МЗ: 166 нови случаи на ковид - 19 , починати се четири лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19.

Во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-10, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-12, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти од: Скопје-98, Куманово-17, Штип-25, Битола-8, Гостивар-15, Радовиш-2, Пробиштип-1, Свети Николе-12, Кичево-3, Ресен-4.

Починати се 4 лица, пациент од Скопје (77г.), пациент од Кичево (72г.), пациент од Штип (58г.) и пациент од Битола (70г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11054, бројката на оздравени пациенти е 6882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3675. Денес се евидентираат 3 контролни теста и исправка за 1 оздравено лице. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4901, активни 1372

• Куманово 1083, активни 263

• Дебар 206, активни 118

• Штип 859, активни 428

• Прилеп 333, активни 53

• Тетово 1057, активни 237

• Струга 456, активни 202

• Велес 225, активни 22

• Битола 143, активни 64

• Охрид 277, активни 89

• Кавадарци 70, активни 53

• Гостивар 465, активни 269

• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 37, активни 21

• Крива Паланка 25, активни 11

• Радовиш 29, активни 21

• Крушево 16, активни 9

• Кочани 104, активни 24

• Пробиштип 53, активни 19

• Демир Хисар 33, активни 27

• Македонски Брод 36, активни 31

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 5, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 18, активни 14

• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 14, активни 8

• Свети Николе 224, активни 165

• Кичево 172, активни 105

• Ресен 146, активни 26

• Неготино 27, активни 7 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1419 теста се преку: ИЈЗ-1058, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-134, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -114, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-6, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 105357 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 5 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 170

• Аеродром - 156

• Бутел - 87

• Гази Баба - 139

• Центар – 120

• Карпош – 120

• Сарај – 65

• Кисела Вода – 149

• Ѓорче Петров – 97

• Студеничани – 48

• Шуто Оризари – 111

• Арачиново – 24

• Илинден – 23

• Петровец – 17

• Чучер Сандево – 8

• Сопиште – 21

• Зелениково- 8

• Странец – 6

• Нераспределен- 3

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија

Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот.

Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај!

Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи сподели графици со растот на платите во приватниот сектор од 2016 до 2023 година фалејќи се дека ја зголемиле благосостојбата на граѓаните и постигнале извонредно зголемување на просечната плата не само во јавниот сектор, туку и во приватниот сектор. Но дали е така?

Од вкупно 19 дејности според Националната класификација на дејности, во периодот од 2006-2016 година кога беше на власт ВМРО-ДПМНЕ во вкупно 11 дејности платите растат со посилно темпо од платите во периодот од 2017 до 2023 година.

Во градежништвото, Битиќи се фали дека платата се зголемила за 72%, но во претходниот период на владата на ВМРО-ДПМНЕ платата во градежништвото порасна за 104% (или двојно се зголемила). Се фали дека растот на платите во секторот транспорт и складирање е 50%, но во претходен период на ВМРО-ДПМНЕ растот беше 62%. Во секторот снабдување со вода и управување со отпад се фали дека платата пораснала за 47%, а во претходниот период на ВМРО-ДПМНЕ растот на платата бил 60%.

И сега, за кој повисок раст на плати збори Битиќи? Платите во секторот информации и комуникации силно растат и во двата периода и сите знаат дека овој раст е природен, условен од високата побарувачката како на домашен, така и на меѓународен план. Платите во преработувачката индустрија, рударството и услужните дејности (објекти за сместување и сервисни дејности за храна, административни и помошни услужни дејности), и во трговија на големо и мало, растат позабрзано во периодот од 2017-2023 година во услови на намалена понуда на работна сила, иселување на работната сила, барање на работа во соседни држави, а при постоење на домашна побарувачка за овие дејности. Пазарните сили ја детерминираат цената на трудот. И како е зголемена благосостојбата на граѓаните кога во ваш мандат трошоците за живот пораснаа за НЕВЕРОЈАТИ 35%? Ако се земе предвид и овој раст, којшто вие упорно не го земате, НОМИНАЛНИОТ раст на платите се топи. И пак, ВМРО-ДПМНЕ ве води во реалниот раст на платите кој беше создаван во услови на решавање на висока невработеност и со испорачување двојно повисок економски раст од вашиот! Губитници сте на секое поле.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар

 Во Макеоднија нема од производот „вафли Нестле Кит Кат Мини“ којшто е повлечен од хрватскиот пазар, информира за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николе Бабовски. 

- Производот повлечен од пазарот во Хрватска, во РАСАФ системот се уште не е нотиран. Нашите инспектори веќе се на терен и во поголемите ланци на маркети нема од тој производ. Има 125-грамски, додека 200-грамски и наполитанки со чоколаден прелив кои се третирани во Хрватска како небезбедни, кај нас на пазарот не се појавени, изјави Бабовски.

Тој најави дека контролата во супермаркетите ќе продолжи и во наредните денови.

-Очекуваме и соодветна нотификација од хрватската служба во РАСАФ системот и системот за брзо предупредување и информирање, рече Бабовски.

Хрватската Агенција за земјоделство и храна денеска објави дека производот вафли Нестле КИТ КАТ Мини е повлечен од пазарот поради присуство на минерални масла.

-Се повлекува исклучиво Несле Кит Кат Мини 200 g во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесе Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

СДСМ: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша.

Она што особено ги загрижува граѓаните на Прилеп, е зачестениот тренд на опожарување на возила. Во последните неколку недели, запалените автомобили станаа прилепско секојдневие. Горат автомобилите на наши сограѓани: бизнисмени, обвинители, адвокати.

Дневните билтени на МВР се претворени во регистер на настани од рубриката „црна хроника“, а фактот дека ниту еден од сторителите и нарачателите на овие дела не е откриен, го зголемува чувството на страв и несигурност кај граѓаните.

Заради нестручноста на партиските војници на ДПМНЕ инфилтрирани во највисоките раководни структури на МВР, Прилеп стана опасно место за живеење.

Почитувани,

И покрај тоа што на сите 15 клучни оддели за борба против криминалот техничкиот министер Панче Тошкоски постави свои началници, во изминатите два месеца Министерството за внатрешни работи не испорача никакви резултати.

Ветувањата на Тошкоски дека ќе ја интензивира борбата против криминалот, дека криминалните банди ќе станат минато, останаа мртво слово на хартија.

Голема лага беше и ветувањето на неговиот партиски шеф Христијан Мицкоски, дека кадрите на ДПМНЕ за две недели ќе ги расчистат сите афери и скандали во државата.

За само два месеца, ДПМНЕ не’ потсети на 11-годишното живеење во режим и повторно на дело го врати системот МВРО-ВМРО.

Во ДПМНЕ ништо не е сменето. Тоа е истата режимска и антиевропска партија, за која граѓанските права и демократските вредности се мислена именка.

Нема промена на подобро со ДПМНЕ, тоа е партија која не може да донесе позитивна промена. Со ДПМНЕ загрозена е безбедноста на граѓаните на Прилеп.

Загрозувањето на европскиот пат значи и загрозување на безбедноста на граѓаните, тоа прилепчани добро го знаат.

Прес-конференција, Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Скопје, 28 март 2024

СДСМ

притисни ентер