МЗ: 30 новозаболени, вкупно 384 заразени

Потврдени 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19

Вкупната бројка на  дијагностицирани изнесува 384 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува  384 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

    Скопје - 195

    Куманово – 62

    Дебар – 47

    Штип – 15

    Прилеп – 21

    Тетово -13

    Струга – 9

    Велес – 6

    Битола – 4

    Охрид – 3

    Кавадарци – 2

    Гостивар – 1

    Гевгелија – 2

    Струмица- 1

    Крива Паланка – 2

    Кочани – 1

Во изминатото дено-ноќие направени се 342 теста, од кои: преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 100.

Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19.

притисни ентер