МЗ: Денеска се регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 10, Куманово и Дебар – по 2, Тетово – 1.

Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од: Скопје – 5 и Тетово – 1.

Не се регистрирани починати лица.

Направени се 2.550 тестови преку: ИЈЗ-120, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-40, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово–24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-62, Авицена-147, Биотек-95, Систина-66, лабораторија Лаор-0, Синлаб-145, Ремедика-5, Плодност–23, Генеа–3, Никоб лаб-465, ВФВ Медикал-11, Ели Медика-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.280.

Досега во земјата се направени вкупно 935.282 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.965, бројката на оздравени пациенти е 150.243, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 234.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68777, Активни 92

Куманово 8895, Активни 17

Прилеп 8328, Активни 1

Тетово 7344, Активни 74

Битола 6310, Активни 2

Велес 5474, Активни 0

Гостивар 5199, Активни 16

Кавадарци 5156, Активни 1

Охрид 5023, Активни 4

Штип 4963, Активни 3

Струмица 4126, Активни 3

Струга 2985, Активни 4

Кочани 2794, Активни 2

Кичево 2604, Активни 7

Гевгелија 2196, Активни 1

Неготино 2184, Активни 0

Свети Николе 1525, Активни 1

Ресен 1234, Активни 0

Крива Паланка 1227, Активни 0

Радовиш 1161, Активни 0

Берово 1032, Активни 1

Делчево 973, Активни 0

Дебар 947, Активни 5

Виница 886, Активни 0

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 667, Активни 0

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 0

Демир Хисар 400, Активни 0

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 377, Активни 0

Македонски Брод 359, Активни 0

Пехчево 269, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 0

Дојран 132, Активни 0

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер