МЗ: Денеска се регистрирани 120 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 125 пациенти, починати се 5 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања.

Регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4, Дебар-6, Штип-4, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-6, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-12, Свети Николе-1 и Кичево -1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од: Скопје-82, Штип-1, Тетово-30, Струга-2, Битола-2, Гостивар-2, Кочани-4, Пехчево-1, Ресен-1.

Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 65 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на возраст од 46 години кај која присуството на вирусот е докажано постмортем. Во болницата во Козле е почината пациентка на возраст од 85 години. Во Тетово се починати две лица вон болнички услови на возраст 78 и 76, кај едниот од починатите ковид 19 е дијагностициран постмортем.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7244, бројката на оздравени пациенти е 3324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3569. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3487, активни 1941

• Куманово 805, активни 197

• Дебар 116, активни 64

• Штип 394, активни 160

• Прилеп 283, активни 53

• Тетово 789, активни 373

• Струга 274, активни 173

• Велес 198, активни 44

• Битола 63, активни 22

• Охрид 209, активни 180

• Кавадарци 21, активни 15

• Гостивар 173, активни 103

• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 17, активни 9

• Крива Паланка 17, активни 11

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 7, активни 3

• Кочани 75, активни 18

• Пробиштип 28, активни 17

• Демир Хисар 2, активни 1

• Македонски Брод 6, активни 4

• Пехчево 6, активни 2

• Берово 3, активни 0

• Валандово 6, активни 2

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 5, активни 2

• Свети Николе 47, активни 42

• Кичево 49, активни 40

• Ресен 122, активни 84

• Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1367 теста се преку: ИЈЗ-628, Авицена-100, Биотек-134, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори) -258, Систина со PCR метода -116, ЦЈЗ Битола-16. Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 27 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 2 суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 115 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 102 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 373

• Аеродром - 154

• Бутел - 167

• Гази Баба - 192

• Центар – 144

• Карпош – 158

• Сарај – 140

• Кисела Вода – 108

• Ѓорче Петров – 109

• Студеничани – 107

• Шуто Оризари – 91

• Арачиново – 50

• Илинден – 32

• Петровец – 17

• Чучер Сандево – 18

• Сопиште – 9

• Зелениково-8

• Странец – 2

• Нераспределен- 62

Електрично Фиќо ,,го отвори” новиот мост во Џенова (ВИДЕО)

Новиот електричен Fiat 500 прв премина преку новиот мост „Сан Џорџо“ во Џенова на денот кога беше отворен за сообраќај, по катастрофалното уривање пред две години.

Како што велат во Фиат, идејата била новата „50ка“ на електричен погон да стане симбол на спокојство и закрепнување во Италија „која храбро ја гледа иднината“.

Овој автомобил беше првиот што ги премина 1.067 метри на новоизградениот мост во Џенова, пред да се отвори за редовен сообраќај.

Станува збор за новиот мост „Сан Џорџо“, дело на ѕвездата на италијанската архитектура Ренцо Пијано, изграден по две години од трагедијата што се случи на 14 август 2018 година, кога се сруши стариот мост во Џенова, при што загинаа 43 лица.

Мостот над реката Полцевера - изграден во рекордно време - е вонреден инженерски потфат на главниот град на северниот италијански регион Лигурија, за да стане нов симбол на иднината на Џенова.

Гори кулата на Светскиот трговски центар во Брисел (ВИДЕО)

Попладнево избувна пожар во техничките простории на 27-миот кат од кулата на Светскиот трговски центар (WTC) во Брисел.

Противпожарната бригада на Антверпен е на самото место. Густиот црн чад што се издига е видлив од далеку. Командантот на противпожарната бригада на Антверпен, Берт Бругманс изјави дека станува збор за „многу сериозен“ пожар.

Пожарот избувнал на 27-миот кат на кулата. Никој, за среќа, не е повреден.

Кулата во моментов не е во употреба, бидејќи се реновира, а во моментот на пожарот во ена биле присутни само неколку работници, кои успеале навреме да се евакуираат.

Обвинителството за гонење организиран криминал се засилува со петмина обвинители

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција неместо побараните осум, ќе добие пет нови обвинители. 

Обвинителството на Вилма Русковска се засилува со плус 5 обвинители. Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побарала осум обвинители, но Советот на јавни обвинители одлучи да добие пет, поради хроничниот проблем со недостиг на кадар ширум државата, вели претседателот на Советот, Ацо Колевски. Систематизација е направена согласно новиот Закон за јавно обвинителство кој стапи на сила пред еден месец.

Според извршената систематизација Обвинителството за организиран криминал би требало да брои 18 обвинители заедно со Русковска. Но, оттаму тврдат дека и ова е мала бројка за потребите на Обвинителството.

„Во моментов обвинителството функционира со 10 јавни обвинители вклучувајќи ја и Основната јавна обвинителка Вилма Русковска која раководи со ова обвинителство. Според обемот на работа предвидениот број на јавни обвинители е далеку од потребите на обвинителството, за што обвинителството достави барање до Советот на јавните обвинители да се прошири Одлуката за определување на бројот на јавните обвинители за уште осум јавни обвинители, со што бројот на јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал ​ќе изнесува 21 јавен обвинител“, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Претседателот на Советот на јавни обвинители тврди дека состојбата со кадар не е идеална, поради одење во пензија, а во моментов недостасуваат 60 јавни обвинители. Според Колевски некои обвинителства ќе мора да се затворат, како тоа во Тетово, Прилеп Битола и Гевгелија и Свети Николе каде ќе немаат ниту еден јавен обвинител. Нови обвинители се чекаат дури за две години кои согласно законот ќе ги завршат обуките за Академијата. Како едно од решенијата Колевски најави распишување на оглас на почетокот на септември каде што ќе може да се пријавуваат јавни обвинители.

притисни ентер