.5 од мобилната мерна станица во Ѓорче Петров и мерните инструменти за РМ10 од мерните станици во Карпош и Струмица се исклучени поради технички проблем. Мерните инструменти за мерење на PM10 од мерните станици Битола 1 и Миладиновци се исклучени поради осцилации во мерењата кои се последица на дотраеноста на самите инструменти и на нивниот извор за радијација, бидејќи оптимална оперативна работа на еден инструмент е 10 години. Мерниот инструмент за мерење на СО од мерната станица Ректорат е исклучен поради технички проблем. Мерните инструменти за мерење на O3, CO, SO2 и NO-NO2-NOx од мерните станици Карпош и Центар кои не се во функција се од производителот Orion, и за нив нема резервни делови поради престанок на работа на фабриката. Истите треба да се заменат со нови мерни инструменти од други производители, појаснуваат од Министерството.

Додаваат дека во текот на оваа година во тек се повеќе активности за набавка на нови мерни инструменти. Реализацијата на дел од набавката е со донаторски средства, а дел со буџетски средства на МЖСПП.

Оттаму истакнуваат дека седум нови мерни инструменти за O3 (озон),седум нови мерни инструменти за SO2 (сулфур двооксид), седум нови мерни инструменти за CO (јаглерод моноксид), два нови автоматски мерни инструменти за мерење на PM2.5(суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри), два нови секвенцијални нисковолуменски семплери за мерење на PM10 и PM2.5, седум нови сета од метеоролошки сензори за мерење брзина и насока на ветар, атмосферски притисок, влажност, глобална радијација, надворешна температура, како и кула за калибрација на автоматски мерни инструменти за PM10 и PM2.5 се набавуваат преку јавна набавка од Буџетот на МЖСПП за 2020 година. Би требало да се стават во функција во првата половина од месец декември 2020 година.

Се врши набавка на опрема преку IPA-CBC проект. Како што наведуваат потпишан е договор и краен рок за испорака и оперативност на опремата е крајот на месец октомври 2020 година. Со оваа набавка, додаваат, ќе се инсталира нова мерна станица во Општина Гевгелија со сите мерни инструменти (O3, NO-NO2-NOx, SO2, CO, PM10, PM2.5, секвенцијален нисковолуменски семплер за мерење на PM10 и PM2.5, како и метеоролошки сензори), како и замена на сите мерни инструменти при што ќе се додадат и инструменти за мерење на нови параметри од мерната станица Битола 1 (O3, NO-NO2-NOx, SO2, CO, PM10, PM2.5, секвенцијален нисковолуменски семплер за мерење на PM10 и PM2.5, како и метеоролошки сензори).

Преку СИДА проект се набавува опрема која се состои од 27 инструменти. Краен рок за доставување понуди е 3 септември 2020 година и се очекува да биде испорачана до крајот на годината и дополнитело се прави набавка на опрема преку IPA2 проект za [to tендерската документација е подготвена и се очекува објава на тендерот најдоцна до крајот на годината.

Маричиќ – Брегу: Добрата регионална соработка подразбира ширење на духот на европските вредности

 Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу, која во моментот е во работна посета на Република  Македонија.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата Маричиќ истакнал дека добрата регионална соработка е суштинска за ширење на духот на европските вредности и практики, за динамична европеизација на регионот, а дека во тој поглед, Советот за регионална соработка е значаен за воспоставување и негување на добрата соработка во регионот.

Министерот Маричиќ потенцирал дека Република Македонија е на историски пат бидејќи наскоро се очекува официјално започнување на преговорите со ЕУ и да го отвориме Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права.

40 илјади вакцини против сезонски грип за ризичните групи

Годинава ќе се набават за 40 проценти повеќе вакцини против сезонски грип за ризичните групи, највуваат од Министерството за здравство .

Министерството за здравство ќе набави 40.000 бесплатни вакцини против сезонски грип за ризичните групи во кои спаѓаат, лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и за децата на возраст од 6 месеци до 5 години.

Минатата сезона, како што наведуваат од министерството, биле набавени 28.000 дози бесплатни вакцини, односно бројката годинава е зголемена за 40 отсто.

притисни ентер