МЗ: 93 новозаболени, 20 реинфекции

Направени се 777 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на КОВИД-19.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 777 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 52, Охрид – 13, Битола, Кавадарци и Штип – по 4, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кочани и Ресен – по 2, Велес, Гостивар, Струмица, Берово и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (93), регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од: Скопје – 4, Куманово и Кавадарци – по 3, Битола, Прилеп, Велес и Кичево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.

Направени се 777 тестови преку: ИЈЗ-118, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-21, ЦЈЗ Прилеп-4, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–58, Жан Митрев (Филип Втори)-14, Авицена-14, Биотек-51, Систина-18, лабораторија Лаор-9, Синлаб-3, Ремедика-5, Плодност-4, Генеа-7, Никоб Лаб-36, ВФВ Медикал-10, Ели МедикаПлус-1, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 337.

Досега во земјата се направени вкупно 2.074.909 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.252, бројот на оздравени пациенти е 303.410, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 520.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 147820, Активни 346

Куманово 16707, Активни 20

Битола 15757, Активни 31

Прилеп 14238, Активни 13

Тетово 13501, Активни 8

Кавадарци 10715, Активни 11

Велес 9807, Активни 5

Гостивар 9620, Активни 7

Охрид 8970, Активни 30

Штип 8096, Активни 12

Струмица 8086, Активни 7

Кичево 5659, Активни 4

Кочани 5108, Активни 6

Струга 4733, Активни 3

Гевгелија 4426, Активни 0

Неготино 3704, Активни 4

Ресен 2756, Активни 4

Свети Николе 2637, Активни 0

Радовиш 2531, Активни 0

Крива Паланка 2419, Активни 0

Делчево 1986, Активни 0

Берово 1694, Активни 1

Дебар 1681, Активни 0

Валандово 1488, Активни 0

Виница 1396, Активни 1

Пробиштип 1268, Активни 1

Богданци 1023, Активни 2

Кратово 966, Активни 0

Крушево 931, Активни 1

Демир Хисар 836, Активни 0

Македонски Брод 742, Активни 3

Демир Капија 593, Активни 0

Македонска Каменица 525, Активни 0

Пехчево 486, Активни 0

Дојран 347, Активни 0

ФИФА ја полни касата со пари што ќе им ги одзема на криминалците

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе добие дополнителни 92 милиони долари како компензација за загубите предизвикани од корупциски скандали во последните години, одлучи американското Министерство за правда.

Во август минатата година, судот веќе донесе одлука да ѝ плати 201 милион долари на ФИФА, а тие пари ќе бидат земени од луѓе кои биле вмешани во корупциски скандали, од кои повеќе од 50, меѓу кои и поранешни челници на Северноамериканската фудбалска асоцијација. (КОНКАКАФ) и Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).

„Во таа корупциска шема во игра беа големи суми пари. Парите што ќе им бидат одземени на криминалците ќе бидат наменети за развој на женскиот фудбал“, најави помошникот директор на ФБИ во Њујорк, Мајкл Дрискол.

Остин: Војната на Путин е најголемата закана за Европа по Втората светска војна

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин попладнево ја опиша руската војна во Украина како „најголемата закана за европската безбедност од крајот на Втората светска војна“.

„Војната што ја започна Владимир Путин без никаква причина го загрозува не само суверенитетот на Украина“, додаде американскиот министер за одбрана.

Тејлор Свифт се верила во тајност, објавија британските таблоиди

Пејачката Тејлор Свифт наводно е тајно свршена со своето момче Џо Алвин, со кого е повеќе од пет години во врска.

Како што пишува The Sun, пејачката носи голем веренички прстен „зад затворени врати“, а славниот пар за свршувачката само го известиле семејството и најблиските пријатели. Свифт и Алвин почнале да се забавуваат кон крајот на 2016 година, откако наводно се сретнале на Мет Гала во Њујорк.

„Тејлор и Џо се неверојатно среќни и многу, многу заљубени. Тие всушност се свршени веќе неколку месеци, но им кажале само на својот најблизок круг на луѓе - буквално само на семејството и старите доверливи пријатели. Сите се заколнале на тајност“, рекол извор близок на парот и додал дека сакаат да ја држат својата љубов подалеку од очите на јавноста и од папарацо камерите.

„Ако и кога ќе ги разменат своите завети, сигурно нема да има никакво списание „Вог“, „Ролинг Стоун“ или „Хело!“. Ќе биде едноставно и елегантно - исто како нив“, вели изворот. Пред нејзината врска со Алвин, Тејлор Свифт се забавуваше со Том Хидлстон, Хари Стајлс и Калвин Харис, врски што беа доста јавни.

притисни ентер